Elder Scrolls V: Skyrim

  • Креатор на темата Креатор на темата printf
  • Време на започнување Време на започнување
Дали можам да ги поминам Dark Brotherhood квестовите kako warrior или мора да бидам некој thief со локпикинг и стеалт и такви лоповски ствари?:P
Многу е тапа warrior само еден гилд имаат.
 
Несакајќи го убив Alduin. :place: Со само 31ви левел, кој кур eдвај Dark Brotherhood ми се почнати. Ова беше патетично. Играм по ред до секоја минимална и опционална мисија (и скоро без fast traveling) за на крај несајќи селектирал ослободувањето на Оdahviing и long story short се најдов во Sovngarde. Назад нема а тапа ми беше да почнувам од старо снимато, па.. доиграв. И прднав - умре e understatement. Незнам зошто немаше додадено literally. Да стигнам до него беше потешко отколку самиот Alduin. :confused:
 
Вчера излезе Skyrim Creation Kit, збир од алатки за правење на (комплицирани/сеопфатни) модови. Со CK дојде и првиот официјален мод, и тоа направен од Valve. Што содржи и каков е модот, на видеото доле :)

 
Не ми е нешто посебно играва... треба мн. талкање... само ми се свиѓа кога се борбите против змејовите... др. не баш :/ А и секако добро е што не бара мн. моќни системски конфигурации :)
 
Не ми е нешто посебно играва... треба мн. талкање... само ми се свиѓа кога се борбите против змејовите... др. не баш :/ А и секако добро е што не бара мн. моќни системски конфигурации :)
Знам дека секој си има право на свое мислење, ама какви игри ти се допаѓаат? Аркадни? Играва шо се вика нема крај, а тоа талкањето ти открива 143134314 нови работи шо не можиш поинаку да ги дознајш за играта (освен ако не прочиташ на Вики-то).
Иначе бара конфигурација за да ја играш убо, е сега нормално не бара core i7/6GB+RAM/1GB+графичка.
 
Играва има приказни у ПМ! Тоа што најмногу ценам кај игра е добра приказна, во Skyrim ги има во изобилство, приказна во приказна со приказна.... приказнасепшн :D

Само некако многу лесна ми е да му се сневиди, ставив на најтешко, џабе. Решен сум да ја поминам 140% (како и сите други игри што ми го направиле меракот)
 
Играва има приказни у ПМ! Тоа што најмногу ценам кај игра е добра приказна, во Skyrim ги има во изобилство, приказна во приказна со приказна.... приказнасепшн :D

Само некако многу лесна ми е да му се сневиди, ставив на најтешко, џабе. Решен сум да ја поминам 140% (како и сите други игри што ми го направиле меракот)

Јас немам желба, драстично намалив посветување часови на неа. А со ист ентузијазм бев. Гледам поголемите мисии кои останаа да ги довршам дур ја пуштам понекогаш. Еве дигнав и 37ми левел. Ми се плаче. :))) Се поради Alduin. :mad:
 
Почекајте уште некој месец додека не излезат уште подобри модови од сегашните и додека не подзаборавите малку на мисиите, па почнете од ново.. TES игри се играат најмалку два пати :)
 
Дефинитивно ми е криво што немам Kinect. :)


Супер кул би било на цел глас да можам да се дерам Fus Ro Dah!
 
Завчера почнав со играње. Што да кажам? Убаво, едноставно, прегледно. Малку ми пречи што е главно прилагодена за конзоли и што нема некои детални статистики карактеристични за некои други rpg класици за pc. Можеле да го средат тоа некако. Но не е премногу битно. Графиката е фантастична а и некои други работи. На пример, се спуштив во еден водопад и видов дека можам да соберам и по некоја риба :) (како пастрмка и сл.) Ликовите се прилично сложени за вакви игри, што е добро, изгледа дека има многу простор за шетање и квестови за решавање, што е уште подобро. Освен со диви животни и по некој бандит, досега имав работа со некои прилично гадни џинови и со еден дух (со стрели ги решив). Изгледа е рано за змеј.
Атмосферата најмногу ми прави ќеф. Сакам снегови и зими (барем на хартија), нордиски, скандинавски елементи во приказната, виење на волци додека акам некаде ноќе, а појма немам каде и зошто...
А има ли вампири? Не ми се допадна како изгледаше тоа со вампиризмот во Четворката, гњаважа беше...
 
А има ли вампири? Не ми се допадна како изгледаше тоа со вампиризмот во Четворката, гњаважа беше...

Има вампири, само во помал број од Oblivion, ако сакаш вампир да станеш, избегнувај ги за почеток квестовите во Companions гилдот, бидејќи се стекнуваш со имунитет од болести, што те спречува да се заразиш со вампирската болест.
 
Дојдов до 9 левел, си купив куќа. Oтепав змеј со неколку стрели и ми дадоа некаква титула и телохранителка за тоа. Очекував повеќе од змејов иако читав на темава дека не биле нешто по тепањето овие. Само згрешив што избрав женски лик, па ми звучи малце чудно кога некој ќе му се обрати со сестро...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom