Драга Кајгана

  • Креатор на темата Креатор на темата blue ladybug
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Ставам 412412 филмови во watchlist на imdb, стојат 2 месеци фаќат прашина и им правам remove from watchlist, тежок е овој сериски живот, особено кога Friends е на репертоар... :noze:
 
Драа

Нема боље момент од најбоље,значи иде музика,лајф, а ти упорно денсаш у веце како да е харлем шејјк, у стилу јебеш ваздух,а ептен сакаш да идеш надвор,тамо...
Хепи брдеј груви плејс агора,ш...
 
Draga Kaygana,

3 godini and still going strong. Neizmerna ljubov. Nekoj den. Tamu nekade. Sashe...

UmCdT5d.gif
 
Драга.

Живот, како приказна со извесен крај. Ама нели, си аплаудираш.
Мирис на пржена пиперка, на топол леб и кафе. Мирис на дома, мирис на перени алишта. Мирис на сон. Мали грамови вечност што ги одминуваме.

Со татета на балкон си пијаме кафе. Сонце не’ грее. Тој зборува за неостварени желби. Јас, за остварените. Му подвалувам нови зборови во речник. Онака. Ми направил чорба утрово, за настинката. И ми вели - каде сакаш да одиш, да живееш? Ме осеќа дека ќе летнам, кај и да е. Ја љубам неговата простодушна тишина.

Љубов, која не знае некогаш да ја артикулира. Па ја претвора во чорба.

Живот, како приказна, убава.

М.
 
Братучед ми од Недерландс на фб се почесто си пишува статуси на холандски и си викав до вчера, ова којзнае колку е заебано за учење. Најдов онлајн курс и испадна дека ептен било лесно поготово ако си учел германски. Try it.
 
Пред некој ден искочив со една другарка и додека ме чека ми се јавува да ми каже дека не земала чадор, а надвор врне. Кога и да врне, секогаш просерувам дека не е многу :icon_mrgr: (овојпат стварно не беше многу). Тогаш ми излетува "да плукнам повеќе ќе те намокрам отколку дождов што ќе те наврне" :pos::pos::pos:
Сега кога ќе си помислам...
9d19b2a9dfcf8ac28a0563159cc6fc1bc2dcf3c413c1a3c2343ea092ba6f1477.jpg


п.с.
10561658_10152205568976932_3951136660355389247_n.jpg
tumblr_m7dv40JGoL1rbu6zzo1_500.jpg
 
Последно уредено:
Во последно најнапаст чоеци ми се оние кои на секој статус/коментар, било по социјални мрежи, било тука, имаат замерка или нешто промрчуваат. Таквата активност се должи на желбата да се биде посебен од останатите, или да се покажи поголема должина на половиот орган демек.

И јас чумрам и ти чумриш ебате.............................ако дозволиш егото да надвладеј со тебе по автоматизам имаш битка со замислен противник, и шо е најтрагично не го бараш противникот во себе, него во очите на било кој околу тебе.

Целиот живот е игра на куропецање, ама некои работи ако ги прегрејш овенуваат, омалаксуваат и после можи и да не работат.Во последно се повеќе сакам едноставни, искрени луѓе, кои ќе ти кажат приземен муабет од секојдневието кој ќе содржи по некоја искрена емоција и искуство, затоа што тие постанаа реткост...вистинска реткост.
 
Последно уредено:
У недела ќе идев на ракомет Вардар да го гледам малку да се издувам да навивам.Арно ама грлово ми е партал бес глас останав:facepalm:.Крај краева ако не ми пројде ќе си земам една од ониа свиркини што ги мразам,колку да не седам ко некој ут во сала.
 
Дојдов и до таа фаза да бидам пред Дипломирање (уште дипломската ми остана, да не си речи некој " овој уште 10 има и сега треси зелени :D), но колку што одам подалеку во животот мој, толку ми станува појасно дека зенитот, сонот, она за што сум мечтаел цел живот, нема да можам да го остварам во Македонија. Не дека не ми беше јасно досега, се поочигледно станува. Незнам, за година, година и пол доколку не тргне работата ќе барам нова средина, нов почеток, Канада можеби.
 
драга ебав 150 евра у казино нешо поише од просечна македонска плата сеа ке се стискам до 1 али јбг га бе ме боли цеф не е се у парите и матерјалното некад имаш некад немаш
.......
биди ми поздравена so pesnava aj ај
 
Драга...

... време е за нова филозофска сесија со Рики :P

Денеска сите живееме во страв. Не страв на онаков каков што ќе помислиш веднаш. Страв од грешење. Децата од мали ги учат дека се глупи ако не знаат, буквално. Како може да не знаеш? Глуп си? Ако крене рака во основно и згреши, наставникот ќе му се потсмевне, а учениците уште толку ќе го реметат. Така трупање на тоа со години и години создава страв од обид да научиш нешто, се затвараш, ќутиш и уште помалце учиш. Во овој аспект јас живеам по едно правило: Прво учи од грешките на другиот, а тек потоа од своите грешки. Меѓутоа сепак учи и од нив, бидејќи во ред е да се греши. Во ред е, пробај, може ќе згрешиш, може не. Ако згрешиш, ќе запамтиш за следниот пат и нема да го направиш пошто ќе се сетиш како било кога си згрешил. Учиш човече. Али денеска сите живеат во свој ego shield кај што може некој од заинтересираност да праша нешто како на пример "Кој е тој Че Гевара?". И некој што пред него знаел за Че Гевара место да му објасни ќе каже "хахахахаха слушате дебилов не знае Че Гевара кој е". Па после тој што прашува откако ќе научи, ќе му го праи истото тоа на друг некој. И се така у круг. Лош, злобен круг. Некој ако ти пресече пат со кола, те потчукне, не го пцуј. Разбери се како човек, затоа имаме јазик и писмо. Кажи му "во ред е", насмевни се и продолжи понатаму. Ако има штета, пробај културно да си ја надоместиш, ако си фин тоа ќе оди уште полесно. Имај разбирање, и ти ќе згрешиш некогаш. Ако те убедува во нешто за кое ти си сигурен дека не е во право (не за мислења туку за факти, бидејќи дали си во право за мислење е релативно во зависност од точката од која гледаш), не го викај глуп, смотан и неук. Поучи го, објасни му ја вистината, покажи му. А ако згрешиш не се срами од тоа. Признај ја грешката и доинформирај се, доучи ја вистината, не останувај на пола пат.

Никој не е роден учен, никој не знае се. Учиш додека си жив. Океј е да згрешиш ако не знаеш. Па и да знаеш и пак да згрешиш, океј е, ќе бидеш уште посигурен следниот пат. Не се смеј на тој што ќе згреши пошто ни ти не знаеш се. Поучи го, утре тој ќе те поучи тебе нешто друго. Тој е кругот кој треба да го имаме како луѓе :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom