Драга...
... време е за нова филозофска сесија со Рики
Денеска сите живееме во страв. Не страв на онаков каков што ќе помислиш веднаш. Страв од грешење. Децата од мали ги учат дека се глупи ако не знаат, буквално. Како може да не знаеш? Глуп си? Ако крене рака во основно и згреши, наставникот ќе му се потсмевне, а учениците уште толку ќе го реметат. Така трупање на тоа со години и години создава страв од обид да научиш нешто, се затвараш, ќутиш и уште помалце учиш. Во овој аспект јас живеам по едно правило: Прво учи од грешките на другиот, а тек потоа од своите грешки. Меѓутоа сепак учи и од нив, бидејќи во ред е да се греши. Во ред е, пробај, може ќе згрешиш, може не. Ако згрешиш, ќе запамтиш за следниот пат и нема да го направиш пошто ќе се сетиш како било кога си згрешил. Учиш човече. Али денеска сите живеат во свој ego shield кај што може некој од заинтересираност да праша нешто како на пример "Кој е тој Че Гевара?". И некој што пред него знаел за Че Гевара место да му објасни ќе каже "хахахахаха слушате дебилов не знае Че Гевара кој е". Па после тој што прашува откако ќе научи, ќе му го праи истото тоа на друг некој. И се така у круг. Лош, злобен круг. Некој ако ти пресече пат со кола, те потчукне, не го пцуј. Разбери се како човек, затоа имаме јазик и писмо. Кажи му "во ред е", насмевни се и продолжи понатаму. Ако има штета, пробај културно да си ја надоместиш, ако си фин тоа ќе оди уште полесно. Имај разбирање, и ти ќе згрешиш некогаш. Ако те убедува во нешто за кое ти си сигурен дека не е во право (не за мислења туку за факти, бидејќи дали си во право за мислење е релативно во зависност од точката од која гледаш), не го викај глуп, смотан и неук. Поучи го, објасни му ја вистината, покажи му. А ако згрешиш не се срами од тоа. Признај ја грешката и доинформирај се, доучи ја вистината, не останувај на пола пат.
Никој не е роден учен, никој не знае се. Учиш додека си жив. Океј е да згрешиш ако не знаеш. Па и да знаеш и пак да згрешиш, океј е, ќе бидеш уште посигурен следниот пат. Не се смеј на тој што ќе згреши пошто ни ти не знаеш се. Поучи го, утре тој ќе те поучи тебе нешто друго. Тој е кругот кој треба да го имаме како луѓе
