Денес ми се избаци една комшивка, ја на тераса си го пијам кафето и тутунот, оваа туу бре комшија по цел ден лежиш и гледаш у даљина, кога ќе дипломираш па и кај тебе да славиме. Ели моја дипломираше, па то професориве ја пофалија, сега магистар ќе ја правиме.
Пази ваму, Ели нејзина ми беше школска до 8мо, мајка и висеше секој ден кај класнава да ја оправдува пошо женцкава по цел вечер се шеташе со другарки и шмекаше дечковци од гимназија, пуста желба и остана оти толку беше учена што не успеа да влезе у гимназија, нејсе да не одужуем, се запиша на некој рандом смер на кгф и ете дипломирала. Абе јас видов на фејсу, ама се правев удрен.
Ништо не и реков за то, викам со среќа нека и е, си учеше она уште од основно најбоља беше на поправни, оваа смени неколку бои и се врати во кокошарникот. Она на мене.
Абе едно тело или мирува или се движи рамномерно праволиниски, јас или лежам или спијам.