Кајганче!
После 12 саата спиење и излежавање во кревет, конечно мислам дека почнав да се освестувам. Толку немирно сум спиела, што се разбудив на другата страна од креветот ( нормално фротирката, чаршавот и перницата на под). Додека стоев покрај шпорет правејќи си кафе, мама ми дојде и почна чорапи да ми облака

. Ја прашав зошто побогу ми ги облака, ми возврати со "ладно е" а јас само се насмеав и и' реков "мислиш тебе ти е ладно" , по што следеше кикотење од нејзина страна

)). Сеа не смеам да ги соблечам колку и да ми е топло, ќе почне да ме следи низ цел стан обидувајќи се да ме "стопли"

.
Друго, вчера се урна митот дека сум најзборливата особа и дека никој не може да ме запре додека дрндам

. Се уште сметам дека добро е да си зборлив, многу подобро од тоа да ќутиш и да изиграваш статуа, а доколку некој сака да те затне има многу покреативни начини од "многу збориш". Ме испогушкаа, некои затоа што им се гушкаше, некои затоа што беа смрзнати ( им го заменував парното од дома затоа што ширам топлина ) али битно осетив многу љубов

. И да, уште ми се гушка

.
Повели песниче, што мене топ ми иде уз кафево и Цедевитката :