Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга, шо му е на времето? Ладно, дува ветер, па крај на март сме мајката, треба да е сончево сеа :(
Едвај чекам да се стопли, не за друго патентот на јакната ми се расипа, ќе треба раскопчан да одам.
 
готово, отиде праксата завршив денес официјално, седнав да учам официјално и ми скурчи официјално... после 3 сати негде... и пак глупости и ништо ново си го е*ам мозокот со глупости... то е ... дај нешо интересно кажи :D
 
Не ми се учит lvl мавам со топче во зид скоро 2 сати.
Трагедии, трагедии.
 
Во мода е да се пофалиш дека ти завршила колоквиумска а? :D
 
Го знајш она чувство кога нешто долго долго посакуваш и на крај го добиваш.
Е така јас да сум ти бил сТраден за една свирка со убав рок како што доликува. Radiohead, Ramones, Nirvana.....абе милина од избор. Конечно сум се заситил. Шмекот да ти бил уште поголем кога одамна ја немало и пааааап ете ја. Ист стил на музика тераме со другарчето Горан кое обработи на ниво.

Е сега која е макава. Во кафич каде пичларска шема се воспостави одамна, на местото од хардкорската, и каде сите се ложат на Дубиоза, па после Адел и на крај да се заврши со Секс он фајр, свирка од ваков калибар поминува без радост. Седиме така на маса и чупенца мрчат како тоа е глупо, досадно, мизерно од едноставна причина што бендовите кои ги спомнав се непознат поим за нив.
Една песна да ја исвират па макар и милионити пат за нив ќе биде радост неизмерна. Песната мора да има тематика која копа по љубовни рани БЕ, таа е страшилиште. И мене така најискрено би ме болел тасета што тие рекле, се додека не ми ги навредија Редиохед :( Фејк пластик трис......шубо беше. Не е уба особина да се навредува нешто што не се познава ни малку, ич не е убо и педерски е. Ама кој ги онади на крајот на краиштата колку мајката пропуштиле ако добро размислам, то чудо едно.
Битно јас сум се ,,нахранил" толку добро што во моментов како да немам апетит за неколку месеци.
 
Се е во главата.
Мозокот може да ти биде најдобар пријател или најогорчен непријател.
Секој сам си бира. Јас го одбрав првото.
И така.
 
Се е во главата.
Мозокот може да ти биде најдобар пријател или најогорчен непријател.
Секој сам си бира. Јас го одбрав првото.
И така.
Ми се свиѓа изразов.
Но има една ствар што се вика заљубување. А тогаш немаш баш некој прав избор. Срцето тогаш си фура, без да прашаш.
 
Ми се свиѓа изразов.
Но има една ствар што се вика заљубување. А тогаш немаш баш некој прав избор. Срцето тогаш си фура, без да прашаш.
Мојот муабет се однесуваше општо за животот, но и за ситуацијата која ја збориш пак важи истото. Срцето знае кога нешто не е право и кога треба да продолжи понатаму, мозокот и егото ги прават пречките. Едноставно е. Многу. Не е дека е сеедно, ама е едноставно. Само треба системот на филтрирање да се разработи, понатаму се е лесно.
Не те третира некој како што заслужуваш или како што треба, без разлика дали е врска, пријателство или било што? - Delete, Format, Restart и тогаш и ти и мозокот и срцето ќе си фурате даље како што заслужувате. Се останато е дополнително комплицирање и губење секунди, минути, саати, денови, недели, месеци, години од животот кои нема да се вратат назад, а биле потрошени залудно.
Едноставно е. Тоа што човек не сака и одбива да се пушти од нешто што му е веќе познато е друг муабет и врска нема со заљубување.
Заљубување и љубов се зборови кои пречесто и премногу погрешно се користат.
 
Ех сеа и ти...
Не би се сложил затоа што има заљубувања во кои се случува целосно поматување на секоја разумна мисла. Знам на што алудираш кога се работи за љубов, но некогаш и дури кога не е возвратена во иста мера, текот кон целта е тој. Нелогичен. 1 + 1 тогаш ќе биде 3. Затоа што чувството е премногу моќно.
 
Драга К.

02:42 кога почнувам да ти пишувам. Утре треба да бранам проектна..Се осеќам возбудено како дете што треба да тргне во прво одделение. Овие 2 дена колку што сум учел,последните 2 години неам толку вкупно седнато да читам/учам и се останато. Ако поминам со 5,треба од Епл(поради рекламирањето и ширењето на фирмата и на овие простори) да ми пратат еден АјПад или може и АјФоун,и женаму на Стив Џобс лично да ми даде 1% од акциите во Дизни,и од тоа немора повише...се задоволувам со малце :) . Периодов некако ептен сум даун,уште некој месец па матурска...ја засакав гимназијава(иако 3 години по ред иам 150+ изостаноци,и годинава сум на добар пат да го направам тоа) ама не ми се напушта некако бе. На физички план-кога дојде мајками да ми рече дека треба да почнам да слабеам и дека несмеам да јадам после 8,тогаш се треба да ти биде јасно(Не дека сум некој ептен буцко од 100+ кила,туку иам 70 кила ама ми се неправилно распоредени...нозете и рацете ми се ептен слаби,додека во стомакот сум ко да сум 4 месец труден). На емоционален план-празно,ептен празно...исто и со женскиве у последно време у п.м.,а ми треба нешто ептен во моментов,некоја да ме смири малце и да ме упати во правилна насока. Тоа е од нежниот Near,сеа малце погрубиот Near. Како ме курчат браќава што се забранети ко планински мечки...Боже сачуј,за 6 години кога ќе си отидам од провинцијава и ќе дојдам во метрополата Господ еден знае како и дали ќе издржам. Ми доаѓа да земам еден пиштол и пау-пау и ај у п.м. Или ко што вика Коста звани Гроф у Трето полувреме,ми доаѓа да земам карта за у пичку матер. Мислам дека второво ми е подобра опција. Тоа е од мене,иам уште ногу шо да ти кажам ама мислам дека е доста сеа за сеа. Утре(т.е. денеска) полагам у 10:30 па држи ми среќа. Исто така,држи му среќа и на КК Фени,играат со МЗТ...ќе му биде повеќе од потребна.

02:49,i'm done
 
Драга знаеш коа ќе се испијаниш и и праќаш порака онака најклошарски... е така да знаеш.. Сеа ми е срам оти не требаше ама јбг.

Биди поздравена со песнава..
 
Ја сакам. Мислам дека знае. Кај и да е...
 
Драга моја кајганче избран сум за твоето радио :love: и супер се осеќам веќе од сега си се спремив со песните веќе се спремни ... само чекам да ми пратат тоа што треба и супер ќе биде инаку си направив и нова фејс страница :P да ти се пофалам со која сакам нешто да изненадам се надевам дека ќе ми успее :sneaky: Инаку друго 3та смена на работа кафе си пијам и то. :icon_mrgr:

:love:399213_297277500392195_1346889199_n.jpg
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom