Драга, се на се добар ден беше денешниот. После 13 месеци фатив на спортска (ако се земе предвид честотата на играњето и начинот на кој ме преебуваат 90% од утакмиците, ова е страшна вест), и имам бесно чувство дека ќе ми тргне на подобро. Иначе оваа вечер помина екстра (и вчера беше ОК, ама денеска некако поарно е), добри луѓе околу мене, реновиран омилен кафе-бар, а она мило суштество за кое ти се пожалив дека и муабет веќе не ми прави пошто сум ашлак, уствари сеуште си е мило и ја осеќам хемијата меѓу нас. Изгледа си ја откривам љубовта (патетично,а?).
Ај поздрав, одамна не сум се почуствувал вака добро, исполнето на некој начин...