Д.
денеска направив добро дело и среќен сум заради тоа

изгубено детенце го вратив кај мајка му.
во цела гужва маскирани деца, луѓе, стари и млади наеднаш почувствував како некој ме влече за фармерки. гледам мало детенце со солзи на очи, ми вика: -Чичко, не можам да ја најдам мама, помогни ми......
и ја во ум си викам: wtf? чичко? толку изгледам старо? немам ни факултет завршено........
го гледам детево да не се зафркава или нешто слично, сепак таков е денот. имаше 5-6 годиники, беше облечено во спајдермен костим и носеше ранче на грбот.
му викам: чекај, како се најде сам овде?
па вика од градинка ги носеле да се шетаат, ја видел мајка му кај што го чека, тргнал кон неа и се изгубил.
му реков да ја опише отприлика да видам наоколу ама ништо...
ми текна да и се јавам на мобилен, се сомневав дека го знае бројот ама за голема среќа во ранчето имаше на ливче запишан број од дома, моб. татко му и моб. од мајка му.
и се јавив на мајка му, застанавме на повидно место и мајката си го најде синчето.

- леле фала дечко, како да ти се оддолжам? секакви луѓе има ама ете Лука баш тебе те пронашол, фала богу...што ќе правевме ако го изгубевме.....и почнува по новчаник да буричка демек пари да ми даде да сум се частел (абе македонска работа

) и реков нема шанси да земам, ете сеа другарчето е во ред, се најдовте, ја и онака доцнам, мора да одам....чао, поздрав....
и така драга се чувстувам и среќен ама и во исто време се прашувам зошто кај мене идат луѓе кои имаат некаков проблем? или да се жалат или да им помогнам.....

магнет сум за вакви работи.......