Секој ден учам по нешто ново. Супер ми е.

Лекција за период февруари/март: Не ми треба никој, кому јас не сум потребна.
Системот на block/delete во мозокот кој ми беше во бета верзија, му направив up-grade и сега е топ, функционира.
Не е дека не ми е криво, стварно ми е криво, посебно кога се работи за луѓе со кои сум имала убави моменти, сме си биле поддршка и све тоа, ама па, граници мора да има некаде. Проаѓаш низ пекол - не ти се ни јавува, ја гледаш особата после 3 месеци - ти врти филмови што врска немаат со живот и ти вреѓа интелигенција и те прашува површни прашања, да не биде ептен без ич муабетот.
Пријателството е обострана улица, тоа луѓето никогаш не го научија. Не може само да земаш од некого, да третираш некого ко личен психолог кога имаш проблеми или кога ти е досадно, а кога ти е супер или кога имаш подобра алтернатива, да не се ни јавиш да кажеш едно како си, а три години претходно да плукаш со сета артилерија врз таквите карактери.
Порано многу размислував на тема дали пријателствата можат да се истрошат, сега сфатив дека има пријателства кои траат цел живот, но има и многу кои се потрошни. Сега точно знам кои мои пријателства ќе траат цел живот, а кои ќе се сведат на: Еј, шо праиш бе? - Еве ништо. - Ај да пиеме кафе деновиве. - Ајде бе. - Еее супер, важи, ќе те барам и ќе остане на тоа и кафе ќе пиеш во најоптимистичко сценарио еднаш у 8 месеци, а можда и ни тогаш.
А има луѓе со кои не сум најблиска и стварно пијам кафе еднаш у 5/6 месеци, ама со задоволство го пијам тоа кафе.