Највеќе се нервирам кога ќе учам некој досаден предмет, и поради тоа што цело време ми стои врз глава, не можам да се посветам на тоа што сакам. Matlab си инсталирав пред 3-4 дена, а уште не стигнувам да го разработам...
Сега ми е јасно зошто сите на постдипломски бегаат како ѓавол од предметов и никој не го добира. Али ајде, my way is the hard way

Што учам човече, ќе си ја набијам главава на колец...
Својствата на просторите во кои редот од компонентите на векторите на степен n е конвергентен, кои со кои простори биле изометрички изоморфни, кои простори биле сепарабилни, кои не, просторот од сите линаеарни непрекинати функционали на множество X



Како ќе ми притреба ова човече

Толку непотребни работи, толку теореми и докази, напразно потрошено време кога нема никаква примена
Денес бев на собир со други пациенти ко мене кои се невработени. Јас мислев не сум имал среќа во барањето работа, а уствари луѓево чекале по 10,15,20 и кусур години за да се вработат и уште не нашле работно место

Повеќето од нив со партиски книшки, али покрај книшките им барале и да имаш човек кој е во водството на партиите

Младина без иднина, партија ви е судбина
п.с. Viva Mexico
