Ilumious
Патник, педер, поет, администратор, масон
Некогаш многу сум благодарна што ми се наместија планетите да најдам работа во европска фирма. Језда и тука знаат да напнат, да ти се качат на глава, и пред 2-3 недели од неспиење си ја згрешив улицата каде што живеам ама барем кога ќе дојде време за нешто се` земаат во предвид и се` што ветиле оствариле. На почеток не замараа зошто не плаќаат клиентите, зошто вака е ова, зошто е ова онака ама откако почнав во мејлови да ги ставам во CC и почнаа да доаѓаат почесто и сами да се среќаваат со македонскиве транзициски директори им стана јасно со што боранија си имаат работа
. Две недели ми дадоа слободни во знак на благодарност, тука тоа мислена именка е
Среќа немаат дојдено во скоро време а мислам дека не ни планираат, кој ќе мисли како да им ги објасни кампон и контракампон.
И да, на стоката што му текна да ја смени сигнализацијата за право/лево и времетраењето на семафорот за зелено кај улицата кај студентскиот Гоце (онаа што ги поврзува Партизанска и Иво Лола Рибар) му посакувам пролив во времетраење од еден месец. Имаат ли коњиве барем една корисна одлука донесено јас се прашувам.