Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Кајг
Ја победив битката и ја изгубив војната или ја изгубив битката али ја победив војната.
Појма неам, time will tell... Али сеа почнува нешто ново, конечно, после претрпени милион работи.
Имал животот и убави денови :D
 
Драга,

Еднаш во животот ќе имам некоја минута повеќе и правам глупости :)
Еве на пример утрово додека чекав да ме бараат за на работа си броев ресани и заклучив дека во некои од паковањата има 10 парчиња, а во некои 11, ебат работа и Swisslion упм :D
 
Драга го познавам од Мојсо газдата и че го накодошам дека кради.
Пак ти фали се наоколу дека си член на УМС.
 
Значит кој закон квиз е овај "Без Паника" бее [emoji14]os:

Требаше име да погодит Ивана и овај

- Женска ми сегашна?
- Е која?
- Сега бе четвртава?
- Светле?
- Леле бе глуп!

[emoji14]os: [emoji14]os
 
ДК,

Дали сум јас единствена што забележува дека скопското на рекламата
не е ладно?!
Еве, не знам...


Ај што е ултра, хипер скопска и хипстерска, шо да кажам за девојката шо му вика „лошо, лошо, куче“. Кој у Македонија му се обраќа така на куче? Обично обраќањата се како кон човек, од типот „како не ти е срам“, „знаеш ли дека може да те згази кола“ етц... А Џеки баш е убав, и пушта јазик :)
Цурите шо као спонтано се опиваат...

Пораката од рекламата се сведува на народната поговорка:
Две најлоши работи на светот се ладна женска и топло пиво.
 
Чувството кога за некоја важна работа, ќе ти помогне некој кој прв пат го гледаш во животот. Значи сепак постојат вакви личности, кои целта им е да помогнат и освен фала ништо друго не бараат. (y)

Да беше некој што веќе го познавам, ќе требаше да се "убијам" од молење и частење. И после ќе јадеше гомна "Да не бев јас......." :boksix:
 
Море време шугаво,од сега се мислам како да се облечам за вечер,ама како и да се облечам секако сигурно ќе згрешам.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: 048
@Windfucker УМС сме, не може нам нико ништа :kuracc::D

Иначе пак ја со носталгииве. Кај да е ќе бидне веридбата па и свадбата, али нормално снаата веќе живее со братучедот. Отидов некни на гости, глеам детската ја претвориле во спална. И одма имаш налив на емоции. Ги нема веќе двете креветчина, ја нема масата со пентиум 4ката. Регалот со БЕКО телевизорот од 2000та, обвиен со полици, редови книги, од Македонска антика, па до оние што беа 18+ ;)

Одма ми идат сеќавања како во лето по една недела спиев кај нив пошто по цел ден игравме надвор фудбал. Баба ми ќе се развикаше „ ПАЗЕТЕ НА ЦРЕШАТА“ па ние ќе правиме фаци зад грб и тивко во себе карај врни, од страв да не те слушни :D Па кај 2-3 саат, коа ќе фатеше жешко, трчај одма горе, седни пред телевизор и одма или MTV или „филмската“, појма неам како се викаше програмата али 24/7 филмови даваа...Кабелнет=Пиратерија :D .... Па гледај филмови од 90те или Еминем со Lose Yourself, па филмај се дека си рапер.

Слези долу, па дедо ми ќе ни кажуваше приказни од тој ко бил дете, па легни одспијај некој саат. Обавезно сите тројца спиевме на троседот, пуштен, а во позадина или телевизорот со народни приказни или Холидеј и Мев радио :) Па дошло 7-8 саат, седнувај и играј Medival Total War или Age Of Empires или Heroes ко че ни беше досадно.

Се сеќавам на секоја вечер кога сме играле монопол, хан, табла. Дури и се сеќавам на моменти што тотално мислев сум ги заборавил. Кога ќе отидевме на гости, и моите викаа за одење, обавезно ја фаќав врата и плачев врескав „ НЕ СИ ИДАМ “ :icon_mrgr: Јбг, само дете, досадно дома, ако од мал сум имал и компјутер и се.

Се сеќавам кога моите ја правеа куќата а ја оставен кај вујко ми на чување. Свежо сварено какао и баш во тој момент дојдоа моите да ме земат. Го испив тоа какаото, пекол жешко, па ко ждригнав пареа излезе. Дали после тоа три дена не ме тепало филм дека сум змеј :pos:

Не можам драга, се сеќавам на секој детал поминат во таа куќа, на сите ликови, на секој момент. Немам браќа, али со тие двајца израснав што практично ми се како браќа. Во таа куќа го поминав пола мое детство. Интересно е кога гледаш, како во еден миг се нагло почнува да се менува.

Али, се надевам за брзо ќе имам внучиња на кои ќе можам да му се израдувам уште толку. Ќе им завидувам, премногу. За радоста и наивноста и среќата што ќе ја имаат. Ама ќе ги шетам сегде кај што нас како деца не однеле. Ќе им кажам за се, што ние како деца сме правеле. Чудно е драга, ептен. :)
 
Драга,

Овие моиве се скроз отидени. Сите до еден.
Брат ми во последно време за добредојде изненадно пробува да ме дигне, нешто како да се увери детето дека вежбањето вродило со плод. И успева, само што јас се збунувам моментално, почнувам да претам, тој се збунува исто, јас паѓам, али битно е дека паѓам на гз => добро е. (y)

Мајка ми е посебна прича. Ќе излегувале и во спалната ја оставила вратата на тераса отворена. Муабетот иде вака:
- Ако почне да врне, али силно да врне, да не заборавиш да ја затвориш.
- Ахам. А ако не врне силно?
- Ако не врне силно, не треба да ја затвориш.
- Колку е тоа за тебе да врне силно? (автоматски ми иде да се заебавам со неа некогаш)
- Ако истура бе дете.
- Не знам мамо, за мене можда едно врнење е истурање, за тебе можда е друго.
- (јасно и е дека ја заебавам, али поголема е желбата да се дообјасни жената) Ако ја видиш улицава да се полни со вода! :D
Па тука иде и исто ваков досаден и непотребен муабет и за јадење што имало, што да сум направила итн, значи тотално само да се ломоти, а ништо битно да не кажуваш.

Тој дедо ми пак, двапати трчав од едниот дел на куќата, па до кај нив да му отклучам, зашто човекот решил дека на панталоните не му одговара плавата кошула, туку многу повеќе тегетот. Реално за човек од скоро 80 години, многу се замара што да облече. Баба ми за тоа време, ко што жените нели се знаат, оди по него и му вика на човекот дека за џабе ги влече сите, дека секогаш него го чекаат, а истовремено и она не знае што да облече на нозе.
И така се договараат уште 10 минути. :facepalm:

За ова ти треба енергија богами, ништо чудно што сум на второ кафе од сабајле.
 
Синоќа ја видов, а памтам ко да беше вчера. :D
Се упишав на факултет 2009та, се ми е ново, цимерите непознати и како и сите ме сместија у бараки у стив, ужас. Помина месец дена, си идам од факултет го памтам и датумот 13 октомври 2009. На едно 10-15 метри од мене забележувам 3 девојчиња нешто се смееa, ме видоа мене и престанаа.
И таман да се разминеме, едната ми вика здраво дечко. Се укопав, се вртам и онака со погледот лево-десно да видам дали ги познавам, не ги познавав. И ни две ни три се свртив да си одам. :icon_lol:
Типката пак свика по мене, дечко добар си? Ја пак како некој лудак со подотворена уста и со погледот лево-десно ги глеам, абе не ги познавам. И се свртев и си тргнав.
Одам едно 15-20 метри и се вртам назад овие се газат од смеење, ми падна глупо и ја почнав да си се смеам. :pos:
Aбе си викам, зборни нешто any word will do.
Ко Чендлер у епизодава:pos:
Само шо ја не прозборев, а едната беше една црна висока 1,80 можда другите не ги ни приметив.


Аиииииии леле викам скриј се некаде и одам по пат и си се смеам. Ај може нема да ги видиш цела година они и така не те знаат.
Аха мисли си дека нема да ги видиш. Еве ги после 4-5 дена баш спроти мене чекаат ред у менза, а викам ти не им напраи муабет насамо, сеа ќе се резилиш пред сите. Овие се смеат и гледаат на кај мене, уште со прст да покажат. И си тргнав, гладен.
Утредента мислев дека ги заебав :facepalm:, прв начекав јадење и седнав да јадам. Таман почнав, еве ги трите седнуваат на масата спроти мене. Оваа шо ми прозборе не јадеше, мада и овие другиве не јадеа повеќе се смееа, а оваа зјапа у мене. :D
И пак станав да си одам, ненајаден оваа ме гледа и става и излегува надвор. :D
Е веќе немаше кај да бегам, али пак она ме поздрави прва. Изморен бев ау мау, затоа не те поздраив, a уствари вилицата ми паѓа од шо е добра, не ни памтам шо зборував. Која соба си, таа, ајде помини после.
Шо се дешава си викам oваа сака да ми мести некоја од тие цимерките шо не ги ни погледнав.
Идам овие двете ми тупат колку саата на ден учеле за да изваделе 10ка, оваа пичката и пол ме прашува на колку степени сме ја ваделе ракијата. :D Нишо посебно муабети ко за првпат, нареден пат идат они и овој едниот цимер почна да и зборува на таа другата како ќе ја врзувал за стол и за маса и оваа се врти и ми вика, а ти шо ќе ми прајш мене? :vozbud::drk: Instant boner :ROFLMAO:
Си имам ја свои методи викам. :facepalm: Meтоди? I must have been fun at parties.:facepalm:
Си одат и си викам не е можно ова, шо ќе бара оваа со мене апсолвентка, па и манекенка некоја беше 23 години у 2009та, ја уште немам 19. Оваа има поминато 50, ја колку 2? Оваа има на огласна табла да ме објави ако разочарам.
Ова е тоа шо ми фалеше мислам :D

Aли па немавме ни огледало у бараките. :pos:
Си отидоа цимерите еден викенд, она знаеше дека ќе си одат и еве ја се појавува на врата, дали сум имал фен.:vozbud:

Мај 2010 се омажи за скопјанец, синоќа ја видов пред Бисер трговскиот, ме поздрави и се насмеа.
Немаше многу време да раскажува по стив дали сум разочарал.
 
Кеј,

tumblr_mkntxsUtJ61qfb2eyo1_500.png
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom