Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Некој треба да му го пушти видеово на "велепредавникот". Еве, месеци ќе поминат и ако следиме интерес за ситуацијава околу бомбите, а тој интерес го преведеме грубо во прегледи на јутјуб, тогаш имаме проблем. Доаѓаме до оној поразителен заклучок дека народ ич кур не го боли дали некој го прислушкува. Мачна и комплицирана тема му е. Нејќе да се замара. Релативизира и апстрахира. Многу лесно може да се пласираат нови теми и да се окупира вниманието на луѓето.
Во Америка, додека се кршеа копјата околу Сноуден и Бредли/Челси Менинг, се случи The Fapening. Tие цицки целосно го покрија медиумскиот простор. Кај нас можеби нема потреба од цицки, ионака е покриен медиумскиот простор со пропаганда и отомански серии, ама другата страна итекако треба да симплифицира пристап, па дури и да вулгаризира до степен на "овие сакаат да ни ги гледаат половите органи".
Јебига. :(
 

Гледај до крај.

едит: го стаил разиел више. Ама ако. Да боде очи.
 
Снег бе. Снег. :place:
Нема пролет годинава.
А таман решив да бидам редовна на факс отсега. Со вакво време МАААЛО МОРГЕН.
Имам убаво претчувство за утрешниот ден. Не знам зашто. Ама мој ме инсект никад не вара. :cool:

Едвај чекам недела. Многу дешавки во еден ден. Додуша само нека помине проклетата среда. За неа имам лошо претчувство.
Комшиите над мене се растураат од секс три ноќи по ред. А ја мислев земјотреси има. :D
Решив прееска да се подружам со најдрагите другарчиња од форумов. Се тепаа околу одговорот на некаква си загатка. Мразам кога треба да заземам страна. Ама очигледно беше кој е во право во случајов. :angel:
И тоа накратко.
Од овој момент почнувам со репризирање на 4 сезони од ГоТ. Се читaме у понеделник . :coffee:
 
Тетин му во влада.
Тој во општина.
Неговата тазе девојка потазе претседател на некој си нов совет.

И ти ќе се нервираш пошо неможиш да најдиш стална работа, и се мислиш дека стварно си глуп.

Е не бе, тој нека се нервират ко ќе му раскинит девојката.

Calm_down_and_visualize.gif
 
Ми фалат времињата кога пред спиење, си титкавме со локалните пички од маало и си ги праќавме новите полифонични мелодии, „Еј, јас ја иам од Usher - Yeah ти прати ми ја Lose Yourself“. Кога беше изи лвл нуб да смуваш типка у Процес. Идеш, ѝ кажуваш дека другар ти ја свиѓа другарка ѝ и почнуваш да денсаш со нејзе (или ти веруваш дека денсаш, ако тие несмасни маневри може да се наречат денс). Ми фалат времињата кога носев младешки брк, лижев Лики Кул и ја пратев комбинацијата Хајлендер, Дигимон, Драгонбол, Тропски Горештини, Квантен Скок, Херкулес и Супермен. Кога сите го преснимувавме истото ЦД со 50 Цент и Шон Пол у маало и ги носевме истите Еминем/50 Цент маички од Шутка. Кога на MC праќаа пораки со порачка на песни и по пораки на MC, Жути од Хиподром му се закануваше на Црни од Топанско дека ако се мува пак со Ана од Коменски ќе го јаде.
Никад не сум бил сигурен дали носталгија се дефинира како позитивно или како негативно чувство.
 
Последно уредено од модератор:
Си немал ѓаволот работа, па почнал да става лоши лавабоа со кратки чешми во кои што стално се удираш и немаш место да се измиеш, во секое можно веце на светов.
 
Ех бе кајги бе уште тебе да те немаше и овој виртуелен дневник што ќе правевме? Иако не сум од луѓето кои се 'разголуваат' нит болен по внимание ама добро е чуството кога знаеш дека некој ти ја прочитал/видел маката и со 'тоа ми се допаѓа' знаеш дека не си сам бре и/или дека и некој друг поминал и пребродил ко да ти вели ' ејјј еве сум поминав јас по истиот пат, ете сум здрав/а жив/а'. На еден или друг начин ти олеснува знаеш дека не си сам.

А знаеш што е уште подобро? Kога некој стиска ми се допаѓа на нешто радосно, кога си полн со среќа, се осеќаш како да си раздал на сите страни или препратил од позитивната енергија, еххх...

Подобро е вака Кајги барем на нетов останале луѓе или го кажуваат човечното во нив - сочуствуваат, барем на нетов.

Утро е а јас одам да спијам :) ДН Кајги
 
кеј,

кофи со 3 лажици кафе ти е инстант расонување.Очите ми се ко на камелеон.Ваква грешка уште еднаш не.Ја пијам отров, ама ова е неспоредливо.МОЈСО ИМАМ ЦИГАРИ ДА ЗНАЕШ ЕЈ ПИШИ СЕА ПОСТ !
 
Драга.
Кажи им на луѓето дека ВЦ во кафич не е место каде што треба да се посереш, особено кога е полн. Никогаш нема да ги разберам тие што серат во кафич, и избираат да се испосрамотат, наместо мушки да стискаат па дома да се испосерат ко луѓе.
 
ДиКеј,

Јас бев од оние што никад не муваа у дискотека а пази, менаџер бев у Фабрик, Процес и Кабрио низ цело средно...
Кој дибек, човече :facepalm:
 
Драга
Во денешно време најсрамно нешто е да вршиш голема нужда во јавно вц. Те гледат сите ко да си направил некој грев. Епа може на некој му дошло до крај или е далеку од одма, што ќе прави? Во средно ако на некој му се придеше во вц, идеше за време на часот и гледаше како да се сокрие да не го видат. Ако го примети некој слободно нека се отпише од тоа школо. Основна цел на вцето не е за селфиња.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom