- Член од
- 16 февруари 2007
- Мислења
- 2.780
- Поени од реакции
- 8.235
ма не е до амерички вредности.
работата е што тие ванаби се пронаогаат самите себеси...од една страна егото е солидно потхрането,а од друга страна пак алтруизмот сепак доага до израз спасувајки животи...тоа ти је филм разумен компромис![]()
Да.
Општествената положба си носи привилегија да одбереш како ќе се поставиш со луѓето.Твојот сарказам кога си на висока положба полесно може да ја погоди посакуваната осетлива точка во психата на другите,па дури и да сноси последици по нивното делување.Ако нечија плата зависи од тебе и ако ја имаш можноста да условуваш и упатуваш,тогаш како и секоја добра мачка со уловен глушец во рака,можеш да си играш со пленот.
Во спротивно,треба да си или многу умешен или многу претпазлив за тоа каде пласираш иронии и сарказми.
На крај краева,ме нервира оваа помпа за серијата.Како да не биде централна тема на дискусија кога самата серија лансираше нови мали хаусчиња кои ги гледаме и во нашата виртуелна заедница како ни шетаат со виртуелното бастумче и ни продаваат нерафинирани,поделени со 2,коренувани Хаус квоутови.
Многу медиумски влијанија направиле раздор во човечката психа.
"Star Trek" своевремено создаде многу идеалисти,утописти и пацифисти кои премногу веруваа во таа иднина,со што дел од нив станаа робови на dove идеологијата и се затворија себеси во неконформизмот и четирите ѕида,надвор од секој реален допир со надворешните текови.
"Се плашите ли од темнината" им ја олесни многу работата на родителите.
Таа серија,наменета за млади,убаво посра во гаќи една цела генерација на деца,па стравот направи од нив послушници кои не би играле криенка миженка надвор оти е темно.
Некои трауми од детството не држат до крајот на животот.Имам другар кој е 25 годишно магаре,а смрзнува од страв кога ќе види кловнови поради проклетиот кловн во таа серија.
Хаус е друга проблематика.Не се базира на генерирање емоции,тука на промовирање меѓукомуникациски финеси.Комунукацијата во денешно време гради и руши договори.Таа е основна структура и ткиво кое го држи нашето општество,ако не здраво,тогаш барем целовито.Дипломатијата,како најосновна меѓукомуникација,се става на ризик со форсирање на вакви антијунаци и автократи.Ако Хаус е узор на некој интелектуален инфант од 14 години,тогаш тој е на прав пат да стане интелектуално инфантилен.
