statusQuO
Модератор
- Член од
- 18 јуни 2008
- Мислења
- 13.038
- Поени од реакции
- 7.616
не е ни малку битно дали е фиктивен карактер, пошто ние уште како мали се приврзуваме најчесто до ликови од цртаните филмови (кој Химен, кој Пепелашка)...Има еден проблем. Се заборава на тоа дека Хаус е измислен лик чии реплики се однапред осмислени и токму затоа во релаен живот личат на многу бледа копија.
Е сега, во однос на темата, оваа т.н. Хаус идеологија не ја почитувам од едноставна причина што за мене тоа е најбедниот начин на кој човек може да го искаже незадоволството од својот живот. Ако нема место за верба во љубов и искреност, тогаш не би требале да веруваме ни во животот.
Замислете го светот во кои сите луѓе би функционирале како Хаус. Има само еден збор кој ќе го опише сето тоа. ХАОС... Никој нема да се интересира за ничии емоции (што како прво не е во природата на човекот), и секој ќе биде онолку вообразен колку што другите ќе дозволат. А бидејќи тогаш сите би биле преокупирани со самите себе, вообразеноста би немала граница.
Негирањето е само страв од објектот кој го негираме.
сега ние израснати, сеуште имаме некој идол, кој немора да значи дека е вистински...
плус, го спомнуваш фактот дека Хаус нема место за љубов во срцето...и ти излезе од колосек малце, остај го делот со сакањето, глеј го делот со сарказмот...се фокусираме на сарказмот...фактички темава е за сарказмот, а хаус ни е објект за покажување...така да сите други негови особини треба да ги занемариме...
секако дека ако сите луѓе би биле како Хаус светот би отишол во неповрат, но тоа не го сакаме ние, нели? за да бидеме како Хаус, ни треба да имаме некој како неговите minions...