Мене описов ми е супер, би му ја простила невиноста, под услов да е стрејт

Шала на страна, карактерно, според описот, ми е ОК. Дури и да е геј, би го дружела, бидејќи сакам начитани, културни, креативни и образовани луѓе.
Пишав за ова и на другана тема, евe, морам да цитирам:
PIRATIC напиша:
↑
Мажите кога станува збор за секс не бираат каква е цурата, дали била претходно со 5, 10, 20, 50 или 100 души ............. но кога станува збор за сериозна врска и брак ите-како им е битно тоа !
Не верувам дека постои машко кое за жена би земал некоја која поминала пола град ............ но за несериозна врска т.е. за секс и заебанција баш му е гајле со кого/кои се била !
Арно ме просветли, да си барам невин маж, се што треба, ќе го научам

Не да се омажам со некој што го ставал кај ќе стигне, па после цел град да ми се смее каков копук сум зела, и да ми зборуваат зад грб дека ме вара ваму-таму.
Е така, пошто и јас сакам сериозна врска, ќе си барам невин маж
П.С. Колку за ваша информација, и Тесла апстинирал од жени....вие и него ќе го прогласевте за ретард, според муабетиве што ги читам.