David Guetta @ Метрополис Арена - 9.5.2010

Статус
Затворена за нови мислења.

Stef_12

Player hater
Член од
15 јануари 2009
Мислења
1.014
Поени од реакции
626
после тоа ептен забега во поп водите
Али тоа забегување во поп водите му донесе на Гета 5 " Grammy" номинации лани, што му се нема случено на на ниеден DJ до сега, ниту ќе му се случи во блиска иднина..... Факт е дека Армин,Тиесто.... сите во моментов се во сенка на Гета.
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Чек, Гета е трансер?
(сериозно?)
 
Член од
20 август 2007
Мислења
2.252
Поени од реакции
312
Очекував дрзок сет, каков што сум гледала само на YouTube на WMC, каков што еден диџеј од рангот на Гета би требало да знае да направи, а не да дрнда 3 саати со лоши ремикси на MTV хитчиња и уште полоши прелази. Ама на таков сет 80% од луѓето ќе зажалеле шо отишле. Затоа едни си поминаа јако, а други не. А да се сменеа процентуално првите и вторите исвирканиот ќе беше Гета а не резидентите. Боље да го остаеше 2009 Annual, и да кренеше нозе на маса, поубаво ќе си поминевме.
Лошо е што кога се иде негде се очекува нешто.Тоа е потполна грешка во која и јас сум се заебал. Сум очекувал едно,излегло друго! Затоа за друг пат би ти препорачал да не гледаш јутјуб пред да одиш на журка пошто секогаш ќе бидеш разочарана,верувај!

За болдот: Кој лоши прелази бе младој моме. Сакаш да кажиш дека Dj со 20 години искуство не знае да си ги измикса НЕГОВИЕ песни? Дај ти се молам......

Е ова е тоа лошото,секој за секого е компетентен да кажи шо прај и како прај.Тргнете малце од себе и во вас барајте си го прво проблемот па после во другите.
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Сега за јуро транЦериве Гета е срање бидејќи бил комерцијален, а кога ќе дојде АВБ тогаш очи ќе им извадат на поп-хаусериве ако кажат лош збор за него, бидејќи нели Армин е врвот на "андерграундот" со траките со бебешко-ретардирани вокали... Јас не сфаќам зашто едноставно не отидете на журка да си поминете убаво, без разлика дали е Гета, Ицко или Крмак!? Ако сте си поминале лошо, не значи дека треба и другите да ги убедувате дека била лоша журката, и обратно... Јас не отидов бидејќи престанав да го слушам пред 5 години, до тогаш го ценев како дџ и продуцент, после тоа ептен забега во поп водите. Истото се однесува и за Армин и цела таа јуро транс комершл шит компанија, до пред 4-5 години беше мерачки да се слуша таа музика, денес све је то срање, или барем во поголемиот дел траките не се ни 20% од она што беа до 2005 година...

И ве молам не го ставајте Prydz во ист кош со поп хитмејкери како SHM и Гета :)

Армин бебешки вокали? ако за тебе Akon е на исто рамниште со павароти.
Ми личиш на еден од оние кој одма не го слушаaт некој ако стани премногу популарен а ти си андерграунд и си шема....
Имаше едно интервју со Армин кај што кажува денес дека мора да направиш и нешто комерцијално за да опстоиш .
 

Ивица ЈМК

Forza Juve Per Sempre!!!!
Член од
28 март 2010
Мислења
1.399
Поени од реакции
270
Прекрасна дебата =)) , Шведска Мафија доаѓа :vozbud: ... брука е Гета да се споредува со нив. Него да го фатиме распоредот на колосеум летово - this shit is over.
:smir:
Кога бе друже?????не ме еби.уше овие ги чекам и идам у пензија од журки:smir:
 
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.176
Поени од реакции
106
Незнам кој, што и како очекуваше дека ќе биде. Демек тука ептен разбирате од клаберска музика и журка, па не била добра. Кој курац. Бев, поминав одлично и да има пак ќе дадам 800 денари за карта. :pls: не се правете толку фраери и не бучете безвеза. Не ви вреди муабетот. (се мисли за тие дека мислат знаат се, или пак дека се знаат околу журките итн)
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Сериозни сте? :pos: Eyes, they are used for reading. Then, the brain process, but that`s level 2.


И Мацо олабај, исто ко да отиде антихристот на предавање на Далај Лама и да рече после тоа дека поминал топ а Непалецот кажал некои бомба ствари за љубовта и човечката толеранција. Кога некој неупатен ти се меша во она кое го сакаш од копиљ и раскажува на сите страни дека било супер, те иритира. Нормално е. Твојата перцепција е твоја и апсолутно прекрасно е дека си поминала убаво, никој не смее да ти го одземе тоа. Ама детали се детали, финеси се финеси а вистински познавачи се вистински познавачи и имаат право да кажат дека не било на ниво. Театарски критичар коментира претстави. Музички професор оценува настап на пијанист, клабер оценува електро диџеј. Simple as that. :)
Ок, го почитувам твојот став и во право си за тоа што велиш, НО само ај дефинирај ми што се вистински познавачи? Самопрогласените клабери? Не дека плукам по некого или слично, ама не ми е јасно кој влегува во категорија познавач?

За некој шо си поминал убо и шо не му пречи другите шо мислат некако многу објаснуваш. Признај си веќе еднаш дека беше преголема гужва, дека испоте под мишки, дека цела вечер некој одвратен се триеше од тебе, дека музиката за која чекаше 5 сати не беше многу различна од тортурата пред тоа само различен чоек го притискаше плеј дугмето, дека потрошените пари + истрпената тортура во гужвите >>>>>>> од забавата и покрај додатниот ентузијазам, дека си помина срање и дека единствената сатисфакција ти е каприциозната гордост дека присуствуваше на овој „настан“.

Иначе ова погоре не е шпекулација, ами што би се случило кога твојте дефанзивни постови ќе се погледнат низ перцептивна призма. Ама не сме тука да ги судиме далечините кои некои луѓе ќе ги поминат за социјален опстанок. Чао.
Да, факт е дека премногу беше гужва, факт е дека бев исцедена и не можев да дишам, но од друга страна, јас и не бев во најголемата гужва и бев на место од кое можеше да се слуша, да се гледа и да се игра. Секогаш сум избегавала да бидам во огромни гужви, затоа и гледав да фатам место кое не беше најистуткано. Минус беше прееееголемата гужва, тоа е неоспорен и непобитен факт.

Маца, "Убаво си поминав, доста те сите!" не е уопште релевантно за тоа каква, реално, била журката.
Ко шо ти хејташ фаци во стилот "Ја сум највечи клабер, и знам шо е како е!" ја хејтам фаци шо идат на рандом журки, журки кој всушност се очајни од уште толку рандом причини, и се дичат на страна како било савршено!

Не заборавај, и Аца Лукас ко беше имаше мал милион фаци шо велеа дека си поминале предобро!

Така да, ако ти каже Водка ил Тончи дека било тиња. Било тиња, зашо за разлика од 99% од фаците внатре, имаат 60 пути поише журки поминато, па имаат некакво референтно тело за споредба.
Јас не хејтам никој, како прво, како второ мојата реакција беше насочена кон солење памет за тоа што е добра журка. Релативни се работите. И некој може да бил на 10000000000 журки повеќе од мене, тоа не значи дека ако сум била на истата журка и дека ако некој ми рекол дека било тапа зашо бил стручњак дека ќе се согласам и дека ќе кимнам со главата, ако не ми било така.

И да, има луѓе кои биле на Аца Лукас и си поминале предобро, имам другар конкретно кој го сака и кој беше и убаво си помина. И? За него било одличен провод, за некого е незамисливо да се појави, камоли да купи карта. РЕЛАТИВНОСТ, нели?

Не ми е јасно, зошто би требало ти да се замараш кој како оди на журки, дали тоа биле татини мази и мамини синчиња. На нив им е забрането да ја слушаат музиката што ти ја слушаш? Не смеат да ја слушаат пошто не се хаце?

Пак ќе кажам, секој оди на журка за себе и си создава впечатоци за себе. Релевантен извор за тоа каква била журката е само оној кој присуствувал и е релевантен извор само за сам себе.
Не е мојата намера ни да убедувам некој, ни да наметнувам мислења, друга ми беше поентата, ама ај... не е битно.
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Јас не хејтам никој, како прво, како второ мојата реакција беше насочена кон солење памет за тоа што е добра журка. Релативни се работите. И некој може да бил на 10000000000 журки повеќе од мене, тоа не значи дека ако сум била на истата журка и дека ако некој ми рекол дека било тапа зашо бил стручњак дека ќе се согласам и дека ќе кимнам со главата, ако не ми било така.

И да, има луѓе кои биле на Аца Лукас и си поминале предобро, имам другар конкретно кој го сака и кој беше и убаво си помина. И? За него било одличен провод, за некого е незамисливо да се појави, камоли да купи карта. РЕЛАТИВНОСТ, нели?

Не ми е јасно, зошто би требало ти да се замараш кој како оди на журки, дали тоа биле татини мази и мамини синчиња. На нив им е забрането да ја слушаат музиката што ти ја слушаш? Не смеат да ја слушаат пошто не се хаце?

Пак ќе кажам, секој оди на журка за себе и си создава впечатоци за себе. Релевантен извор за тоа каква била журката е само оној кој присуствувал и е релевантен извор само за сам себе.
Не е мојата намера ни да убедувам некој, ни да наметнувам мислења, друга ми беше поентата, ама ај... не е битно.
Ма нема ништо РЕЛАТИВНО у добра журка.
Спореди со патика.
Квалитетна патика си е квалитетна патика, а тоа дали тебе ти се свиѓа или не, нема никаква врска, капираш?

Ја не те терам тебе да климнеш со глава и да се согласиш, али и сама си се изразуваш "ако мене не ми било така..."
Шо ме боли цеф како ти било?
Ја ко ќе си поминам бесно у маало ко ќе си воспалам стомачни мускули од смеење, не го фалам маалото ко да ми е најдобро у свет.
А ти, тоа го праиш.

И, тоа со татините мамините мази и хаце маце муабетот, ќе ти го рипнам, ко шо го рипна ти примерот со 20 металци со кал на кондури со стаени нозе на маса и запалени цигари, истурено пиво...
"Зашо не се доволно хаце?! :cries:"
Колку избледена фраза... секој анти-хејтер (колку смешно и контрадикторно -.-) ми ја спомиња...
Дај нешо ново.


Дали проводот ќе ти биде добар или лош, зависи најмногу од тебе. Некој и на глава да ти се качува, буквално, ако си доволно итра, ќе го игнорираш и ќе си поминеш пак убаво.
Али немој тоа да ми го мешаш со квалит на евент од ваков тип.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Ок тоа све, ама пак кажи ми ти, КОЈ дефинира што е квалитетна журка? Мене тоа ме интересира?
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Значи гета доби 5 награди меѓу кои за најдобар албум, за најдобар европски DJ итн. и една греми награда, што значи дека сепак има некој квалитет
Секој си има свој вкус го разбирам тоа и ги сфаќам вашите коментари неможе некој турбофолкер или металец со сила да го натераш да слуша техно/хаус и мислам дека не треба да не правите прости ние шо отидовме на гета и шо си поминавме убаво
 
Член од
4 јуни 2007
Мислења
2.885
Поени од реакции
189
Ок тоа све, ама пак кажи ми ти, КОЈ дефинира што е квалитетна журка? Мене тоа ме интересира?
Сигурно не такви како новинарите од Вест, а такви беа барем 80 % од луѓето (моја проценка, а кој сум јас да проценувам тоа во друга прилика).

http://www.vest.com.mk/?ItemID=2695C413DAF8704E8170D6AC09BCCC3B

Скопје можеби нема море и песочни плажи како Ибица, но дефинитивно има светска публика, која подеднакво добро се забавува на техно журките на светските диџеи. (и подеднакво се забавува на Жељко Јоксимовиќ, Боки13 итн.)
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Сигурно не такви како новинарите од Вест, а такви беа барем 80 % од луѓето (моја проценка, а кој сум јас да проценувам тоа во друга прилика).

http://www.vest.com.mk/?ItemID=2695C413DAF8704E8170D6AC09BCCC3B

Скопје можеби нема море и песочни плажи како Ибица, но дефинитивно има светска публика, која подеднакво добро се забавува на техно журките на светските диџеи. (и подеднакво се забавува на Жељко Јоксимовиќ, Боки13 итн.)
Све, све, све, ама ЗОШТО ооо ЗОШТО ги преведуваат имињата на песните? Само малку повеќе љубов? Светот е мој???? Аман бе, аман заман!

Техно журкитe :icon_lol: А после вика Давид Гета (42) е ветеран на француската хаус сцена со 20 годишно искуство зад себе.


@ GodHateUsAll Не го заприметив моментот со металците, во брзање сум утнала на тоа да ти одговорам. Не, нема да ми сметаат. Знаеш зашто? Зошто не сметам дека ако јас одам на некое место дека само таму може да одат луѓе кои се облакаат и кои се како мене. Сите места се за сите луѓе кои имаат желба да отидат. Појасно?

Мене никој не ми смета додека не се закача и не ми пречи мене лично, т.е да ми добацува и префрлува и да ме замара, додека јас си уживам. Се сфативме?
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.540
Поени од реакции
33.746
Тhink about it, what would Nietzsche say.. Не го барајте проблемот во позерите кои го знаеле само на When love takes over лирикот, многу "миксањето", комерцијалните Мtv хитчиња, лошите звучни и "ласерски" ефекти, туку проблемот е во психичкиот дел и феноменот Гета. Кој влажни гаќици не со неговото притискање две копчиња туку само како појава, неговото големо име. :sarcmark:

Не гледам поента, и Лејди Гага да е била, ако сум си поминал убаво, сум си поминал. Мањебитно, и некој друг да е во прашање.
Неможе да убедете некој дека не си поминал убаво.

Не се битни песните ни миксањето, се додека има атмосфера. Индивидуално. Не зборам за општо, туку некому лично ако му е интересно и убаво.
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
@ GodHateUsAll Не го заприметив моментот со металците, во брзање сум утнала на тоа да ти одговорам. Не, нема да ми сметаат. Знаеш зашто? Зошто не сметам дека ако јас одам на некое место дека само таму може да одат луѓе кои се облакаат и кои се како мене. Сите места се за сите луѓе кои имаат желба да отидат. Појасно?
Еи еи еи, седи бе ј0.
Ми кажуваш дека на таа малце по масивната собиранка у Бариста, 20 души да стаевме нозе на маса и да распалевме пури тебе се' едно ќе ти беше?

Брат. На мали деца тие муабети, вред?

Што се тиче до тоа кој кажува дали била добра журката...
За ДнБ сесиите у Капан, кажувам Ја.
Ја бе, ја.
Не ме прашувај сеа шо сум ја за да кажувам, за да не почнам да ти одговарам и да го тупиме на долго и широко.
За фестиваливе на егзит, нек е Манс, нек е Тончи, Водка, Земзела, шогизнам. Некој шо бил 5 пути, а не некој шо отишол еднаш, капираш?
За колосеум, кажува Стрит Денс, (у пизду матер се ежам ко ќе ја пишам оваа кованка од зборови), зашо таму е stationary, капираш?

Сеа ќе ме прашаш кој фактор се они/ние?

Сум. Зашо сум навлегол у сржта на музиката, зашо ја сакам и ни со секс не би ја трејдал.
Зашо сум бил на миљон рандом ДнБ журки у последниве двеипол години, онака по местенца безврска праење.
Па ЗНАМ дали е добро или не, зашо ја пратам таа област.

Не.
Заеби, не го читај ова горе.
Еве ти споредба:
Ти ми се убацуваш на темава ко ебан револуционер, ко у позадина да ти иде Eye of the tiger и македонско знаме да ти се вее, знаеш како ми изглеа тоа? Ко сеа да му се убаци лав-кондѓуктерз на Смарт-ес ил Гарфилд у темана за дрога и да им труби колку се добри екстазите пошо на неа и се свиѓале.
Ме капираш?
Едно е дали ти се свиѓа, друго е дали е добро.

Знаеш, афторитети у секоја област... Не велам дека тука сум ја. Али знам дека не си ти.
Затоа, keep it low.
Peace.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom