2цата гореспенати имаат поминато повеќе журки отколку сите што биле на Гета ЗАЕДНО, па многу јасно дека се релевантен фактор за оценување на журката. Остај ти тоа што не се ист правец. Про-диџеј си е про-диџеј и знае што е добра журка, добар сет итн... И нема потреба да барам друг човек што е стилски близок со Гета. Како што реков, човек што стално иде на журки (такозвани Клабер) иде на секакви журки без разлика на жанрот. Ако журката е супер, ќе рече дека е супер макар и на минимал (иако ова е реткост). Ако е тапа, џабе некој би пуштал Night Psy-Trance кога ќе си остане тапа.
Ти пишав убава корелација. Спореди ти Гоа Гил со Боб Синклар. Двајцата се профи,така? Двајцата свират електронска музика,така? Двајцата имаат милиони фанови,така? Ај кажи ми која е допирната точка?
Не мешајте баби и жаби и круши со јаболка!
^ Scofield, сите што слушаат електронска музика можат да оценат за друг жанр од неа, и не само од музички аспект туку и каква атмосфера се создава со таа музика. Така да не забегувај. А SHM во секој поглед го надминуваат Гета од причина што сите 3 и во група и поединечно прават одлична музика, Axwell и Ingrosso со нивниот funky house иако во последно време и како соло го имаат SHM звук (кој би требало да е заеднички) и кои во главно продуцираат трака од година на година, како летен хит, лани беше Leave the world behind, сега One.
И back on topic, пред време не мрчев за журката надевајќи се дека ќе пушта пред се добра музика ама се разочарав и еве уште еден доказ за публиката на Guetta, за кои во Македонија е крива само Antenna 5. Се надевам дека нема да расипат уште многу артисти кои некои стварно ги слушаме со години и цениме, како што направија со Армин, се обидоа и со Above & Beyond итн.
Прегледај го приврзокот 28521
Децава ко на екскурзија да биле.
Кое забегување? Убаво прочитај и ќе ја сватиш поентата. Па и за Антена. До негде те сваќам,твоите најголеми артисти кои што ги спомна Антена им придаваат некое "комерцијално"/мејнстрим значење,прават реклама,коментираат и нормало е дека како таков медиум ќе направат успешна мисија за да слушне и малолетничка дека тие биле најјаки,а да слушне и најголемиот нивни фан дека се на врвот. И нормално е после кога ќе појдеш за нив да ја видиш истата слика.Еден тон фаци кои се непожелни за тебе,а и фаци за кои не си пожелен ти!
И кој Q се замараш со деца што одат на екскурзија? Со сликава што си ја ставил ти си тој што паѓа на такво,а богами и пониско ниво едноставно ради тоа што се замараш за нив,а пак нив за тебе Q не им чуе. Остај ги ти децата нека си одат кај сакаат,ти оди си на журка за да ја остаиш кичмата на патос и да си појдиш дома полн со емоции (позитивни или негативни). Тоа е тој глуп синдорм - еј види ги овие како стојат како кипови на журкава,еј глеј ја онаа појма нема ни кој е чоеков(Dj-от) на фаца,а се изнаскока и таканатаму..... Немојте за други,глеј те си за вас да си поминете онака како што сте планирале и оставете на страна позери,екскурзијанти,шетачи......стави ги на игнор,фати си позизиција и забавувај се!
--- надополнето ---
Не. Убедливо најачи се ликовите кои тек сеа укопчуваат дека фукнале по 800 денари за журка што всушност била тапа и рипаат ко млади мајмуни дека си поминале топ.
Се осеќам криво шо не дадов пари за карта а не можам да си простам што отидов.
А дали си во право за Swedish House Mafia, ќе видиме aко дојде Eric Prydz, кој ги поштуе SHM ќе го поштуе и него, а не новокомпонованиве фанови кои после Гета масовно ја бараат “онаа бе онаа тм тм тм не знам као да ти објаснам" (“One"). Све ми личи дека на Prydz ќе биде празно доколку на време не се дознае дека е екс SHM.
Аууу па дури и почна да ги сожалуваш тие шо фукнале пари за карта. Еве и јас не дадов,одев чисто информативно и БЕЗ ДА СЕ ФАЛАМ дека сум бил на Гета! Едноставно не ми беше предизвик и не планирав ако треба и куќата под хипотека да си ја дадам ама да речам дека мора да појдам.Ми излезе шанса и ја искористив. Хипотека ќе дадам тогаш кога ќе треба,за некој стварно шо ми прави мерак,шо го следам секоја недела неговото радио шоу и што знам едно 90% што ќе пушти во сетот.
колку за инфо,Ерик Придз бил до сега два пати и два пати беше топ! И таму имаше публика од секаков калибар. И тој што ја знаел само Pjanoo,а и тој што го прати од неговите почетоци кога некој го знаел со неговите 5-6 алтер ега!