Дали би одбрале вечен живот?

  • Креатор на темата Креатор на темата THE_CHOSEN_ONE
  • Време на започнување Време на започнување

Dali bi odbrale vecen zivot?

  • Da

    Гласови: 169 43,3%
  • Ne

    Гласови: 221 56,7%

  • Вкупно гласачи
    390
НЕ ,тогаш животот не би имал смисла, не би го ценеле доволно секое ново утро
има една изрека на Паоло Коељо- "За среќа постои смрт"
 
Долговечен да али вечен не:)
Не би можел да здржам постојано да губам луѓе што ги сакам. Се би изгубило смисла така.
Ама ништо не е вечно,Освен палстични кеси ама им го најдоа крајот и на нив:):)
 
едно 90 тина години доста ми се... да видам шо фамилија сум напраил.. и ако нејке самото ке му помогнам
:)
 
Бесмртност

Дали некогаш сте посакале да бидете бесмртни? Да живеете вечно!
Што би и значело зборот ,,вечно,,. Нешто што никогаш нема да престане.
Како би живееле тогаш? а и да било можно да се бира не би верувал дека некој би избрал бесмртност бидејќи ,,боговите ни завидуваат на нас луѓето дека сме смртни,,.
 
Како за кого. Сите животот го перципираат од различен агол. Поединечно смислата на животот иде од крајност до крајност. Смислата на животот плус и искуството и начинот на кој се живеел животот се факторите за тоа дали се сака тој живот да трае без крај. Тие што смислата на животот ја гледаат во тоа како да се одморат ако цел живот спијат на трнлив кревет во тој момент тие не сакаат да бидат бесмртни и обратно. Тие пак што сакаат возбудлив живот а со соочени со живот кој е константно ист и не ги возбудува тие не би сакале да бидат бесмртни и обратно. Секако дека ова не значи дека тие немаат суицидални мисли туку едноставно не би сакале да живеат вечно живот кој нема смисла и не ги исполнува нивните очекувања за добар живот. Но ако се исполнуваат сите очекувања и смислата на животот ја практикуваат тотално тогаш би можеле да имаат желба за бесмртен живот. Но, тука има уште но. Не е само тоа фактор за желбата за бесмртеност. Тука фактор е и блискоста со луѓето. Секој човек низ животот се зближува со луѓе и стануваат дел од него. Ако само ти си бесмртен тогаш тие драги луѓе ке ги снемува а ти ке го гледаш сето тоа како ги снемува од твојот живот а ти уште си тука. Комплицирано прашање но јас лично би избрал да не бидам бесмртен зашто едноставно драгите и безценетите работи во мојот живот ке изгубат смисла и цена.
 
[zEUs];2758730 напиша:
Дали некогаш сте посакале да бидете бесмртни? Да живеете вечно!
Што би и значело зборот ,,вечно,,. Нешто што никогаш нема да престане.
Како би живееле тогаш? а и да било можно да се бира не би верувал дека некој би избрал бесмртност бидејќи ,,боговите ни завидуваат на нас луѓето дека сме смртни,,.

Прво не би посакал да бидам бесмртен, пошто си има тоа свои предности и непредности. Да речеме да нема да умреш нема да се плашиш од болести зарази нема да ти биде гајле дали ке мавне нуклеарка и слично, ама па кога по некое време ке ги изгубиш сите што си ги сакал и ке останеш сам на светот, ке сакаш да умреш нели? еее ама нема да можеш бесмртен си. Зборот вечно, ти е како век и векови , засекогаш, бесконечно. А за делот со боговите, како може да ти завидува нешто што не постои?, нешто што е само човечка фикција за тоа што неможат да го објаснат.
 
Кога-тогаш ќе ти здосади животот.. :toe:

:wink:
 
Сите сме гости на оваа земја. Никој не е бесмртен, никој нема да биде. Човекот може да посакува по бесмртноста, но ако ја добие ќе биде најлошата работа за човештвото.
 
ако не бе била смртта тогаш овој свет не би бил на некој начин мистерија, .. смртта е таја која не наведува да размислуваме подлабоко и да го живееме животот на најдобар можен начин затоа што утре ке ја немаме таа шанса .. можеби бесмртноста би не наведила да размислуваме дека би немале за што да живееме ..
 
Ако сме бесмртни тогаш животот ќе нема смисла. Нон-стоп едно исто, години, векови, милениуми... Значи поубаво е да си смртник :)
 
hmm, на оваа тема Фреди Меркјури (Queen), има добра поента:

Who wants to live forever?
Who dares to love forever?
When love must die​
 
[zEUs];2758730 напиша:
Дали некогаш сте посакале да бидете бесмртни? Да живеете вечно!
Што би и значело зборот ,,вечно,,. Нешто што никогаш нема да престане.
Како би живееле тогаш? а и да било можно да се бира не би верувал дека некој би избрал бесмртност бидејќи ,,боговите ни завидуваат на нас луѓето дека сме смртни,,.

Вечно млад со можност за смрт звучи примамливо, но вечно неуништиво тело... какво би било тоа неуништиво тело? Би требало да е не само отпорно на ножеви, куршуми, нуклеарки, туку и сосема независно од храна, вода па и воздух, инаку е можен крај. А замисли да не може без воздух но поради сила на околностите бесмртен човек се најде заробен некаде без воздух. Ни живот ни смрт, ќе западне во кома, каталепсија засекогаш :) или додека некој не го спаси. Не фала, цврсто верувам дека такво бесмртно но духовно тело не чека после бакнежот на... .)

Пардон, би избрал неуништиво тело. Ако некогаш се ми досади верувам ќе најдам чаре за тоа. За тоа потоа. :)
 
Што Гилгамеш увидел трагајќи по тревката на бесмртноста?

Колку само би биле пасивни би знаеле дека цела вечност е пред нас?
Дали би ги извршувале обврскиte кога знаеме дека `има денови`... Што па денес мора?
Нема да има цел во животот, нема да има разновидност од настани, борба за опстанок... И то...

Сума сумарум... Глупо би било!
 
Не.... не сакам да имам вечен живот..но не сакам и млад да умрам..
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom