За да не постојат судбини слични ко на починителите тогаш не треба да дозволиме такви личности да бидат создадени
Се сложуваме, имаме должност како родители, соседи и граѓани едни кон други да се чуваме и да придонесуваме кон подобро живеење. Ако растеш во средина каде секој ден родител ти е тепан, сам си тепан и омаловажуван, има доста шанси да ги присвоиш тие навики и да ги однесеш кај својот партнер или врсници. Ако растеш во средина со грижа, љубов, разум, емпатија, веројатно шансите ти се во твоја корист за добар исход. Дали тоа значи дека секој што израснал во добра средина нема да изврши криминал и секој што бил жртва на семејно насилство ќе биде насилник? Не, али шансите ти одат во твој прилог ако растеш во здрава средина.
А сѐ ќе беше поинаку она некој од феминистките да контактираше и они галама ќе направеа и ќе се погрижеа барем да не дојде до ова..
Ама ги нема нив за да се спречат вакви работи, кско по обичај
Најсериозно ти кажувам, ако отишла галама барем ќе направеа и немаше до ова до дојде..
Џабе се тие невладини после настаните, треба да се малце поактивни претходно..
Активни се и помагаат колку можат, али го немаат тоа ниво на должност, ни моќ, ни пристап до информации, ни пендрак и лисици, ни суд и останати процеси, ни 30.000 административни службеници, со овластувања. Моќ, делење правда, и заштита на граѓани е работа и должност на државата, не на Хелсиншки или ХЕРА со 5-10 ентузијасти кои се заинтересирани за заштита на жената. Има луѓе што се платени од 8 до 5, по струка, со законска должност (полиција, центар за социјални, суд) што мора да реагираат - а не реагирале. Они имаат највисок степен на одговорност овде (надвор од поединците во случајот).
Лично мислење ми е дека не е дoбро ако ја промовираме таа наратива дека "општеството е криво" или "системот е крив" - бидејќи тоа за мене е одбегнување на индивидуална вина. Има луѓе со име и презиме. Ја тепал - да одговара. Не одговарал? Океј, кој со име и презиме го ослободил 10 пати? Чив син е? Ако имало корупција, треба да бидат избркани од работа ако не се подобни за да бидат судии, обвинители, полиција. Општествените чинители се важни (родители, училиште, пријатели), но тој последен слој во овие случаи е најважен (како реагира системот на правдата).
Зошто мислите дека во било кој правосуден систем на западнава хемисфера би му се товарело туѓо убиство на некој, без разлика од околностите?
Не викам дека е тоа случај овде, но постојат околности каде иако еден човек повлекува чкрапало, друг човек одговара за него. На пример, нарачани убиства, соучестништво кај директно извршување или небрежност кај индиректно.
На пример, иако ми било должност да ставам ќорци во пиштол што се користи во театар, сум ставил вистински куршуми по грешка. Глумец стиска на чкрапало, убива некого, но дали е он виновен (што пукал и убил) или јас што сум направил грешка во местење на куршумите? Дали ако му скинам кочници на комшијата, и он згази некого како последица на тоа, јас сум крив или он? Ако на комшија со шизофренија кој веќе знам дека е агресивен, му кажам дека поштарот го шпиунира, и овој му отиде со оружје и го утепа, кој е крив? Има мал милион случаи вакви, прашање е дали ова е еден од нив, и тоа судот треба да го утврди - каде вината за дејството на еден човек (мајката) се како директна последица на постапките на друг (таткото).
Комплицирана работа е правдата, али на кратко, овде сите полемики беа околу големината на вината на таткото и колкав е неговиот придонес кон постапките на мајката (делумен, целосен, незначаен, и тн).