Црна Хроника

  • Креатор на темата Креатор на темата Macka12345
  • Време на започнување Време на започнување
За случаите, прашањето што го покрена беше: зошто во било кој правосуден систем на западнава хемисфера би му се товарело туѓо убиство на некој, без разлика од околностите. Горе давав примери на околности каде што убиство извршено од еден човек, може да му се препише и на друг - чисто за илустрација.

За разлика од случајот со Вања, овде кај Стојанчо имаме 10 кривични на негово име, осуден е, напаѓал со нож, напаѓал полиција, и е докажан семеен насилник кој бил брутален со жена му, ја тепал и пред ќерката. Човекот не лежел и покрај тоа што има цела листа на кривични дела против него и историја на насилство. Тоа што овде го посочуваме, а најголем дел го игнорираат - како е можно човеков да биде на слобода после 10 кривични (секоја од нив предвидува по неколку години затвор)? Како е можно да е на слобода после првите напади кон жена му? Дали некој влијаел да е он на слобода чим толку лесно одбегнувал одговорност? И како е можно после сето ова, да пишуваме "не научивме да ја испитаме неговата страна, може е невин како таткото на Вања" - мене по сите дела што се објавени ми делува на човек што ако не за ова, има мал милион други дела за кој треба да е зад решетки.

Ја изназборевме темава, али на кратко, мое мислење е: ако си докажан семеен насилник (кон партнер, деца) - само најстрога казна.
Никој не го игнорира тоа, ама само затоа што има историја и криминално досие не може да му се припишуваат туку така и наведување и помагање на самоубиство и убиство.
Исто и за таткото на Вања излегоа медиумски приказни бил наркос, бил коцкар, ќерката си ја продал итн. Резултатот на тоа е инспекторско насилие кон сега докажан невин човек.
Се работи за правен пристап кон било која единка, во сечиј интерес е да се има трпение. Вака без трпение не можам да замислам како би функционирал правниот систем ако имаше порота.
Од она што знаеме може да помине обвинението за наведување на самоубиство, но помагање нема шанси.
Исто така знаеме дека Ивана ги повлекла сите пријави за насилство. Зошто како и дека живеела во страв е очигледно, но промена на законов може да биде и катастрофа и да се користи за малтретирање.
Автоматски споено мислење:

Јас прашувам дали е правдата задоволна бидејќи убиецот на детето, мајката, е мртва? Ќе одговори некој? Дали правдата е задволена да утре го ослободиме таткото за случајот?
Правдата е некомплетна во однос на убиството на девојчето. Нејзината мајка изврши самоубиство и не може да биде гонета.
По кој основ би се ослободил таткото кога треба сега да одговара за неговиот удел?
 
Последно уредено:
Јас прашувам дали е правдата задоволна бидејќи убиецот на детето, мајката, е мртва? Ќе одговори некој? Дали правдата е задволена да утре го ослободиме таткото за случајот? Ќе одговори некој?
Vo slucajot za ubustvo na deteto, da, ubiecot sam si presudil, taka da Da, pravdata e zadovolena.
Si ima toj za sto da si odgovara, ama gluposti od tipot naveduvanje i pomaganje na samoubistvo , a so toa i ubistvo e nadvor od umot. Po tvoja logika ako majkata samo go ubiese deteto, a taa ne se samoubiese vo procesot, samo taa ke trebase da odgovara za ubistvo ili i togas ke se penjavevte tuka i ke relativiziravte kako nekoj tamu ja navel da si go ubie soopstvenoto dete ?
 
Се работи за правен пристап кон било која единка, во сечиј интерес е да се има трпение. Вака без трпение не можам да замислам како би функционирал правниот систем ако имаше порота.
Во овој случај, не се согласувам. 10 кривични без лежење затвор (насилен криминал), плус од повеќе сведоци и видео надзор, потврдено семејно насилство, дечкото не лежел. Мислам дека државата била исклучително трпелива за некој што е осуден веќе 10 пати, и пуштан на слобода 10 пати. Да бевме нетрпеливи после првиот пат кога нападнал некој со нож, или нетрпеливи после првите пријави, или првиот шамар кон Ивана, може ќе беа живи и Ивана и девојчето. Бидејќи никој не реагирал на неговите постапки, дојдено е до оваа ситуација која ја дискутираме. (мое мислење)

Никој не го игнорира тоа, ама само затоа што има историја и криминално досие не може да му се припишуваат туку така и наведување и помагање на самоубиство и убиство.
Тука се сложувам, али не мислам дека му се препишуваат туку-така. Контекстот е дека има: видео докази, изјави од сведоци, и други индиции дека бил насилен кон Ивана подолг период. Во тој контекст, има став во членот за наведување на самоубиство кое е предизвикано од небрежност. По тој основ ќе го гонат. Дали ќе докажат и дали се во право, без да видиме докази и да имаме увид во постапката неможе да знаеме.

Но промена на законов може да биде и катастрофа и да се користи за малтретирање.
Мора нешто да се смени бидејќи 2ри или 3ти во Европа сме по семејно насилство, а сме една педа земја со пола народ, пола џандари. Неможе на толкав државен апарат државата да си дозволи такви бројки, поразително е. Дали ќе има малтретирање со законот? Законот сам по себе за мене не е проблем туку е примената. Најважно е да знаеме дали истиот ќе намали стапка на насилство, што сега, очајно ни треба.
 
Пак ќе ти повторам, ти не разбираш каузалност, кога едно дело предизвикува друго. Затоа, таткото не е само ропак како што го романтизирате, активно има придонесено во самоубивството, а со тоа и воубиство
Зошто ги повлекла сите пријави?
Или тоа не предизвикало нешто друго?
Автоматски споено мислење:

Никој не го игнорира тоа, ама само затоа што има историја и криминално досие не може да му се припишуваат туку така и наведување и помагање на самоубиство и убиство.
Исто и за таткото на Вања излегоа медиумски приказни бил наркос, бил коцкар, ќерката си ја продал итн. Резултатот на тоа е инспекторско насилие кон сега докажан невин човек.
Се работи за правен пристап кон било која единка, во сечиј интерес е да се има трпение. Вака без трпение не можам да замислам како би функционирал правниот систем ако имаше порота.
Од она што знаеме може да помине обвинението за наведување на самоубиство, но помагање нема шанси.
Исто така знаеме дека Ивана ги повлекла сите пријави за насилство. Зошто како и дека живеела во страв е очигледно, но промена на законов може да биде и катастрофа и да се користи за малтретирање.
Автоматски споено мислење:


Правдата е некомплетна во однос на убиството на девојчето. Нејзината мајка изврши самоубиство и не може да биде гонета.
По кој основ би се ослободил таткото кога треба сега да одговара за неговиот удел?
Он има удел за семејно насилство на кое жртвата подлегнала психички и извршила убиство и самоубиство.
Вината за чинот е нејзина и само нејзина

Он е виновен за семејно насилство и ќе беше осуден за убиство, ако она сама се фрлеше а не со детето.

Правно нема основа да биде игнорирано тоа што она ги повлекла пријавите. Тоа е нејзина одлука и она му ја дава слободата на Стојанчо со тоа што го напраила
Нејзините постапки се негова одбрана во случајов

Јас само ви кажувам дека со добар адвокат нема да биде осуден за убиство и ниедно обвинителство не помага
 
Последно уредено:
Во овој случај, не се согласувам. 10 кривични без лежење затвор (насилен криминал), плус од повеќе сведоци и видео надзор, потврдено семејно насилство, дечкото не лежел. Мислам дека државата била исклучително трпелива за некој што е осуден веќе 10 пати, и пуштан на слобода 10 пати. Да бевме нетрпеливи после првиот пат кога нападнал некој со нож, или нетрпеливи после првите пријави, или првиот шамар кон Ивана, може ќе беа живи и Ивана и девојчето. Бидејќи никој не реагирал на неговите постапки, дојдено е до оваа ситуација која ја дискутираме. (мое мислење)


Тука се сложувам, али не мислам дека му се препишуваат туку-така. Контекстот е дека има: видео докази, изјави од сведоци, и други индиции дека бил насилен кон Ивана подолг период. Во тој контекст, има став во членот за наведување на самоубиство кое е предизвикано од небрежност. По тој основ ќе го гонат. Дали ќе докажат и дали се во право, без да видиме докази и да имаме увид во постапката неможе да знаеме.


Мора нешто да се смени бидејќи 2ри или 3ти во Европа сме по семејно насилство, а сме една педа земја со пола народ, пола џандари. Неможе на толкав државен апарат државата да си дозволи такви бројки, поразително е. Дали ќе има малтретирање со законот? Законот сам по себе за мене не е проблем туку е примената. Најважно е да знаеме дали истиот ќе намали стапка на насилство, што сега, очајно ни треба.
Тоа што некој има криминално досие, е наркос, е насилен не значи по автоматизам дека дома ја тепа жена му. Знаеш колку случаи има такви а жена му можеби и не знае што прави мажот и надвор.
Значи луѓето не може секогаш да се стават во фиока, ако е така дај уште сега наеднаш да почнеме да ги апсиме сите насилници уште во средно и да ги осудиме на 10 години демек така ќе спречиме идни тепања и убиства. Не сме гатачи за со сигурност да знаеме кој што ќе направи. Која е сигурноста дека Стојанчо немало да продолжи да ја тепа жена му од кога ќе излезе од затвор? Ти си попаметен од некои други и мислам ме разбираш дека не го бранам Стојанчо туку сакам органите на државава да постапуваат по утврдени докази а не по претпоставки.
Вистина е дека имало десетици пријави дека е насилен кон жена му, ама пак, Ивана ги повлекувала.
Немаше физички контакт, тоа беше недоразбирање и го решивме мирно. Не барам никаква полициска постапка или понатамошни дејствија од полицијата. Појаснувам дека не сакам да го претставувам случајот како семејно насилство, ќе ги решам проблемите мирно и ќе се разведам
За разлика од случајот со Росица, тука има докази дека полицијата настапувала по секоја пријава. Службата што највеќе разочарала тука во овој случај е социјалното. Да биле способни а не мрзеливи и незаинтересирани ќе имало различен крај сето ова.
Ако се смени законот и ако се смени да може полицијата да апси по секоја пријава без разлика на потврдување на веродостојноста на пријавата тоа статистички ќе го зголеми насилството, па ќе имаме Џони Деп судења на кои медиумите ќе тријат раци. Затоа треба да е внимателно собранието.
Автоматски споено мислење:

Зошто ги повлекла сите пријави?
Или тоа не предизвикало нешто друго?
Автоматски споено мислење:


Он има удел за семејно насилство на кое жртвата подлегнала психички и извршила убиство и самоубиство.
Вината за чинот е нејзина и само нејзина

Он е виновен за семејно насилство и ќе беше осуден за убиство, ако она сама се фрлеше а не со детето.

Правно нема основа да биде игнорирано тоа што она ги повлекла пријавите. Тоа е нејзина одлука и она му ја дава слободата на Стојанчо со тоа што го напраила
Нејзините постапки се негова одбрана во случајов

Јас само ви кажувам дека со добар адвокат нема да биде осуден за убиство и ниедно обвинителство не помага
Од страв ги повлекла. Не е тешко да се заклучи.
 
Последно уредено:
Човекот не лежел и покрај тоа што има цела листа на кривични дела против него и историја на насилство. Тоа што овде го посочуваме, а најголем дел го игнорираат - како е можно човеков да биде на слобода после 10 кривични (секоја од нив предвидува по неколку години затвор)? Како е можно да е на слобода после првите напади кон жена му?
Дека у 99.9% од случаите вакви ликови се џандарски тастери :) или некако поврзани со полиција. Нормално доказ за ова нема (и никогаш нема ни да има) ама треба само да собереш 2+2 да ти е јасно тоа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom