Тие не се третираат ко туѓи. Значи во тие случаи има поврзаност од нарачател до жртва.
Се сложувам, али прашањето само по себе е незгодно, али мислам дека знам на што целиш. Дали убиство извршено од Х може да се товари на некој У што не зел директно учество во убиството? Краткиот одговор е да, можно е.
Припер 1: Дете носи пиштол во школо (Рибникар) и утепува 10 души. Иако родителите на детето не ги извршиле убиствата, не ги нарачале, со тоа што биле невнимателни, му овозможиле пристап до оружје на синот, не го контролирале, а имале должност, имаат висок степен на вина и лежат, иако они не се извршители, ниту нарачатели на убиствата. Нивното невнимание и неодговорност довело до голема трагедија и ради тоа се сметаат за виновни.
Пример 2: Некој се дави во фонтана. Перо може да го спаси без никаков реален ризик, до него е, али не пушта рака да го извади човекот. Иако Перо не го фрлил човекот во фонтаната, иако не е по негова вина таму, под тие околности Перо е должен да реагира - може да го спаси. Ако не реагира, смртта е негова вина (иако буквално Перо не го ни допрел човекот, ниту го познава, ниту е виновен што е таму, а е виновен за неговата смрт - дело од несторување).
Пример 3: Замисли дискотека со капацитет од 500 луѓе, која што по закон треба да има 5 излези за итни случаи, она ги има истите, али 4 од нив ги затвориле со гајби за пиво, пошто газдите не сакаат да трошат на магацински простор. Се случува пожар поради свеќи од торта, поради тоа што има само еден излез, другите се блокирани со пиво, има 10 настрадани пошто немале каде да избегаат. Кој е виновен? Дали тој што ја донел тортата со свеќи? Дали вработените на објектот што ги блокирале излезите? Дали газдата што не им дал правилни насоки на вработените? Дали обезбедувањето што дозволиле свеќите да се запалат внатре?
Зборот ми е, право е комплицирана работа. Во овој случај прашањето е дали воошто и до кој степен може Стојанчо да биде крив, за нешто што го направила сопругата. Дали нејзиниот акт е последица на неговите постапки (насилство, закани, психо-физичка тортура)? Тоа ќе треба да се докаже. Интересен предмет е (правно гледано).