Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
Хммм не.А колку треба гејнери/протеини за 6-7 килограми??

Една доза на дианабол од 90 капсули.

Значи се зависи од личноста, метаболизмот, дневната шема, распоред на исхраната... многу фактори се клучни во тоа.
Неможе никој конкретко да ти одговори, едноставно најлесно решение е да почнеш и да пробаш.
 
Хммм не.А колку треба гејнери/протеини за 6-7 килограми??
А да не фрла пари, да си среди исхрана?
(најмалку 6-7 кг протеин под услов остатокот од исхраната целосно да му ги задоволува дневните потреби)
 
Хммм не.А колку треба гејнери/протеини за 6-7 килограми??
Прашање, кое навистина ме враќа многу години наназад.
Тоа се додатоци во исхраната, кои можат да ја збогатат онаа исхрана која како основа ја имате во секојдневието. Значи, ако не се храниш ти или другарти како што треба, со помош на било кој додаток само ќе успее да го збогати тоа ништо, а дека ќе качи иколку ќе качи на маса, телесна тежина и мускули...ништо.
Ако некој има услови на одлична исхрана, како аматер и рекреативец воопшто нема да му требаат било какви додатоци за да качи 5-6 кг телесна тежина. Мускули и телесна тежина се два различни поими.
Па ако другарти сака да зголеми на телесна тежина, нека напише како до сега се хранел и јас ќе му кажам што да додаде и за 10 дена ќе има 6 кг повеќе. Ќе треба да напише и активности во текот на денот.
Но, ако сака 5-6 кг МУСКУЛИ, тогаш нека си го одбере бодибилдингот како начин на живеење и за една година ќе ги има на себе.
 
Кажете кај е најефтин стекот
 
верувам дека тука ќе најдам одговор, сакам да купам тегови, т.е. плочки од по 5 кг, прашав во рамстор велат 35 денари е кило дали има некој информација за поефтино решение некое, немора да се класични плочки
 
Само не ми е јасно зошто многу го исфрлаат тренингот.. Повеќето одат во теретана,вежбаат малце,зборат повеќе,ќе се напие протеин и ќе рече неможе само од протеин да се порасне.

Мускул не расте со седење и јадење протеини.. Туку со вежбање и правилна исхрана нормално и суплементи ако си дозволува некој.
 
35 денари кило?!? Грешка си нешто.
 
верувам дека тука ќе најдам одговор, сакам да купам тегови, т.е. плочки од по 5 кг, прашав во рамстор велат 35 денари е кило дали има некој информација за поефтино решение некое, немора да се класични плочки

Заеби Рамстор, земај си од Гладијатори (кај грчка амбасада) или Биди Фит (кај Зелен пазар)
Еве ти линк од Гладијатори: http://www.gladijatori.com/%D1%82%D0%B5%D0%B3%D0%BE%D0%B2%D0%B8%2C-%D1%88%D0%B8%D0%BF%D0%BA%D0%B8%2C-%D0%B0%D0%BA%D1%81%D0%B5%D1%81%D0%BE%D0%B0%D1%80%D0%B8/%D0%B4%D0%B8%D1%81%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D0%B8/
 
Совет некој за брзо слабеење, и подобрување на задникот?:)
 
Само не ми е јасно зошто многу го исфрлаат тренингот.. Повеќето одат во теретана,вежбаат малце,зборат повеќе,ќе се напие протеин и ќе рече неможе само од протеин да се порасне.

Мускул не расте со седење и јадење протеини.. Туку со вежбање и правилна исхрана нормално и суплементи ако си дозволува некој.

Оти се мрзи .. Нели гледаш дека како иде летото , така се зголемува бројот на постови на оваа тема у стило „Дај кажете како брзо да ослабнам „ , „ Дајте диети за слабеење „ , „ Дали со 1кг протеини ќе направам тело ? „ итн ...

Едно што ги мрзи да побараат на нет или да прашат поискусни у теретана или било дека , друго што сакаат е „магичен рецепт ала реклама на ТВ со 2 минути тренинг на ден до тело на модел „ ...

Имаше кај мене примери , и уште има , у теретана , абдали зимаат стереоиди и после 2-3 месеци се жалат нема ефект .. Е ќе нема ... направе 2 повторувања на гради и оде гледа се пред огледало .. мака , посветеност , дисциплина , пот тоа треба ... ама на кој му расправаш ...
 
Ахахаха да да заборавив.. Мислам дека огледалото повеќе работа им врши и жалењето него вежбањето..
 
Совет некој за брзо слабеење, и подобрување на задникот?:)

Редовно трчај по 30-40 минути, вози велосипед, не јади премногу благо, солено, мрсно и леб... јади повеќе салати, пилешко, риба, бадеми, овошје... пиј многу вода по 1.5-2 кг на ден....
--- надополнето: Jul 1, 2011 10:03 PM ---
инаку сакам да прашам зошто се користат појасите што ги стават во половината при вежбање? имам приметено некои.. :)
 
инаку сакам да прашам зошто се користат појасите што ги стават во половината при вежбање? имам приметено некои.. :)

Во главно служат за обезбедување на рбетот и за да се намали притисокот и ризикот од повреди што го трпи тој дел на телото при некои видови вежби како например мртво кревање. Плус велат дека демек ако носиш појас кога вежбаш вежби како мртво кревање или чучњеви бидејќи помалку работат абдоминалните и долно грбните мускули помалку ти се "шири" телото во тој регион па полесно е да изградиш"V" форма на торзо.
 
Точно и плус друг голем фактор е бидејќи носењето појас дозволува да креваме повеќе килажа на чучњеви и на мртво дигање.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom