Боди билдинг и теретани - прашања, одговори, заблуди, совети...

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Capo^
  • Време на започнување Време на започнување
preporacajte nekojj dobar kreatrin vo odnos cena-kvalitet. Nezo za koristenje na 1 mesec ili 2 meseca seedno samo da bide dobor za parite(da ne skapo de :D)
 
Сигурно мислеше на креатин.:D
Релативни сите ти се исти, кој и да го земеш.. Не вреди да даваш многу пари.
Што се однесува до мене, ти препорачувам и да не даваш воопшто пари само на креатин, не ти треба. Инвестирај во исхрана, или во добро протеинче, или некоја др комбинација.
Јас креатин користам многу ретко во минимални дози, само кога имам напорен месец, со многу физичка активност. ;)
 
Каква е состојбата Атанасовски?
Која теретана е ок во Кисела вода?
И тие маалските у подруми што се доаѓаат у предвид.
Врие секаде луѓе?
 
@Mafo1 , ме интересира зашто мислиш дека е попаметно суплементација со протеин, споредено со креатин? Или зашто креатинот го ставаш на последно место, пред останатите производи, 'протеин или некоја друга комбинација'?
 
Негде Аеродром, Кисела Вода дали има клуб што повеќе влече кон powerlifting не класична теретана?
 
Некако замре темава, сега треба да сте најактивни.
:D

Иначе што решивте за тема за стероиди на форумов?

Да се пишат кои се најзастапени и негативните страни, без позитивни, да станеме најголеми критичари на лековите во МК, затоа што по интернетов се зборува само за позитивните што е смешно и нормално се кажува само за опаѓање на коса и акни АКО има негативни страни.

Во последно време е зголемена употреба на овие работи и намалена е возрасната границa.
 
Не пиши жити се, сега ќе ти се пуштат како глутница волци...
Пробав јас 2-3 пати, безуспешно.
 
Некако замре темава, сега треба да сте најактивни.
:D

Иначе што решивте за тема за стероиди на форумов?

Да се пишат кои се најзастапени и негативните страни, без позитивни, да станеме најголеми критичари на лековите во МК, затоа што по интернетов се зборува само за позитивните што е смешно и нормално се кажува само за опаѓање на коса и акни АКО има негативни страни.

Во последно време е зголемена употреба на овие работи и намалена е возрасната границa.
Во последно време е зголемена употреба на се во спортот, возрасна граница не се ни прашува.
Во 2006 кога влегов прв пат во теретана, табу тема беше креатинот, на прсти се броеја луѓе во таа теретана кои конзумираа креатин, во тоа време и интернетот беше доста лимитиран за истражување и ние како деца од по 14-15 години имавме предрасуди и страв и кон аминото, а не пак за нешто појако.
Се сеќавам дека за л-карнитин бевме кај лекар кој беше татко на еден школски за да ни објасни дека може да го земаме и не го пиевме нон стоп, туку само со кардио.

За негативните страни пак тешко е да се објасни, прво не се јавуваат исто кај секој исто, второ кај нас на црн пазар никој не знае дали тоа што го зема е навистина тоа што го пишува на паковањето.
Пример анаварот (оксандролон) кој е како „најбезбеден“ во мкд е можеби најнебезбеден зошто за цените кои се нуди огромна е шансата да е фејк, најчесто се работи за препакуван винстрол или дианабол. Мој совет кон секој што планира да земе да се преслуша уште еднаш и да си препровери од каде сака да го купи, ако се работи за тестостерон најдобро од аптека, прегнилот за после шема пак од аптека, а се што може да купи од црн пазар да се внимава оти тој пазар не е ништо различен од оној за дрога, трговците ги интересира само профитот.
 
Дај ако не да поставиме анкета дали сакаме таква тема на форумов.
Па некое дете ако напише дианабол на гугл да му излезе и негативно гледиште за лекот токму од форумов, па да може да одлучи дали би земал.

Затоа што многу оскудни се лошите коментари дали на македонскиот дел од интернетот дали во теретана.
 
Таа тема е премногу широка за да ја објасниме тука, совети за циклуси уште помалку може да се даваат преку форум.
Кој сака да прочита и научи нешто за оваа тема, може да научи од оваа книга:
ANABOLICS 11th Edition William LLevellyn
 
ај некој од кисела вода нека препорача дали е подобро атанасовски или гладијатор(од тип гужва справи итн) парите мање више
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom