По двете претходни епизоди со френетично темпо, финалето малце млакичко беше, но сепак си беше супер, повеќе како предпремиера за последната сезона.
По пресвртот со Ким, која што очигледно повеќе ужива да биде Жизел заедно со Сол Гудман, отколку Ким со Џими, сега некако теоријата дека Ким ќе умре не ми држи веќе. Повеќе би рекол дема има три сценарија
- Џими да и раскине за да ја спаси да не заглави уште подлабоко
- Ким заглавува длабоко со саботажата на Хамлин и завршува во затвор
-Ким уствари цело време е присутна во животот на Сол во дејствијата за време на Б.Б, никогаш не видовме ништо за личниот живот на Сол во тоа време, може работат заедно, само што оваа теорија има проблем што воопшто не се спомнува при крајот кога Сол бега дека треба и некој друг да замине со него.
Како и да е, најдобра сезона досега, ќе си почекаме годнинаипол, може и две да ја видиме разврската на оваа приказна.
Не ми се верува дека во пет сезони на ББ и пет на оваа серија, сега дури ги гледав глумците на википедиа увидов дека глумецот што го глуми Дон Еладио е Мани Ривера од Скарфејс. Заедно со Ектор Саламанка, тоа се веќе двајца глумци од истиот филм што се појавуваат во овој универзум на BB/BCS