Токму ова е муабетот. Мурињо започна со овој пристап во Реал и тоа поради неспособноста да им се спортистави на Барса и Гвардиола. Затоа според мене одењето во Реал му е чекор надолу во кариерата. Не играше така Интер во дерби натпреварите кога го водеше Мурињо, без разлика дома или нагости.
Интер е сосем друг муабет. Мурињо отсекогаш изјавувал дека прва цел на тимот е да го зачува својот гол а потоа и да даде гол на противникот. Во Интер имаше совршени услови за да ја примени оваа негова физлозофија, одбраната беше најдобра во светот тогаш, средниот ред со доаѓањето на Снајдер и Мота ја доби потребната димензија, нападот исто со Ето, Пандев и Милито... Ако ти текнува Ето со Барса играше бек.
Кај Мурињо оваа сезона ме чуди што некако знае да потегне некои пичкарски потези, нешто што апсолутно не е карактеристично за него. Во Интер ако губеше знаеше со 4 напаѓачи да игра, плус и Самуел или Лусио ко лажна 9ка се уфрлаа. Сега цело време е со еден напаѓач, и или го вади тој едниот напаѓач па става друг, или го остава во игра а ги мења крилните играчи ( Оскар, Шурле, Вилијан).
Што знам, пред почетокот на сезоната за мене Челзи беше прв фаворит за титулата, но според игрите и не ме убедуваат дека можат да освојат така лесно. Само ќе видиме, Премиер Лига е ова, сега следи пеколниот период, кој ќе издржи тука ќе има најголеми шанси за титулата.
П.с. По завршувањето на првото полувреме се спремав да пишам пост со еден куп пофални зборови за Мурињо, ама ме мрзеше, викам ај нека заврши па ќе напишам после мечот. Реално, во првото полувреме Челзи одигра одлично, страшен пресинг вршеа и беа многу блиску да дадат гол, иако немаа дузина шанси. Убаво пишал некој во посебната тема за дербито, Мурињо нема асален напаѓач сезонава, се е ќоро и сакато во Челзи на таа позиција.