Barclays Premier League Season 2013 - 2014

Кој ќе ја освои Премиер Лигата?


  • Вкупно гласачи
    289
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498

Премиер Лигата спонзорирана од банката Barclays е фудбалско натпреварување од највисок ранг во Англија кое оваа сезона ќе вброи 18 англиски и 2 велшки клубови, при што за прв пат во првата англиска лига ќе имаме можност да го гледаме дербито на Велс помеѓу Кардиф Сити и Свонси Сити. Клубови кои сезонава се вратија во Премиер Лигата се Кристал Палас кои повторно ќе заиграат по 2005 година, Хал Сити по 3 сезони и Кардиф Сити кои се враќаат назад по 51 година.

По нејзиното формирање во 1992, Премиер Лигата ја имаат освоено само 5 клуба - Манчестер Јунајтед 13, Арсенал 3, Челзи 3, Блекбурн 1 и Манчестер Сити 1.

Сезоната ќе започне на 17 август и ќе трае се до 11 мај 2014 година. Принципот на прогласувањето на шампионот ќе биде по старо - бодови, гол разлика, меѓусебен дуел, плеј оф натпревар на Вембли. За официјално отворање на сезоната во Англија се смета FA Community Shield натпреварот што се игра на Вембли или суперкупот како што се нарекува во другите лиги, натпревар кои го играат освојувачот на лигата и освојувачот на ФА Купот. На 11 август на Вембли ќе играат Манчестер Јунајтед и Виган.

За прв пат оваа сезона, во Премиер Лигата ќе се користи Hawk Eye гол технологијата која ќе реагира при секое поминување на топката на гол линијата и ќе сигнализира дека е постигнат гол.


Оваа година, во англиската премиер лига, за трофејот ќе се борат следниве 20 екипи:

Арсенал
Астон Вила
Кардиф Сити
Челзи
Кристал Палас
Евертон
Фулам
Хал Сити
Ливерпул
Манчестер Сити
Манчестер Јунајтед
Њукасл Јунајтед
Норвич Сити
Саутемптон
Стоук Сити
Сандерленд
Свонси Сити
Тотенхем Хотспар
Вест Бромвич Албион
Вест Хем Јунајтед

Трофејот кој се доделува на освојувачот на Премиер Лигата:


Моментални освојувачи на Премиер Лигата се Манчестер Јунајтед кои ја освоија лигата по 13ти пат а севкупно го освоија фудбалското првенство на Англија по 20ти пат.



Екипи со нови менаџери за почетокот на новата сезона се Евертон (Роберто Мартинез), Челзи (Жозе Мурињо), Манчестер Јунајтед (Дејвид Мојс), Манчестер Сити (Мануел Пелегрини) и Стоук Сити (Марк Хјуз).

За оваа година, Англиската Премиер Лига ги задржа местата доделение од УЕФА за континенталните натпреварувања и како и изминатите сезони, првите трипласирани екипи обезбедуваат директен пласман по групите во Лигата на Шампионите, четвртопласираната екипа ќе игра квалификации за влез во групите, петтопласираната екипа ќе игра квалификации за Лига Европа. Последнопласираните три екипи ќе го напуштат најелитното англиско фудбалско друштво и ќе се преселат во Скај Бет Чемпионшип дивизијата.

Овогодинешни претставници на Англија во Лигата на Шампионите ќе бидат Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Челзи и Арсенал доколку го поминат квалификациониот натпревар а во Лигата на Европа ќе настапуваат Тотенхем Хотспар (исто така доколку го поминат плеј - оф дуелот), Виган како освојувач на ФА Купот и Свонси Сити како освојувачи на Капитал Уан купот кои ќе бидат првата неанглиска екипа која ќе ја претставува Англија во Европа.

Премиер Лигата оваа година ќе имаме можност да ја следиме на Спорт Клуб каналите, тие поопремените ќе можат да ја следат и на англиските Скај Спортс канали.

Па дечки нека ја освои лигава најдобриот, нека влезат во ЛШ тие највеќе што ќе заслужат и нека испаднат Стоук конечно :icon_mrgr:
 

Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.611
Shampion Chelsea FC, runner up Man City, 3to United, 4to Arsenal/Tottenham, ostanato ne e bitno.

Po 2-3 rechenici.... Chelsea najiskreno ocekuem da bide najgolemiot kandidat za osvojuvanje, klasa igraci na site pozicii, dobro ne bash na site ama na 80% od poziciite + world class trener i toa ne koj world class trener.... Jose + Chelsea = Love.

City.. premnogu dobar roster na igrachi, pak slabo trenersko ime. Ednash im uspea toa, dali moze da im uspee pak.. sho znam.. ne znam, kako i da e ke bidat opasnost.

United - ocekuvam da padnat, ne da padnat drasticno vo odnos na nivo na Liverpool da dojdat, ama ocekuvam stagniranje od tronot bar sezonava. Poise od City se plasam nego od United. Bez Fergi da ne se zaboravi.

Arsenal/Tottenham - kje se jadat za 4to mesto.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.399
Поени од реакции
85.349
:cuc: Како што тргна работава помислив дека попрво Арсенал ќе освои титула него ли да се отвори темава.

Ај за убаво нека е, да се повтори неизвесноста на "Агуерооооооо" сезоната, ривалствата од "МТВ ерата" и атрактивноста што ЕПЛ ја нуди секоја сезона.

И не ќе биде полошо да се намали со безпотребни расправии пошто како што тргнало останатите членови на форумов тука ќе фаќаат сеир наместо во темите за религија и атеизам.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.726
Поени од реакции
52.663
Стоук си заборавила да кажеш дека има нов менаџер :D
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.399
Поени од реакции
85.349
П.С. Се надевам дека Стоук нема да испаднат и ќе ги победат екипите за кои што навиваат хејтерите на Стоке :icon_mrgr:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Стоук си заборавила да кажеш дека има нов менаџер :D
Да бе, сеа ќе поправам :)

Иначе во договор со останатите модератори, од сеа сите оние трол фудбал слики наместо во темиве за фудбал ќе се постираат во онаа смешни слики и стрипови, нека не се запушуваат теми беспотребно, нека се оддели јпг сеирот понастрана. Фала на внимание :D
 

HristijanWR10

Bryan Kearney
Член од
11 април 2012
Мислења
10.765
Поени од реакции
20.485
Со среќа нека им е на сите екипи од ПЛ во Европа, да го вратиме трофејот од ЛШ за да се замолчат малку шпанците и германците.

Како главни конкуренти за титула го гледам Јунајтед и Челзи.
Ливерпул, Арсенал, Тот`нем и Сити ќе се борат за останатите две места, додека бум сезона очекувам од Вест Хем, Свонси да паднат во ПЛ форма бидејки настапот во Европа ќе им се одрази но нема да се борат за опстанок.
Стоките нека испаднат веќе со нивниот анти фудбал.
За фудбалер на година очекувам да биде Мата, најдобар стрелец Суарез нормално ако остане во ПЛ и најдобар систент Нани:rolleyes:(читај Силва).

И ги молам италијаните да не ја тупат со Сандерленд, нека пишат нормални постови.
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
4.625
Поени од реакции
5.678
se nadevam deka vo ovaa tema ke ispiseme minimum edno 2000 strani :D
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Ќе им биде потешко на Манчестер без Ферги кој имаше авторитет и големо влијание врз ФА. Многу пати заради тој авторитет Манчестер знаеше да освојува двоцифрен број на бодови во последни две минути или пак да им се олесни патот до трите бода со некоја сомнителна одлука.
Сепак да не заборавиме дека Манчестер е машинерија за правење пари и бренд број 1 на ФА за откуп на ТВ права и во секој случај ќе биде фаворизиран од старт малку плус имаат и страшен играчки кадар.
Тука е секако и Челзи со Мурињо кој знае да направи чуда во соработката со Абрамович и е рамо до рамо со Манчестер во борба за титула.
Сити ми е малку чуден со Пелегрини, не дека е слаб тренер но се покажа како неуспешен да ги скроти егата на преплатените фудбалери во Реал и направи да функционираат како тим. Не знам како мисли да го направи со Сити каде што ќе се соочи со истиот проблем.
Арсенал едноставно нема играчки кадар и Венгер мора да престане со експериментирање ако сака да биде конкурентен за титула, вака ќе биде чудо ако издржат да бидат во игра за неа до Боксинг деј.
Ливерпул ми е симпатичен со Роџерс, може и да блеснат во одреден период од сезоната ама не верувам дека и тие ќе имаат некој континуитет за да се борат за титула. Им фали очајно играчки кадар за тоа, слично како и на Арсенал.
Тотенхем ако го продадад Бејл му преостанува да се борат за во Лига Шампиони со триста маки слично како и Евертон.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.399
Поени од реакции
85.349
Инаку кога веќе споделуваме желби за следната сезона сакам темава да биде празна околу Септември бидејќи сите ќе ги славиме успесите на кошаркарите :D
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.448
Поени од реакции
87.176
И ги молам италијаните да не ја тупат со Сандерленд, нека пишат нормални постови.
Ние не тупиме со Сандерленд... ние сме вистински навивачи кои го сакаат клубот :love::D


Инаку најреално очекувам Челзи и Сити да се фаворити за оваа сезона, Арсенал и Манчестер некако слабо ми стојат (досега) на трансвер пазарот, па затоа можеби не ги внесувам во фаворитите. Тотенхем ќе изненади и со Бејл и без него... пред се ако ги добијат 90 милиони, сигурно е дека ќе се засилат. Ливерпул очекувам конечно оваа година да влезат во првите 4 екипи, долго време се уиграни, а последните неколку кола од минатата сезона докажаа дека можат да живеат и без Суарез.
Јунајтед се енигмата, немаат засилувања, нов тренер... ама сигурно и нив не им бега ЛШ
Арсенал пак како што тргнале летово, пак за 4 место ќе се борат, нажалост...

Така да според мене

1. Челзи/Сити
2.
3. Јунајтед
4. Арсенал/Тотенхем/ Ливерпул
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.863
Опа нова тема, шо да кажам, нека е со среќа.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom