Балкански X Factor

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Ако тепа оваа квичалово Тамара со авион ќе им влезам во БГ арена.

Вчера само крајот го гледав, а и така како што видов ништо посебно не била вечерта.
 
Тамара требаше да испадне место Илма. Значи преубава ми е, ја обожавам, ама кога станува збор за пеење, најслаба е од овие вчера што пееја.
Кој и да победи меѓу Маид, Докторите и Даниел нема да ми е криво, сосема заслужено би било.
 
Господ здравје да ти даде. Само шо сакав воа да го пишам ама си ме преварил. Кoја завист човече ке проумрат од љубомора :D

Читај:

Јас ја читам темата од почеток до крај и не сретнав некој коментар од женско што ја мрази Тамара или да добијам впечаток дека е од љубомора. Глупости се тоа. Повеќето после аудицијата ја сметавме за фаворит, ама што после тоа почна да прави невидено утки не и е лепота крива. Мене лично она ми е преубава, малце не баш елоквентна и снаодлива што ми квари впечаток за неа како личност, и сосема просек за пеење од досегашното прикажано. Жими вчера ми беше онака ОК.
 
Инаку вчера шлог ме удри кога дознав дека Кики уствари се вика Зоран. :eek::icon_mrgr:
Цел живот го знам како Кики Лесендриќ и претпоставував дека се вика Кристијан, ама ете...
 
Знае некој каков ќе биде форматот на финалето? По колку песни ќе пејат, како ќе испаѓаат?
 
Пее најлошо или не ти се свиѓа?
Тоа се две различни категории.
Кажи ми точно зошто пее најлошо, од музички аспект, секако бидејќи некако си експерт... ;)

Како карактер е најдобар од сите до сега учесници. Странско може малку подобро пее, али српски и македонски боље и нека не пробува. Цел балкан му се смее. А другиве останати што се во финалето сите се подобри од него.
 
Дека не стигна до тука,затоа немаше! :)

Држи вода ова. :LOL:

Баш забележив и на фб , ептен ја хејтаат Тамара. Пее добро , не е нешто посебно али на моменти знае да блесне. Али толкав хејт немаше ни за Фифи , кој патем пееше доста добро но го хејтаа за неговиот специфичен изглед и лајфстајл. :)
 
Тие што излегле не ги коментирам...., но за Лукијан и Тамара јас незнам како стигнаа до тука кога се далеку од професијата пеач/ка:)
 
Тамара е сосема ок, но грешка правите што ја мерите според успешност во изведбата до оригиналот. И тука лежи срањето во шоуто со ретки исклучоци. Успешност е некој да испее како оригиналот, неуспешност е некој да забега, па за прилагодување и експериментирање со песната на сопствен начин да не правиме муабет, вака оди некако оценката, што по мое е сосема грешно и глупо.

Потребен е специфика вокал кој ќе може да шиба некој стил што ќе се продава тука на балканот, па и пошироко ако дај Госпо ко шо вела старите. Тој вокал ќе го форсираат со негова музика, каде никој нема да праша и нема да биде потребен одговор на прашањето -Дали Маид го фаќа исто Чола, или дали Тамарче пеела исто како Ријана и тн и тн.
Илма детенцето беше закон, но ете го исфрлија чунки лоџик сакс, не се потребни многу Босанци во гласањето, едно покритие е таман.

Доктори се збир на Биберовци и Бекстрит Бојс(овие хардкор беа ако добро размислиме). Повлекуваат бидејќи се збир од индивидуалци по некоја логика поголема гласачка маса. А за куре не ги бива. Знаат да заверглаат ито како од она што сум чул на јутуб.

Маид е добар копирач и точен пред се, но нели бараме нешто специфично, интересно, а не веќе видено со музички распон на Исламовиќ и Дугмевци така? Го има она сељачкото од Босна во себе, а на некои тоа може да им потсметува ако се сака да се прави поп ѕвезда.

Даниел е блиску до условите да биде избран, ако не и најблиску. Може по мое да се протне со некој лесен поп како овие америве, впрочем и песните кои ги дрнка и ги модифицира се движат во некоја таква линија. Не дека е наш, но од овој остаток на певаљчиња тој е најблиску до потребната формула.
 
Последно уредено:
Се шпекулира за тепачка во икс фактор помеѓу Грубин и Калезиќ. Инаку, гледано од моја перспектива, Маид пее песни што не се многу блиски со денешницава, но дечкото разбија. Што се однесува до Тамара многу квичи кој збори ама има шанси за победа, Даниел убаво пее АНГЛИСКИ за другово не се експлонрал премногу, ама има и некој негативности кај него кој не би сакал да ги коментирам сега, Доктори се група и имаат најмали шанси за победа, плус џабе да победат кој едниот од Босна едниот од Нови сад третиот од Белград и така натаму, секој после ова ќе почне соло кариера, единствено убаво што ја испеаја беше Фридом бар според мене. За мене реални победници би биле Лукијан или нашиов иако Лукијан неверувам дека има шанси ради низата фалшеви, сепак, во финалето сите имаат предности и негативности, останува да видиме :)
 
СКАНДАЛ: Тепачка во „Х Фактор“
Вчера вечерта, на последната емисија пред супер финалето на „Х Фактор“ изби скандал!
ana-slavko_600x400.jpg

По завршувањето на емисијата, Славко Калезиќ, поради кој многумина беа збунети и изненадени од неговото појавување на сцената на „Х Фактор“, ја нападнал водителката Ана Михајловски поради нејзиниот коментар пред неговиот настап.

Имено, целата приказна започнала непосредно пред емитувањето на шоуто, во текот на генералната проба. Ана доживеала непријатно изненадување кога видела дека Калезиќ ќе се појави во емисијата, па направила мал скандал.

- Почна да вика ‘Тргнете ми го овој мајмун од сцена’ а откако продукцијата одби да го направи тоа, Ана го повика обезбедувањето и заедно со нив си отиде во својот апартман, вели извор сведок на случувањето. Сепак, тука не завршува приказната, Ана настапот на Славко го најави со несоодветни зборови па дури не му го спомна ниту името, па по завршувањето на шоуто, Ана се упатила кон својот апартман зад студијата, каде на вратата се појавил Славко!

- Дивјачки удираше по вратите на апартманот на Ана, а водителката мораше да се заклучи и да ја турне фотелјата до бравата. Вриштеше: ‘Отвори да видиш што е Црногорец, сега ќе те здробам’ и целата зграда го слушна. На крајот мораше да интервенира обезбедувањето кое го оддалечило од апартманот, додава изворот. Ана не сакала да го напушти апартманот, се додека не била сигурна дека опасноста, односно Славко, си заминал од студијата. Актерите на скандалот се недостапни за коментари.
 
Го болит вистината..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom