Балкански X Factor

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Ќе прашам пак. Ај ако може попрецизно да напишеш зошто Тамара имала најдобар настап, а Маид катастрофа. Од музичка гледна точка? Пошто гледам некако однесувањево ти е експертско, ако може да го образложиш мислењето.

Тамара нема однесување за јавна фаца. Пред некоја епизода, ја прашуваат водителиве "Што ти донесе Икс фактор?", оваа вика "Па не знам што ми донесе, не го разбирам прашањето". Мислам дете од осмо одделение да го прашаат тоа, ќе се извади, ќе рече му донело слава, среќа, обожаватели, што ти ја знам. Да ја пратат Тамара на Мис на свет, нема да одговори дека најголема желба и е мир во светот, ете до толку е.

Според ова што го пишав звучи дека ми е одвратна Тамара. Не. Туку, сметам дека таа и Лукијан се глаовно најслаби меѓу петмината. Лукијан баш ми е симпатичен, вчера посебно, ама тоа е што е.
Тамара има најдобар глас и не сум експерт туку кажувам свое мислење.Има мек глас и тоа ми се допаѓа кај неа за разлика од Маид којшто упорно одбира песни во кои има долги делови во кои има високи тонови,а тој тоа не можи да го испеј,односно го пеј ама сосила, и повеќе ми звучи на дерење отколку на пење.И не,доколку те интересира,неможам да испеам како него бидејќи ни сум пејач,ниту имам желба да бидам а ниту имам талент да пеам.Исто така Даниел може да испее високо,но кај него звучи прекрасно,Чолич ги пеј истите песни но кај него звучи супер.Можеби не е толку лош како што го искритиував,но не е толку добар за да влезе во финалето,а Илма која има гласиште да отпадни.Во некое друго шоу би можел и да победи,но во Х фактор покрај такви таленти нема што да бара.

Тамара во врска со прашањето јас го сфаќам како скромност,како демек нема нешто што би и го сменило животот драстично,дека не е станата ѕвезда,дека сеуште има ист карактер т.е. не се вообразила.Тоа и е плус кај мене.
А ако сметаш дека Маид е најдобар и треба да победи бидејќи е комуникативен и весел,твоја работа.

И оти велите дека Даниел нема шанси за победа оти бил македонец а всушност најголеми шанси за победа има баш тој
 
Последно уредено:
:свиркам:
Fxz6f9v.jpg
 
А од кај знаете што и како рекла Илма Карахмет? :) Го оценивте девојчето и им верувате на некои глупави портали што дневно објавуваат по 100 глупости? Како не сфаќате дека оваа глупост е едно големо шоу и еден огромен бизнис. По 150 српски и 30 македонски портали едвај чекаат да дое вторник за да изнапишат глупости и да си билдаат и читатели и популарност на шоуто.
И самите можете да заклучите колку се алчни за пари и по системот на гласање и по некои наградни игри, курци палци што ти знам што Ана ги споменува во текот на емисијата.

Значи јас не сум против x-factor, има квалитетни гласови за слушање и е интересна занимација али зашто дискусијата да не се задржи на тоа?,Каде по ѓаволите со вакви коментари после секој вторник? Татко и на Илма рекол она, мајка и испцјула ова, Илма ги колнела децата, Александра не ја пуштиле во дуел дека ќе ги тепала сите, Даниел имал дупло поише гласови од сите, па уште петиции да се враќале учесниците :pos:... Абе живи глупости. Како ви се дискутира за ова не знам.

Едит: Како денес изгледа Магазин секцијата на Курир:
http://i.imgur.com/fGKdDUI.png
Катастрофа, за греота.
 
Вчера се утепав од барање коментарот на Илма ама не успеав да го најдам ,што докажува колку порталиве се тиња .Едвај чека некој портал да пише нешто актуелно макар и го измислеле за другите портали балкански да истото го препишат на нивниот портал без притоа да ја дознаат вистинската дешавка .

Сега е премногу лесно да се направи фејк слика демек Илма ,Емина или било кој пишал нешто на профилот. А да е вистина напишано тоа ,тоа е од некој сосема трет пошо има доста фејсбук страни со името и преимето на Илма и Емина .
 
Вчера се утепав од барање коментарот на Илма ама не успеав да го најдам ,што докажува колку порталиве се тиња .Едвај чека некој портал да пише нешто актуелно макар и го измислеле за другите портали балкански да истото го препишат на нивниот портал без притоа да ја дознаат вистинската дешавка .

Сега е премногу лесно да се направи фејк слика демек Илма ,Емина или било кој пишал нешто на профилот. А да е вистина напишано тоа ,тоа е од некој сосема трет пошо има доста фејсбук страни со името и преимето на Илма и Емина .

Колку што знам точна е веста за коментарот на Илма, подоцна таа самата го избриша. Оди кај неа на профил, самата се огласи, демек не бил во таа смисла напишан, туку само и се заблагодарила на Емина, бидејќи била среќна што му дала шанса на Маид :icon_lol: дрн дрн јариња
 
Колку што знам точна е веста за коментарот на Илма, подоцна таа самата го избриша. Оди кај неа на профил, самата се огласи, демек не бил во таа смисла напишан, туку само и се заблагодарила на Емина, бидејќи била среќна што му дала шанса на Маид :icon_lol: дрн дрн јариња
Дај линк до профилот на Илма. Илма Карахмет јас најдов повеќе на фејсбук и сите скоро беа страни.
 
Коментарот е вистина, покасно изјави дека била богрешно сватена. Бич плиз..
 
Ајде, го видов ова и сум као...:eek:

Пазете:
Dragi moji,zamolila bih vas da mi napisete ,svi oni, kome nisu prolazili glasovi sinoc? Volim vas :*
Подоле, една девојка напишала:
Nisu prolazili I Aleksandri Brkovic pa nije pisala ovakve statuse.
И оваа реплицира:
Pa, ja nisam Aleksandra, ja sam Ilma. I ja pišem!

Види го малово еј...:eek:
 
Еве. Вистински е коментарот.
Читајте коментари од ова босанциве,било местено Даниел да победи :tapp: Ко демек Даниел не заслужува и онака да победи.

Им ебам крвта закоравена сега ќе гласаат за она копилето сечено од инат,стока народ еј.
 
Ајде, го видов ова и сум као...:eek:

Пазете:
Dragi moji,zamolila bih vas da mi napisete ,svi oni, kome nisu prolazili glasovi sinoc? Volim vas :*
Подоле, една девојка напишала:
Nisu prolazili I Aleksandri Brkovic pa nije pisala ovakve statuse.
И оваа реплицира:
Pa, ja nisam Aleksandra, ja sam Ilma. I ja pišem!

Види го малово еј...:eek:

Безобразна е многу. На една слика со уште едно ете имаше коментар од т.н. Петко Петкоски као ружни сте, и оваа враќа не сме поружни од тебе Петко Петкоски. Безобразно од страна на Петко што така пишал, да, ама Илма е јавна фаца и не смее да се препукува односно да навредува некого на јавно место.

Еве сега читам и коментари од родителите нејзини, као местено било, Илма била фаворит, као и второ место малку би и било и као разочарани се сите, во депресија било детето, да застанеле Емина и Илма да пејат па да се видело кој пеел поубаво. А Емина кога ја фалеше Илма тогаш арно им беше? Ма ајде бе, родителите ја разгалиле. Нормален родител на 13 годишно дете треба да му објасни дека тоа е животот, не е мед и млеко, ама не завршува тука, и крај на контакт со медиуми, готово. 13 години има, цел живот е пред неа. Нем што они да даваат изјави по весници и по фејсбуци како животот не е фер.
 
Затоа испод 16 не треба да се пријавуваат. Е заради вакви муабети. Страшно. Запрепастена. Кај сум смеела бе вакви работи да кажувам или пишувам на 13/14 години?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom