Dude ... сериозен ли си, па уште и 3-4 години ќе има пред вакви работи да му се дешаваат, а му се десиле 10 пати минимум до сеа : ))))))))))
1. Не го зимаш у предвид фактот дека изигра цел атп куп од старт до финале, турнир кој пресериозно сите го сфатија, имаше пеколно тешко финале со рафа и одма после тоа дубл.
2. Мечапот, стариот доминантен новак кој сеа е сменет со вавринка далечната 2013 играше 5 сета и победи на разлика 12-10 у финалниот, една топка тука одлучуваше и стен идиотот у клучен поен не побара челенџ со кој ќе земеше многу битен поен мислам, така нешто беше. Да потсетам дека стен тогаш имаше 0 слемови.
3. Нека ме поправи некој али мислам дека сум у право за ова,
прв пат у кариера успева да освои слем а притоа да губел после 3 изиграни сетa.
Губел 1-0 па освојувал, ама никогаш не освоил кога губел 2-0 или 2-1, сеедно. Кога веќе ја повлекувам оваа паралела, одма ми текнуе на финалето со енди во америка кое имаше сличен тек и на крај го загуби. Значи
9 пати губел у финале на слем, ова е п
рв пат да врати ваква негатива и да победи, 4 од овие 9 финалиња се со вавринка и мареј, па види ти.
Е сеа денес не бил доминантен, и ? Мора да е доминантен секое финале за да биде оној стариот ... па не е сам на терен, тием има ненормално напреднато на тврда подлога, ненормално има напреднато у сите сегменти од овој спорт, игра тенис кој воопшто не му одговара на новак, затоа и ти го спомнав намерно вавринка, физички делува маестрално така да веруј ми, да беше ова стариот новак, ова финале требаше да му биде изгубено.
Денес имаше блекаут и потона 2 сета, прашај било кој фан на новак колку вакви моменти го краселе у минатото, дел од нив го коштале и неколку слема, така да среќа не е оној стариот зашто ко што реков, ова финале ќе беше изгубено.
Точно е дека никад не му се десило да изгуби 4 сервиси по ред ама треба да се земе у предвид и фактот дека од годинава мења начин на сервирање и дека ова е новост у неговата игра на која уште треба да работи периодов што следи со Горан Иванишевич. Ко што умре со сервисот од крај на втор сет па све до четврти и општо потона у секој можен сегмент, така истиот тој сервис на крај му донесе и титула, посебно вториот кога отсервира неколку страшни сервиси нарочито оној на 30-30 и 4-3 у 5ти сет. Или - или беше работава, или ќе се колнеше горан после мечов, или ќе му се кажеше едно големо фала, за среќа испадна второво.
На крај нормално тука е и менталната сила која ја поседува, нескршливо делува, последните 2 освоени слем титули се доволен показател за истото и ова е една од главните карактеристики со кои големата тројка се двои од сите останати. Ако овие со игра им се доближуваат, на овој план се сеуште многу многу далеку од нив, се кочат, паѓаат, утнуваат зицери, прават неизнудени грешки и не знаат како да излезат од тоа срање. Да беше обратно денес, тием да го земеш прв сет и да имнаше такви 2 следни, последниот 6-0 ке го изедеше, ретко кој у едно финале може да успее така да се издигне и да го најде потребниот баланс за да победи, всушност и фактот што ова е прво финале освоено од новак после негатива од 2-1 доволно кажува.