Да бидам јасен се очекуваше со повреда а богами и без да изгуби од Ноле. Она што ме извади од такт е што буквално го уништи во прв сет, таква доминација на слем нити еднаш немал над Ноле, од невидени агли гаѓаше винери со 150км на час, за на крај после 4:1 и 3 брејк шанси, во поени во кои немаше никаков интензитет - пред да влезат у размена 3 по ред ги закопа у мрежа, значи мрежа на обична стартна размена на поен не кога едвај стигаат или маваат јако.
Кога видов дека не направи втор брејк, инстантно знаев дека го губи сетот, токму тоа и се случи. Да го газиш Ноле така 5 гема, повреден на 38 години + и да го шитнеш сетот е нешто со кое нема никогаш и не би се помирил во нити еден можен случај. Му честитам за упорноста и тоа што се појави да изигра ама ова што го видов ме фрустрираше.
Иначе читам дека некои релативизираат дека дури и да го земел 1 сет пак ќе изгубел, да но САМО ако се пролонгираше 2-от т.е. да влезеа у тесна борба, јас мислам дека Ноле ќе беше значајно исфрустриран ситуации во кои неретко се откажува во мечевите вс Фед, значи не зборам за кога е тесно, него во мечеви кога нема одговор за нити една игра на фед, форхенд, сервис, поле, ритерн, винери и буквално секој аспект како во добар дел од првиот сет. Ноле не знаеше каде е, и не беше зошто сервисот не му чинел него затоа што беше под невиден притисок, Фед играше ритерн скоро како Ноле самиот, први сервиси од 195км на час му се враќаа под нозе на Ноле, винери фрчеа од сите страни едно време беше 25-3 во винери, 6-0 асови, и имаше некои 80% на мрежа, страшна статистика.
Мајндсетот со кој Фед влезе во мечот целосно се смени кога сетот влезе во завршницата, знам знам не му е прв пат на Федерер ова и затоа е ставот дека првиот сет немало да смени, но не се согласувам заради тоа како Ноле се однесуваше, испаничен, нервозен, изенанден, исфрустриран целосно излезен од игра.
Она што денес се потврди (без разлика на исходот) е дека кога Фед игра како што најдобро знае на тврда/трева не постои играч кој може да се носи со него, она во првиот сет беше лекција за тенис, газење, брутално, да беше некој друг ќе беше 6:0.