Вердаско-Мареј беше доста интересно, многу изедначено во текот на целиот меч.
Мислам дека Вердаско има многу подобра игра за гледање, цело време оди на винери, ама таа игра му носи и многу грешки.
Ако добро ја запомнив статистиката, Вердаско на крајот од мечот имаше 56 винери и 64 неизнудени грешки, додека Мареј мислам имаше 28 винери и под 20 неизнудени грешки. Да не правеше толку грешки сигурно ќе го добиеше.
Дел Потро-Федерер, мислам дека заслужено е Дел Потро што оди понатаму, покажа уште еднаш зошто е шампионот на US Open.
Во првиот сет Федерер беше торпедиран, не можеше да мрдне.
Во вториот сет се разбуди Федерер, му проработе и првиот сервис, па почна лесно да освојува поени. Дел Потро почна да прави повеќе грешки, па шанси за брејк речиси и немаше.
За тај брејкот ми беше јасно уште пред да почнат. Кога ќе ми текне како се вадел Федерер во тај брејкови, знаев дека го зема па што сака нека е.
Tоа на 5-4, не знам, со затворени очи не се промаршува, ама ете повторно му се насмевна среќата на Федерер.
Во третиот сет Федерер ги имаше првите брејк топки и единствената шанса за пресврт во мечот, ама ги пропушти и имаше лош гејм на свој сервис. Дел Потро направи тоа што требаше, брејк и победа, за да се квалификува во полуфинале.
Засега во полуфинале одат Дел Потро, Федерер и Содерлинг, шанса имаат уште Ѓоковиќ и Давиденко. Елиминирани се Надал, Мареј и Вердаско.
Утре Ѓоковиќ ќе биде фаворит како никогаш порано, ама на турниров засега покажува послаба игра и сам се пожали дека е уморен. Можеби и нема утре да помине така лесно со Надал.
Мислам дека Содерлинг е апсолутен фаворит против Давиденко, освен ако не одлучи да се штеди. (бидејќи е веќе сигурен полуфиналист)