bobi2008
_
- Член од
- 3 декември 2007
- Мислења
- 2.681
- Поени од реакции
- 182
Во недела започнува завршниот турнир од ATP серијата, Barclays ATP World Tour Finals - London 2009. Oфицијалната страница на турнирот е www.barclaysatpworldtourfinals.com/
Турнирот е еволуција на Masters Grand Prix започнат во 1970, па од 1990 продолжува како ATP Tour World Championships, а од од 2000-2008 беше познат под името Tennis Masters Cup.
Најчесто се одржувал во различни градови, но имало и неколку години по ред, кога се одржувал во ист град.
Од поновата историја, се одржуваше во Шангај 2005-2008, а за првпат во 2009 е преименуван во ATP World Tour Finals.
Се среќаваат првите 8 тенисери од АTP листата (освен Содерлинг, кој е замена за повредениот Родик).
Oчекуваме добар тенис, најдобриот нека победи.
Турнирот започнува со round robin фазата, каде што тенисерите се поделени во 2 групи. Секој тенисер треба да изигра против тројцата останати во неговата група. Секоја победа носи по 200 поени.
Во оваа фаза можно е некој тенисер да биде еднаш поразен и повторно да се квалификува во полуфиналето.
Првите двајца тенисери од групите продолжуваат во полуфиналето, каде победата носи 400 поени и на крај следува финалето каде победата носи 500 поени.
Непоразениот шампион ќе освои 1500 поени, а доколку имал еден пораз, ќе освои 1300 поени.
Парични награди:
Round Robin Win – Per Match Won $120,000
Semi-final Match Winner - $380,000
Final Win $770,000
Undefeated Champion $1,630,000
Групите:
Group A
Roger Federer (SUI)
Andy Murray (GBR)
Juan Martin del Potro (ARG)
Fernando Verdasco (ESP)
Group B
Rafael Nadal (ESP)
Novak Djokovic (SRB)
Nikolay Davydenko (RUS)
Robin Soderling (SWE)
Федерер после подолга пауза играше во Базел и Париз, каде што беше надвор од форма, особено во Париз каде што изгуби на неговиот прв натпревар. Да се надеваме дека ќе биде поконкурентен во Лондон и ќе прикаже многу подобар тенис. По тоа што го видов не можам да кажам дека е фаворит за титулата. Останува да видиме.
Надал сеуште се обидува да фати ритам после повредата, ама некако тешко му оди. Иако стигнуваше до полуфинале на повеќето турнири после повредата, очигледен е падот во неговата игра, каде што имаше неколку порази во кои беше тотално неконкурентен.
Конечно во Париз победи тенисер од топ 10, по враќањето од повредата, па останува надеж дека може да прикаже конкурентна игра.
Иако следеше повторно пораз од Ѓоковиќ, Ѓоковиќ беше дефинитивно во најдобрата негова форма во последно време, па поразот беше неизбежен.
Ѓоковиќ иако имаше слабо издание оваа година во Гренд Слемите, му тргна во последниот дел од годината. Моментално изгледа дека е во најдобра форма од тенисерите во топ 10, но сепак и тој прикажуваше слабости. Ја подигна играта на високо ниво, не не можеше да ја одржи подолго време. Тоа се покажа во финалето во Париз, каде што по одличниот прв сет, имаше голем пад во вториот, па и во третиот сет.
Ќе видиме дали ќе ја повтори играта. Во секој случај тој изгледа е најголемиот фаворит.
Мареј после повредата го освои турнирот во Валенсија, ама некако разочара во Париз. Не може да се каже дека е во најдобра форма, но од него се очекува многу, особено поради тоа што домашната публика ќе навива за него. Останува да видиме што ќе прикаже.
Дел Потро после победата на US Open, тотално разочара. Изгуби во почетните фази на неколку турнири, на неколку не играше и може да се каже дека и тој е надвор од форма. Наводно го мачеле повреди, а поради повреда го предаде и последниот негов меч во Париз. Да се надеваме дека ќе покаже барем дел од играта на US Open.
По одличното финале на Вимблдон, сè тргна надолу за Родик. Со неговото повлекување поради повреда, местото му го превзеде Содерлинг.
Содерлинг ја имаше неговата најдобра сезона до сега. Покажа дека може да биде многу опасен за било кој од топ 10. Иако не може да се каже дека на крајот од годинава е во најсјајна форма, сепак мислам дека може и да изненади и да ја помине rr фазата. Оваа подлога особено му лежи поради неговиот брз сервис. Некогаш има несфатливо големи падови во играта и греши, па затоа губи мечеви кои изгледа дека се негови.
Давиденко исто така е во добра форма. Успеа да победи и на еден мастерс, каде што по ред ги победи Ѓоковиќ и Надал. И тој може да биде изненадување и да биде тежок залак за поголемите фаворити.
Вердаско со голема среќа успеа да влезе како последен во турнирот во Лондон. Во овој тенисер има голем пoтенцијал, тоа го покажа на Australian Open. За жал не повтори толку константна игра после тоа, ама со неговиот опасен форхенд има добри шанси да биде изненадувањето во група А. Имаше и тој повреди, има проблеми со стапалото, дури одложи операција за да ја доигра сезоната. Да се надеваме дека ќе издржи и ќе покаже одличен тенис на уште еден турнир.
На овој турнир повторно се актуелизира борбата за број 1. Иако со моменталната форма повеќе е желба и теорија, постојат неколку сценарија за Надал да се врати на местото број 1.
Да го освои турнирот без ниеден пораз, а Федерер да има најмногу 2 победи во rr фазата и да изгуби во полуфинале или да не ја помине rr фазата. Ако Федерер победи на 3-те меча во rr фазата, го задржува првото место.
Ако Надал го освои турнирот со еден пораз, Федерер мора да победи на најмалку 2 меча од rr фазата или на еден и да стигне до финалето (оваа варијанта мислам дека е во случај некој да се откаже, бидејќи со една победа не сум сигурен дека се оди до полуфинале) за да ја одбрани првата позиција.
Ако Федерер не победи на ниеден меч, Надал ќе може да се врати на првата позиција ако дојде до финалето без пораз.
Постои и шанса Ѓоковиќ да му ја одземе втората позиција на Надал.
Ако Надал не победи на ниеден меч, Ѓоковиќ може да го освои турнирот со еден пораз. Ако Надал победи на еден меч, Ѓоковиќ ќе мора да го освои турнирот без пораз. Ако Надал победи на 2 меча, го обезбедува второто место.
Распоредот за 5+ (на страницата на турнирот пишува канал 5, ама мислам скоро сигурно е дека ќе се дава на 5+):
22-Nov-09 15:15 17:15 Singles Round Robin - Live
22-Nov-09 21:45 23:45 Singles Round Robin - Live
23-Nov-09 15:15 17:15 Singles Round Robin - Live
23-Nov-09 21:45 23:45 Singles Round Robin - Live
24-Nov-09 15:15 17:15 Singles Round Robin - Live
24-Nov-09 21:45 23:45 Singles Round Robin - Live
25-Nov-09 15:15 17:15 Singles Round Robin - Live
25-Nov-09 21:45 23:45 Singles Round Robin - Live
26-Nov-09 15:15 17:15 Singles Round Robin - Live
26-Nov-09 21:45 23:45 Singles Round Robin - Live
27-Nov-09 15:15 17:15 Singles Round Robin - Live
27-Nov-09 21:45 23:45 Singles Round Robin - Live
28-Nov-09 15:15 17:45 Singles Semi-Final - Live
28-Nov-09 21:45 00:15 (29/11) Singles Semi-Final - Live
29-Nov-09 15:30 18:30 Singles Final - Live
Во недела и понеделник се играат следниве натпревари:
Недела, 22 Ноември
13:30
[1] D Nestor / N Zimonjic vs [8] M Fyrstenberg / M Matkowski
не пред 15:15
[4] A Murray (GBR) vs [5] J del Potro (ARG)
20:00
[3] M Bhupathi / M Knowles vs [5] F Cermak / M Mertinak
не пред 21:45
[1] R Federer (SUI) vs [7] F Verdasco (ESP)
Понеделник, 23 Ноември
13:30
[2] B Bryan (USA) / M Bryan (USA) vs [7] M Mirnyi (BLR) / A Ram (ISR)
не пред 15:15
[2] R Nadal (ESP) vs [8] R Soderling (SWE)
20:00
Dlouhy (CZE) / Paes (IND) vs Kubot (POL) / Marach (AUT)
не пред 21:45
[3] N Djokovic vs [6] N Davydenko (RUS)
Овој турнир се игра и во конкуренција на двојки, ама мислам дека ретко се следат тие натпревари, барем јас не следам. На официјалната страница е истакнато дека ќе има бесплатен стриминг од тие натпревари.