ATP World Tour Finals - London 2009

  • Креатор на темата Креатор на темата bobi2008
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Хаха..Интересно е ова бе..Некако ми стои дека ја наместија оваа утакмица :)

Но сепак грев ќе беше Дел Потро да не влезе у 1/2 финале..дефинитивно од сега натаму сум за Дел Потро..нормално ако игра Хјуит за Хјуит ќе сум,ама толку од него..:)
 
Само со 6-3, се пласираа?Заслужува Дел Потро, игра ѕверски тенис браво.:back:
Хахаха Федерер, зошто тоа го направи бе :) ?Намерно грешеше:pos2::pos2:
п.с Не му личеше на Федерер тоа што го направи, ама ОКеј е арогантното суштество Мареј неможам да го гледам.

Ајде на здравје,испадна најдобрата можна комбинација.Федерер бираше меѓу две зла,и според мене го избра подоброто,т.е Дел Потро:DАма стварно некако не контам.Ако не беше наместено ,ондак е преголема коинциденција:P
 
Хаха..Интересно е ова бе..Некако ми стои дека ја наместија оваа утакмица :)

Но сепак грев ќе беше Дел Потро да не влезе у 1/2 финале..дефинитивно од сега натаму сум за Дел Потро..нормално ако игра Хјуит за Хјуит ќе сум,ама толку од него..:)
Одсекогаш сум го симпатизирал, навивам за Надал, но имам огромни симпатии кон Дел Потро :)
 
Вердаско-Мареј беше доста интересно, многу изедначено во текот на целиот меч.
Мислам дека Вердаско има многу подобра игра за гледање, цело време оди на винери, ама таа игра му носи и многу грешки.
Ако добро ја запомнив статистиката, Вердаско на крајот од мечот имаше 56 винери и 64 неизнудени грешки, додека Мареј мислам имаше 28 винери и под 20 неизнудени грешки. Да не правеше толку грешки сигурно ќе го добиеше.


Дел Потро-Федерер, мислам дека заслужено е Дел Потро што оди понатаму, покажа уште еднаш зошто е шампионот на US Open.
Во првиот сет Федерер беше торпедиран, не можеше да мрдне.
Во вториот сет се разбуди Федерер, му проработе и првиот сервис, па почна лесно да освојува поени. Дел Потро почна да прави повеќе грешки, па шанси за брејк речиси и немаше.
За тај брејкот ми беше јасно уште пред да почнат. Кога ќе ми текне како се вадел Федерер во тај брејкови, знаев дека го зема па што сака нека е. :)
Tоа на 5-4, не знам, со затворени очи не се промаршува, ама ете повторно му се насмевна среќата на Федерер.
Во третиот сет Федерер ги имаше првите брејк топки и единствената шанса за пресврт во мечот, ама ги пропушти и имаше лош гејм на свој сервис. Дел Потро направи тоа што требаше, брејк и победа, за да се квалификува во полуфинале.

Засега во полуфинале одат Дел Потро, Федерер и Содерлинг, шанса имаат уште Ѓоковиќ и Давиденко. Елиминирани се Надал, Мареј и Вердаско.

Утре Ѓоковиќ ќе биде фаворит како никогаш порано, ама на турниров засега покажува послаба игра и сам се пожали дека е уморен. Можеби и нема утре да помине така лесно со Надал.

Мислам дека Содерлинг е апсолутен фаворит против Давиденко, освен ако не одлучи да се штеди. (бидејќи е веќе сигурен полуфиналист)
 
Засега во полуфинале одат Дел Потро, Федерер и Содерлинг, шанса имаат уште Ѓоковиќ и Давиденко. Елиминирани се Надал, Мареј и Вердаско.

Утре Ѓоковиќ ќе биде фаворит како никогаш порано, ама на турниров засега покажува послаба игра и сам се пожали дека е уморен. Можеби и нема утре да помине така лесно со Надал.

Мислам дека Содерлинг е апсолутен фаворит против Давиденко, освен ако не одлучи да се штеди. (бидејќи е веќе сигурен полуфиналист)
Се мислам дека овој Содерлинг ќе му пушти на Давиденко. Сепак последна надеж се 120 000 долари кои се добиваат за секоја победа во фазата по групи:wink:. И секако очекувам победа на Ноле денес и покрај очајната игра која ја пружа на турниров.
 
Уште еден очекуван пораз на Надал, иако и тој имаше добра шанса да земе барем сет.

Првиот сет почна катастрофално и за двајцата, неизнудени грешки, лошо сервирање, изгледаше како и двајцата да не се заинтересирани за победа.

Играта почна да личи на добар тенис некаде околу деветиот-десетиот гејм.
Имаше уште еден интересен тај брејк исполнет со добри поени, ама и многу грешки, особено од Надал.

Во втор сет двајцата изгледа се стабилизираа, ама Ѓоковиќ ја крена играта на повисоко ниво. Надал повторно започна да има проблеми на сервис. Последниве неколку турнири игра многу лошо на свој сервис.
Еден брејк беше доволен за Ѓоковиќ да го земе и вториот.

Ѓоковиќ покажа дека е многу ранлив и не знам дали ќе биде добро да оди во полуфинале, бидејќи имам чувство дека ќе биде лесен плен. Со Надал можеше да си дозволи да игра толку лошо, бидејќи исто толку лошо играше и Надал.
Подобро ќе биде да отиде играч кој ќе биде конкурентен, а Ѓоковиќ на моменти во првиот сет изгледаше како да ќе го предаде мечот.
Во секој случај Содерлинг ќе ја има судбината на Ѓоковиќ вечерва.

Последен турнир од ATP серијата за Надал, можеби најлошо изиграниот турнир во последниве 5 години. Може само да се надеваме дека ќе се врати во форма во 2010, не тоа што е тенисот без него.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom