Што се случува со Рафа бе, ќе ми објасни некој ?
Не е тој што беше пред повредата.
Во секој случај играше добро денес, и покрај поразот, во споредба со почетокот во Париз играше и одлично. Оваа е најпроблематична подлога за него, да играше како во најдобрите денови ќе имаше проблеми со одлично расположениот Содерлинг.
Беше прилично изедначено, одлучија грешките на Надал во клучните моменти, пад на концентрација и неколку неизнудени грешки во најлош момент.
Во последниот гејм од првиот сет, Содерлинг имаше и мала помош од линиски судија кој погрешно процени аут на сервис и Надал не побара hawk eye.
Во вториот сет Надал имаше неколку шанси за брејк, ама Содерлинг успеа да се извлече.
Во последниот гејм Надал направи неколку неизнудени грешки и тоа се покажа клучно за да победи Содерлинг.
Содерлинг игра одлично, многу длабоки удари и на форхенд и на бекхенд, ќе им прави големи проблеми и на останатите во групата.
Надал сеуште има шанси, не играше толку лошо, денешната негова игра дава надеж, ама може лесно да заврши и без ниедна победа, знаејќи ги последните дуели со Ѓоковиќ и Давиденко.