Новата сезона започнува уште на 31 декември со егзебициониот турнир во Абу Даби, па следи Доха и првиот гренд слем.
Ќе видиме дали по одморот (како за кого, знам дека Надал одмараше само една недела по Дејвис купот и потоа почна со тренинг) ќе покажат добра форма.
Кој беше најдобриот меч за 2009?
Meчеви кои ми оставија одличен впечаток се финалето во Австралија меѓу Надал и Федерер, полуфиналето во Мадрид меѓу Надал и Ѓоковиќ(во кој се постигна рекорд во времетраење од 4 часа и 3 минути на меч до 3 сета) и финалето на Вимблдон меѓу Федерер и Родик (имаше рекорден број на одиграни 30 гејмови во последниот сет). Можно е и да заборавив некој меч.
Тоа беа неколку епици што вредеа да се споменат, ама убедливо најдобар меч за мене за 2009 беше полуфиналето во Австралија меѓу Надал и Вердаско.
Рекордни 5 часа и 14 минути за тој гренд слем, вкупно 147 винери, неверојатни поени во текот на целиот меч го прават ова еден од најдобрите мечеви во историјата на тенисот.
Факт што сведочи колку беше изедначен овој меч е вкупниот број на поени, заврши 193 - 192 во полза на Надал.
Има неверојатен поен околу 6:35, ама најдобриот поен започнува на 3:37 и завршува со банана
.