Сакаш да кажаш да го рестартирам hard resset да му направам ?
Не! Штом незнаеш што значи рутирање, подобро не чепкај. Пристапот до "слики и видеа" може воопшто да нема врска со такви фајлови. Гугл ги "упрости (и зезна работа)" дозволите што една апликација ги има при инсталирање. Некои компании пишуваат точно што им значи пристап до ова или она, но повеќето не се замараат да објаснат. Искрено, што мислиш зошто Гугл (па и Мајкрософт со 10ка) се бесплатни? Добивајќи пристап до твои податоци (слики, документи, контакти:на маил, скајп....) всушност вадат податоци за тебе (не во онаа смисла: име, презиме, адреса, матичен...иако и тоа е можно) и истите податоци ги продаваат на маркетинг и други агенции. Кога би ти наплатиле оперативен систем по цена (пример) 200-300-500 евра би заработиле многу помалку, отколку сега. Твоите податоци во форма на: пол, раса, висина, тежина, начин на живот, колку пари имаш, што купуваш, што јадеш, каде излегуваш, каде одиш на одмор... се многу повредни од лиценца за оперативен систем. Ти се случило досега една "чудна" работа: пребаруваш на нет некој телефон, па споредуваш неколку модели, за после на маил (нели на андроид преку Хром си логиран постојано) да ти стигне junk маил во кој имаш понуда (замисли) за истиот или сличен телефон, горе долу цените се тие што си ги пребарувал, ти дава некоја продавница најблиску до тебе... ? Не е случајно сето тоа
Нив не ги интересира каде си сликал и што има на сликите. Нив ги интересира целиот твој живот како податок. Во денешно време, информацијата за потенцијални купувачи е поскапа од многу нешта