Што може да се нарача во Македонија со пари соберени преку mturk? Да знам дали ми се исплати да кликам. И царина за производи под 45 $ и компјутерска опрема не се наплаќа а за над 45$ e 18% така?
Може многу работи да се нарачаат, само ќе треба да си побараш продавници со достава до Европа и што не наплаќаат премногу за достава, а таквите иако не се многу чести, сепак ги има. Може да се нарача скоро се, мислам дека само премногу големи предмети нема да успееш да нарачаш, односно дури и такви може, но доставата би била прескапа. Од облека, накит, компјутерска опрема, разни електронски уреди, часовници, фото опрема, спортски реквизити, играчки, нормално книги и дискови, се може да се порача. Под 45 евра вредност на пакет не се наплаќаат царински давачки, само поштарина, а над 45 евра царинската стапка е различна зависно од тоа што има во пакетот, а можеш да ги најдеш бројките на сајтот на Царина, и се плаќа ДДВ кој може да биде 5 или 18%.
Друго нешто, како мислиш дали да кликаш? На Мтурк не се клика, таму се извршуваат задачи, односно буквално се работи.