Поминати се нешто повеќе од година дена откако ги откачив А1 Телеком, па не знам дали ова е спомнато поназад, па ќе го напишам за секој случај.
Денес за прв пат после подолг временски период, лично присуствував на поврзување на втор LCD телевизор со дигитална кабелска телевизија од А1 Телеком кај мој близок, не бидејќи е нешто луд по ТВ понудата на А1 Телеком, туку бидејќи сеуште е врзан со нив преку обврзувачки кориснички договор, а бидејќи до крајот на 2020 година А1 Телеком ќе ја исклучи аналогната кабелска телевизија, мораше да се префрли на дигиталната кабелска телевизија.
Морам да потенцирам дека LCD телевизорот - 42 инчен LCD телевизор од ЕлЏи, иако стар повеќе од 10 години, сепак одлично си работеше со кабелски CA модул од поранешен Близо. Ова го знам бидејќи телевизорот јас го користев до пред година дена кога им го дадов - подарив е малку преценувачки израз, сепак станува збор за LCD телевизор стар повеќе од 10 години - откако претходно купив нов LCD телевизор во 2019 година и се префрлив на Неотел.
Како и да е, денес ставаа повторно дигитална кабелска телевизија, но овој пат од А1 Телеком, и да не видев со сопствени очи не ќе верував - на кристално истиот LCD телевизор кој мене одлично ме служеше 7 (СЕДУМ) години со кабелски CA модул од Близо, не работат новите кабелски CA модули од А1 Телеком.
Станува збор за кристално истата технологија за дигитална кабелска телевизија DVB-C која ја користев и јас 7 (СЕДУМ) години преку истиот LCD телевизор со кабелски CA модул од Близо, одлично ме служеше и бев крајно задоволен.
Денес на кристално истиот LCD телевизор не може да се користи кабелски CA модул од А1 Телеком, а самите техничари од А1 Телеком кажаа дека проблемот е во самите CA модули.
За да биде идиотизмот уште поголем, кога конечно прифатија луѓето да им наместат кабелски рисивер наместо кабелски CA модул, и рисиверот не можеше да проработи, повторно поради картичката од А1 Телеком која се вметнува во рисиверот. Новите картички и новите кабелски CA модули од А1 Телеком ги заебавале, па најдоа стара картичка од поранешен Близо, која за жал можеа само да ја искомбинираат со кабелскиот рисивер, но не можеа да ја искомбинираат со кабелски CA модул.
Техничарите од А1 Телеком рекоа дека ваквиот проблем со новите кабелски CA модули од А1 Телеком се појавувал само кај постари LCD и/или плазма телевизори со сопствен DVB-C декодер, но не се појавувал кај понови LCD телевизори. Техничарите исто така рекоа дека во корист на било кој постоечки корисник на поранешен Близо или на поранешен Вип ТВ преку стар LCD и/или плазма телевизор со сопствен DVB-C декодер, е да не дозволат под никакви околности да им бидат заменети кабелските CA модули бидејќи новите кабелски CA модули од А1 Телеком нема да работат со нивните постари LCD и/или плазма телевизори со сопствен DVB-C декодер.
Каков циркус станале овие, уште помило ми е бидејќи ги откачив, но за останатите кои сеуште сте врзани со овие циркузанти преку обврзувачки кориснички договори, пазете се доколку имате стари LCD и/или плазма телевизори со сопствен DVB-C декодер кои ги користите со кабелски CA модул од поранешен Близо или поранешен Вип ТВ.
Не дозволувајте под никакви околности да ви ги заменат кабелските CA модули, освен ако не ви смета да користите втор далечински управувач за кабелски рисивер, кој ем ќе ви завзема простор, ем ќе ви троши струја од уште еден штек, ем е крајно непрактичен во споредба со телевизор кој може самостојно да ги наоѓа и да ги зачувува дигиталните ТВ канали.