A1 TV кабелска телевизија (Blizoo/Cabletel/Vip TV) - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Xak
  • Време на започнување
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.915
Поени од реакции
7.580
Шпанска Лига нема да емитуваат. Засега тоа, а може и без други права да останат.
Ама тоа не значи дека треба да ги менуваат тие канали.
Телеком нека попуштат со нивиот монопол и нека дозволат Аrena sport каналите и други оператори да ги имаат.
 
Член од
16 јули 2013
Мислења
3.865
Поени од реакции
4.368
Шпанска Лига нема да емитуваат. Засега тоа, а може и без други права да останат.
Мислиш дека Шпанската лига сеуште држи гледаност како кога беше Роналдо во лигата?Веруј ми гледаноста итекако е опадната,нема више таква еуфорија како порано Роналдо-Меси.Според мене Бундес лигата ќе има гледаност како Шпанската лига на СК.Германскиот фудбал што го играат екипите итекако е гледан и привлечен за луѓето,отколку мртвилото од фудбал на шпанциве.Барем јас секогаш би одгледал меч Дортмунд-Лајпциг,него Севиља-Валенсија.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
847
Поени од реакции
1.230
Телеком нека попуштат со нивиот монопол и нека дозволат Аrena sport каналите и други оператори да ги имаат.
Не сум правник или економист за да го познавам деловното право па не би тврдел ништо, ама од старт до ден денешен ми е чудно како законски може Телеком да има единствено право на реемитување на Арена Спорт во пазарни услови за работа? Зошто нема правна реакција од остантите оператори?
Тоа што Телеком е политичко-швалерајска коњушница од фирма не им го дава правото за тоталитарно однесување во работата.
Автоматски споено мислење:

Еве пример. Ако двете пивари немаат право да ги ограничуваат дистрибутерите во оформувањето цена на производот, од каде тогаш право на Телеком да ограничува пристап до содржина на останатите тк оператори?
 
Последно уредено:
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Не сум правник или економист за да го познавам деловното право па не би тврдел ништо, ама од старт до ден денешен ми е чудно како законски може Телеком да има единствено право на реемитување на Арена Спорт во пазарни услови за работа? Зошто нема правна реакција од остантите оператори?
Тоа што Телеком е политичко-швалерајска коњушница од фирма не им го дава правото за тоталитарно однесување во работата.
Автоматски споено мислење:

Еве пример. Ако двете пивари немаат право да ги ограничуваат дистрибутерите во оформувањето цена на производот, од каде тогаш право на Телеком да ограничува пристап до содржина на останатите тк оператори?
Ако се знае дека има државен удел во Телеком, на кого да се жалат? Не знам колку жалби имало до сега и ниту еден повратен одговор....
 
Член од
5 август 2007
Мислења
847
Поени од реакции
1.230
Ако се знае дека има државен удел во Телеком, на кого да се жалат? Не знам колку жалби имало до сега и ниту еден повратен одговор....
Нема основ за тужби по судски пат, не поплаки и жалби до комисии?
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Ako gi tuzis po koj osnov kje bide? Imaat validen dogovor za ekskluzivitet i ne postoi odredba zakonska koja se prekrsuva. Ova treba da go resi Agencija za audiovizuelni arno ama...
 
Член од
31 декември 2017
Мислења
271
Поени од реакции
114
Uzasen izbor na kanali imaat vip.... Imuva ne gi lazi.... Lugjeto ne mozat da gledaat liga sampioni, liga Evropa, nba, nhl, aba liga, teniski masters, calco liga, zimski sportovi,..... Discovery canalite... Gi boli takvoto za gragjani te, lupajte tursko, albanski, bugarski i Pink kanali... Mizerija, kultutno unazaduvanje
 

Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.729
Поени од реакции
1.306
Ај малце да се насмееме за одличното достигнување на овој оператор:

Известување


Како компанија која има за цел да стане водич во дигиталниот свет, А1 Македонија изминатиот период работи на целосно дигитализирање на ТВ услугата во кабловската мрежа. Во текот на минатата година за сите локални и регионални ТВ канали кои беа достапни само на аналогната ТВ платформа овозможено е следење и на дигитална ТВ платформа. Со тоа се создаде простор за исклучување на застарената аналогна ТВ платформа, што ќе овозможи подобрување на квалитетот на услугите кои А1 ги нуди во кабловската мрежа, поголеми брзини како и постабилен интернет.

За таа цел, А1 Македонија ги известува своите корисници дека исклучувањето на аналогната ТВ платформа ќе се одвива во периодот од 15 октомври па се до 31 декември 2020 година.

А1 останува посветена во намерата да овозможи дигитален живот за сите граѓани и да обезбедува премиум корисничко искуство.
Извор: А1.мк

Еве да посакаме добредојде во 21 век на овие дечки... Чисто информативно, на многу места и беше укината аналогната, а локалните и регионалните од пред извесно време и беа додадени во дигиталната телевизија...
А дали со укинувањето најавуваат дека ќе ги зголемат брзините на интернетот и конечно ќе имаат брзина за прикачување поголема од 5Mbps?
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.915
Поени од реакции
7.580
Еве во Хрватска телевизијата

Вакво нешто А1 во Македонија планираат ли? Oва Zappware дизајнот на самава тв платформа изггледа одлично, истово го користат и во Бугарија.
 
Последно уредено:

Јефто

@JeftoMKD | Јефто™
Член од
30 октомври 2011
Мислења
2.729
Поени од реакции
1.306
Ќе ги гасат Box, Magic, Kiss, Kearing музичките канали.

Е па на здравје, уживајте во Pink Folk, Grand, DM, Planeta... :)
 

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.498
Поени од реакции
2.622
Ќе ги гасат Box, Magic, Kiss, Kearing музичките канали.

Е па на здравје, уживајте во Pink Folk, Grand, DM, Planeta... :)
Затоа златен ИПТВ.За домашни канали и тие ресиверите од 1000ден еднаш ке купиш и вршат работа.
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.524
Поени од реакции
11.595
Поминати се нешто повеќе од година дена откако ги откачив А1 Телеком, па не знам дали ова е спомнато поназад, па ќе го напишам за секој случај.

Денес за прв пат после подолг временски период, лично присуствував на поврзување на втор LCD телевизор со дигитална кабелска телевизија од А1 Телеком кај мој близок, не бидејќи е нешто луд по ТВ понудата на А1 Телеком, туку бидејќи сеуште е врзан со нив преку обврзувачки кориснички договор, а бидејќи до крајот на 2020 година А1 Телеком ќе ја исклучи аналогната кабелска телевизија, мораше да се префрли на дигиталната кабелска телевизија.

Морам да потенцирам дека LCD телевизорот - 42 инчен LCD телевизор од ЕлЏи, иако стар повеќе од 10 години, сепак одлично си работеше со кабелски CA модул од поранешен Близо. Ова го знам бидејќи телевизорот јас го користев до пред година дена кога им го дадов - подарив е малку преценувачки израз, сепак станува збор за LCD телевизор стар повеќе од 10 години - откако претходно купив нов LCD телевизор во 2019 година и се префрлив на Неотел.

Како и да е, денес ставаа повторно дигитална кабелска телевизија, но овој пат од А1 Телеком, и да не видев со сопствени очи не ќе верував - на кристално истиот LCD телевизор кој мене одлично ме служеше 7 (СЕДУМ) години со кабелски CA модул од Близо, не работат новите кабелски CA модули од А1 Телеком.

Станува збор за кристално истата технологија за дигитална кабелска телевизија DVB-C која ја користев и јас 7 (СЕДУМ) години преку истиот LCD телевизор со кабелски CA модул од Близо, одлично ме служеше и бев крајно задоволен.

Денес на кристално истиот LCD телевизор не може да се користи кабелски CA модул од А1 Телеком, а самите техничари од А1 Телеком кажаа дека проблемот е во самите CA модули.

За да биде идиотизмот уште поголем, кога конечно прифатија луѓето да им наместат кабелски рисивер наместо кабелски CA модул, и рисиверот не можеше да проработи, повторно поради картичката од А1 Телеком која се вметнува во рисиверот. Новите картички и новите кабелски CA модули од А1 Телеком ги заебавале, па најдоа стара картичка од поранешен Близо, која за жал можеа само да ја искомбинираат со кабелскиот рисивер, но не можеа да ја искомбинираат со кабелски CA модул.

Техничарите од А1 Телеком рекоа дека ваквиот проблем со новите кабелски CA модули од А1 Телеком се појавувал само кај постари LCD и/или плазма телевизори со сопствен DVB-C декодер, но не се појавувал кај понови LCD телевизори. Техничарите исто така рекоа дека во корист на било кој постоечки корисник на поранешен Близо или на поранешен Вип ТВ преку стар LCD и/или плазма телевизор со сопствен DVB-C декодер, е да не дозволат под никакви околности да им бидат заменети кабелските CA модули бидејќи новите кабелски CA модули од А1 Телеком нема да работат со нивните постари LCD и/или плазма телевизори со сопствен DVB-C декодер.

Каков циркус станале овие, уште помило ми е бидејќи ги откачив, но за останатите кои сеуште сте врзани со овие циркузанти преку обврзувачки кориснички договори, пазете се доколку имате стари LCD и/или плазма телевизори со сопствен DVB-C декодер кои ги користите со кабелски CA модул од поранешен Близо или поранешен Вип ТВ.

Не дозволувајте под никакви околности да ви ги заменат кабелските CA модули, освен ако не ви смета да користите втор далечински управувач за кабелски рисивер, кој ем ќе ви завзема простор, ем ќе ви троши струја од уште еден штек, ем е крајно непрактичен во споредба со телевизор кој може самостојно да ги наоѓа и да ги зачувува дигиталните ТВ канали.
 

nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
@Dexter26 фала, добро е да се знае ова. Јас имам SONY телевизор стар 8 години, значи да знам да не го менувам CA модулот кој е од времето на Blizoo.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom