- Член од
- 26 февруари 2016
- Мислења
- 5.419
- Поени од реакции
- 13.591
Скоро истото сакав да го пишам. За тоа време А1 беше ниво над другите телевизии во Македонија. Секоја серија што вредеше во тој момент и беше хит во светот одеше на А1. Еден куп серии сум ги загледал и засакал поради нив. Исто беа лидери во поглед на забавните емисии, квизовите па и дебатните емисии. Другите наши телевизии цело време „крадеа“ од А1 т.е. гледаа што успева кај нив па правеа нивна верзија.Да не беше А1 а и Сител краток период немаше никогаш Премиер Лига да гледате со македонски коментатор
A1 eмитуваше гледани серии како Lost, The Sopranos, Friends, Two and a half men, Nash Brigdes, Desperate Housewives, Grey's Anatomy, 24, Kommissar Rex, The OC, Dirty Sexy Money, Spin City, Mad about you, тинејџерите беа полудени по Млади Бунтовници, ФМ 04, исто така многу луѓе гледаа Дивиот Ангел, Клон, хрватската Забранета Љубов, А1 го почнна трендот на естрадна и шоу бизнис емисија А1 Ексклузив па после почнаа другиве телевизии со Бекстејџ, Екстра Ексклузив и слични други, трендот во Македонија на емитување турски серии со македонска синхронизација, на анимираните серии со македонска сихронизација..
Али да не заборавиме А1 беше во времето кога интернетот не беше како сега толку развиен брз неограничен, оптички со многу услуги како Netflix, HBO GO, Pickbox, торенти и што уште не. Затоа денес и да се врати нема да биде толку јака како некогаш.
Само стварно не смее да се заборави дека ова беше пред ерата на интернетот. Денес и да се вратат со таква програмска шема нема да има таков успех и гледаност. Општо луѓето денес помалку гледаат телевизија. А и нема поента едвај да се чека филм што излегол пред три години кога филмот денес ти е достапен одма после премиерата. А во време на Нетфликс и слободен интернет никој не гледа серии на ТВ со 2-3 сезони заостанување зад светот. Еве најубав пример е Телма. Вртат неколку квалитетни серии ама мислам дека нема голем интерес пошто секој може да ја симне и да си ја изгледа цела серија.