A1 Телевизија повторно на тв екраните

Дали ви фали А1 телевизија

  • Вкупно гласачи
    328
Член од
16 март 2019
Мислења
3.100
Поени од реакции
4.836
Ajde airlija :bravobe:
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
И да си ја врати телевизијата, нема да е тоа што беше порано.
 
Член од
16 март 2019
Мислења
3.100
Поени од реакции
4.836
Jas mislam deka e vreme da se vrati A1 televizija i da vovede mnogu novini vo nasiov makedonski mediumski prostor.
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Да, сега многу јака конкуренција има.
Не е до конкуренцијата. Тоа што на другите им е понудено да го емитуваат и А1 би го емитувал. Ете годиниве претходно се отворија неколку телевизии, па ниедна не понуди нешто квалитетно.
 
Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.004
Поени од реакции
7.705
А демек а1 нудеше нешто квалитетно свое... Критички и одмерени вести единствено, се друго беше на вистинско место во вистинско време заради прикажувањето на добри странски серии и играни филмови, странски спорт исто така. Ако реално погледне човек ништо не оставија вредно, ништо не продуцираа.
 
Член од
27 декември 2008
Мислења
1.507
Поени од реакции
678

Грешиш дека немаат оставено ништо во нивна продукција ,имаа музички емисии за народна музика со Мистер компани од Гостивар,имаа документарни емисии за доста општини во Македонија колку и да велиме ама го донесоа во Македонија надсинхронизирањето на серии што ти овозможува целосно следење на таа серија или филм а не титлуваниот превод да ти го одзема вниманието сега некој ќе искоментира квалитетот на начинот на тоа како е сторено што и се согласувам дека е ниско или со доста низок квалитет меѓу првите го пренесуваа Македонското првенство во Фудбал организираа натпревар во натпреварувачки песни на која Тоше победи со песната Македонија навива на цел глас или веќе како се вика песната и многу други да не набројувам
 
Се што наброја е преефтино, лесно е да снимаш на село со една камера или народна музика во студио.
Како нешто поскапо имаа мислам еден идол или што и да беше и ништо друго.
Тие беа првите што го почнаа трендот со турското срање на балканот, тотално затупување.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.516
Да не беше А1 а и Сител краток период немаше никогаш Премиер Лига да гледате со македонски коментатор :)

A1 eмитуваше гледани серии како Lost, The Sopranos, Friends, Two and a half men, Nash Brigdes, Desperate Housewives, Grey's Anatomy, 24, Kommissar Rex, The OC, Dirty Sexy Money, Spin City, Mad about you, тинејџерите беа полудени по Млади Бунтовници, ФМ 04, исто така многу луѓе гледаа Дивиот Ангел, Клон, хрватската Забранета Љубов, А1 го почнна трендот на естрадна и шоу бизнис емисија А1 Ексклузив па после почнаа другиве телевизии со Бекстејџ, Екстра Ексклузив и слични други, трендот во Македонија на емитување турски серии со македонска синхронизација, на анимираните серии со македонска сихронизација..

Али да не заборавиме А1 беше во времето кога интернетот не беше како сега толку развиен брз неограничен, оптички со многу услуги како Netflix, HBO GO, Pickbox, торенти и што уште не. Затоа денес и да се врати нема да биде толку јака како некогаш.
 
Последно уредено:
Член од
27 декември 2008
Мислења
1.507
Поени од реакции
678
Се што наброја е преефтино, лесно е да снимаш на село со една камера или народна музика во студио.
Како нешто поскапо имаа мислам еден идол или што и да беше и ништо друго.
Тие беа првите што го почнаа трендот со турското срање на балканот, тотално затупување.
Која национална телевизија го сторија тоа што го стори А1 ?
Идол Милионер и сите други квиз емисии се со купени лиценци ниту една друга телевизија го неаа сторено тоа.Да имаа и Шпански и Турски серии ама имаше и доста други квалитетни серии Пријатели,Ѕвездени стази ,Симсонови ,Изгубени,Бегство од затвор Очајни домаќинки и многу други да не ги набројувам Сител, Канал 5, Телма ,Алфа се далеку зад нив се уште неможат да ги достигнат иако А1 има повеќе од 10 години како не постои
 
Prime

Оптимус
Член од
4 јули 2010
Мислења
6.004
Поени од реакции
7.705
Која национална телевизија го сторија тоа што го стори А1 ?
Идол Милионер и сите други квиз емисии се со купени лиценци ниту една друга телевизија го неаа сторено тоа.Да имаа и Шпански и Турски серии ама имаше и доста други квалитетни серии Пријатели,Ѕвездени стази ,Симсонови ,Изгубени,Бегство од затвор Очајни домаќинки и многу други да не ги набројувам Сител, Канал 5, Телма ,Алфа се далеку зад нив се уште неможат да ги достигнат иако А1 има повеќе од 10 години како не постои
Овие долу набројаните не ги ни сместувам во телевизии, мене ми е муабет дека а1 стана мит и дека ништо посебно не направи. И идолот и милионерот се странски лиценци, се што наброја е туѓо.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.779
Поени од реакции
7.516
Еден на Еден со Жаре почна мислам како продукција од А2/А1 па по селењето на други телевизии Жаре го направи како своја продукција фирма, маркетинг агенција..
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Од кога рикна А1, не ни гледам Македонаки телевизии освен за спорт (ракомет, формула 1 и фудбал).
 
Kajgana Shop

На врв Bottom