Има добри дијалози во тој дел, поготово The Hound и Tyrion.
BTW кажи колку различни се визиите на Dany во House of the Undying. Исто како делот со Arya/Jaqen H'ghar кога се во Harrenhal. Некад ме буни некој дел кога го пречитувам пошто од серијата визуелно полесно се памтат настани. И двете се ремек дела.
Визиите се различни да, ама целта е иста, а тоа е да не подлегне на искушението кое Неумирачите (хаха) и` го нудат. Во серијата беше скратена верзија, ама убаво им беше направено со тронот и Дрого бидејќи тие се работите на кои најмногу не може да одолее. Тоа поглавје го прочитав и по втор пат да видам дали ќе најдам уште некои детали кои претскажуваат идни настани, ама Џорџ намерно оставил повеќето работи да се нејасни. Вратата со Роб ептен ме изненади, да не кажам ме наежи.
Делот со Харенхол е исто сменет, ама не ми пречи. Малку ми фалеше динамиката помеѓу Арија и Тајвин, ама најверојатно стариот го чуваат за некои идни поглавја.
Се согласувам дека и книгата и серијата се ремек-дела и затоа не ми иде да наоѓам маани и на едното и на другото. Медиумот преку кој допираат до публиката е различен и нормално е да има промени. Џорџ да не посветуваше толку внимание на детали во книгата ќе изгледаше избрзано, а продуцентите ако не кратеа работи серијата ќе беше досадна. Еве на пример, делот во Storm's End беше ептен добар, описите беа одлични, плус и дознавме нешто повеќе за маѓиите во Вестерос. Сепак, иако овие работи ги нема во серијата, кога ја гледаш втора сезона не се ни приметува дека нешто фали.
Адаптацијата им е феноменална, пред се` поради тоа што во серијата доаѓаат до израз ликови кои не се ништо посебно во книгата. Роб, Тајвин, Варис, Литлфингер, и особено Серсеј немаат свое поглавје и затоа не можеме да ги запознаеме добро. Барем сега за сега, во иднина (за мене си зборувам) може Џорџ ќе им даде простор да си кажат што сакаат, како што на Теон му даде во втората книга. Од друга страна пак, внатрешните монолози овозможуваат подобро да се разработат ликовите кои имаат своја POV глава. Еве сега не и` толку замерувам на Дани што постојано го френдзонира Џора, бидејќи во себе неколку пати си кажува работи во стилот на „ќе му дадам се`, само моето срце не“.
Калиси ми е омилен лик и во книгите, иако во ACOK е помалку застапена отколку што беше во втора сезона. На второ место ми е Џон Сноу и ми се чини дека актерот кој го одбрале не може да се носи баш со емотивните сцени во серијата. А може и не е до актерот, туку до тоа што во книгите подобро може да се види внатрешноста на ликот, со оглед на тоа што однадвор не ни покажува којзнае колку емоции. Еден од омилените делови во првата книга ми беше кога Џон бега од Castle Black, клучен дел кога ликот одлучува за приоритетите во животот. Во серијата тој момент ми беше добар, но не одличен. Ликот не ми е ни во првите пет во серијата моментално. Дали е тоа до актерот ќе видиме во иднина кога (претпоставувам) на ликот ќе му претстојат интересни работи.
До сега книгите ги читав бавно намерно колку да не си ја расипам серијата. После втората, ќе треба да се воздржам да не подлегнам на искушението наречено A Storm of Swords, барем пред да започне четвртата сезона.