Body Electric
Del Rey
- Член од
- 15 јуни 2011
- Мислења
- 222
- Поени од реакции
- 334
Во последно време има голема заинтересираност за серијалот „Песна од лед и оган“ (A Song of Ice and Fire) поради хит серијата „Игра на тронови“ (Game of Thrones) која почна да се прикажува на HBO на 17 април оваа година. „Игра на тронови“ воедно е и насловот на првиот дел од планираната хепталогија, од која досега има излезено четири книги, а петтата е планирана за објавување на 12 јули оваа година. За сите оние што не знаат, случувањата во книгата и во серијата се сместени во фантастична средновековна земја, каде што неколку куќи семејства се натпреваруваат за превласт на тронот, играјќи игра во која или победуваш или умираш.
Мене ме интересира дали има обожаватели на „Игра на тронови“ во Македонија? Колку се? Зошто им се допаѓа? Ја прочитав првата книга и морам да признаам дека одамна не бев читал нешто толку добро, а сега при првото слободно време ќе започнам да ја читам втората, „Судир на кралеви“ (A Clash of Kings).
П.С. Има фан страница за серијалот на facebook, па кој сака слободно нека се придружи