A Song of Ice and Fire

Член од
5 април 2012
Мислења
20
Поени од реакции
0
Ги земав ќе ги читам. Од серијата се воодушевив.
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Јака оваа посетата на Дани во House of the Undying.

Интересно, во куќата и` се претскажува смртта на Роб и ослободувањето на робовите во Јункаи. Исто читателите дознаваат кои му биле последните зборови на Регар. Сигурно има и други визии кои асоцираат на претходни или идни настани.

Друга интересна работа е што ова покажува дека на Џорџ однапред му е испланирана траекторијата на ликовите. Барем поглавните делови.

Coming up: The Battle of the Blackwater.
 

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.118
Поени од реакции
9.068
Coming up: The Battle of the Blackwater.
Има добри дијалози во тој дел, поготово The Hound и Tyrion.

BTW кажи колку различни се визиите на Dany во House of the Undying. Исто како делот со Arya/Jaqen H'ghar кога се во Harrenhal. Некад ме буни некој дел кога го пречитувам пошто од серијата визуелно полесно се памтат настани. И двете се ремек дела. :D
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Има добри дијалози во тој дел, поготово The Hound и Tyrion.

BTW кажи колку различни се визиите на Dany во House of the Undying. Исто како делот со Arya/Jaqen H'ghar кога се во Harrenhal. Некад ме буни некој дел кога го пречитувам пошто од серијата визуелно полесно се памтат настани. И двете се ремек дела. :D
Визиите се различни да, ама целта е иста, а тоа е да не подлегне на искушението кое Неумирачите (хаха) и` го нудат. Во серијата беше скратена верзија, ама убаво им беше направено со тронот и Дрого бидејќи тие се работите на кои најмногу не може да одолее. Тоа поглавје го прочитав и по втор пат да видам дали ќе најдам уште некои детали кои претскажуваат идни настани, ама Џорџ намерно оставил повеќето работи да се нејасни. Вратата со Роб ептен ме изненади, да не кажам ме наежи.

Делот со Харенхол е исто сменет, ама не ми пречи. Малку ми фалеше динамиката помеѓу Арија и Тајвин, ама најверојатно стариот го чуваат за некои идни поглавја.

Се согласувам дека и книгата и серијата се ремек-дела и затоа не ми иде да наоѓам маани и на едното и на другото. Медиумот преку кој допираат до публиката е различен и нормално е да има промени. Џорџ да не посветуваше толку внимание на детали во книгата ќе изгледаше избрзано, а продуцентите ако не кратеа работи серијата ќе беше досадна. Еве на пример, делот во Storm's End беше ептен добар, описите беа одлични, плус и дознавме нешто повеќе за маѓиите во Вестерос. Сепак, иако овие работи ги нема во серијата, кога ја гледаш втора сезона не се ни приметува дека нешто фали.

Адаптацијата им е феноменална, пред се` поради тоа што во серијата доаѓаат до израз ликови кои не се ништо посебно во книгата. Роб, Тајвин, Варис, Литлфингер, и особено Серсеј немаат свое поглавје и затоа не можеме да ги запознаеме добро. Барем сега за сега, во иднина (за мене си зборувам) може Џорџ ќе им даде простор да си кажат што сакаат, како што на Теон му даде во втората книга. Од друга страна пак, внатрешните монолози овозможуваат подобро да се разработат ликовите кои имаат своја POV глава. Еве сега не и` толку замерувам на Дани што постојано го френдзонира Џора, бидејќи во себе неколку пати си кажува работи во стилот на „ќе му дадам се`, само моето срце не“. :)

Калиси ми е омилен лик и во книгите, иако во ACOK е помалку застапена отколку што беше во втора сезона. На второ место ми е Џон Сноу и ми се чини дека актерот кој го одбрале не може да се носи баш со емотивните сцени во серијата. А може и не е до актерот, туку до тоа што во книгите подобро може да се види внатрешноста на ликот, со оглед на тоа што однадвор не ни покажува којзнае колку емоции. Еден од омилените делови во првата книга ми беше кога Џон бега од Castle Black, клучен дел кога ликот одлучува за приоритетите во животот. Во серијата тој момент ми беше добар, но не одличен. Ликот не ми е ни во првите пет во серијата моментално. Дали е тоа до актерот ќе видиме во иднина кога (претпоставувам) на ликот ќе му претстојат интересни работи.

До сега книгите ги читав бавно намерно колку да не си ја расипам серијата. После втората, ќе треба да се воздржам да не подлегнам на искушението наречено A Storm of Swords, барем пред да започне четвртата сезона.
 

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.118
Поени од реакции
9.068
До сега книгите ги читав бавно намерно колку да не си ја расипам серијата. После втората, ќе треба да се воздржам да не подлегнам на искушението наречено A Storm of Swords, барем пред да започне четвртата сезона.
Баш тоа е тоа што Jon Snow го прави досаден лик во шоуто за гледачите. Тешко се доловуваат неговите внатрешни дилеми и чувства кои полесно се пренесуваат преку текст. Во книгата од негов агол гледаш за сите потези и можеш полесно да го разбереш ликот. Истото е и со другите ликови кои се "несфатени" но понатаму GRRM има посветено глави за повеќето од главните играчи. Уште сум во дилема дали го сакам повеќе Hodor од книгите или серијата, ептен е појава глумецот. :D

Реално тежок е овој серијал за адаптација и мислам дека HBO прави одлична работа со шоуто. Од временски и финансиски аспект неможе да имаме актер за секој коњушар, готвач или војник. Поентата е да се издвои сржта и да се држи кон главната приказна и кога е релеватно за истата зачинување со малку lore и background како во случајот со The Rat Cook (приказната што Bran ја раскажа). Јас искрено не сум book purist. Има девијации од книгите што ми се допаѓаат и што не ми се допаѓаат, но не ми сметаат премногу. Стојам на став дека книгите и шоуто се надополнуваат и го прават целокупното искуство подобро!

Јас би ти препорачал да го довршиш серијалот. Знам дека сакаш настаните да ги гледаш прво во шоуто а книгите да ги користиш како бекграунд но верувај нема воопшто да ти го расипе искуството. Напротив, многу повеќе ќе ја цениш серијата со сите свои детали и дијалози и со нетрпение ќе чекаш да видиш како некој настан ќе се одигра. Но јасно секој различно претпочитува. :)
 
Член од
20 јануари 2009
Мислења
3.159
Поени од реакции
375
Прв пат нарачувам од Амазон. Првите 4 дела ги нудат за $20, + $8 shipping. Со A Dance With Dragons би ме фатило порачувањето $37-8 долари. Појма немам кај нас колку ќе ми соберат, дали царинат и слично... Дали е ок сумава за да ја одобрам нарачката? Ако има некој подобра варијанта, слободно нека сподели :)
Ги порача ли?
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.364
Поени од реакции
84.594
Ја сум од оние кои немаа читано ништо пред серијава.

Коа излезе Фист фор Кроуз, еден другар ме гњавеше, како серијалот бил многу добар, посебен и не како другиве петпарачки писатели на епска фантастика по нарачка.
Ја: - Пфф, Толкин е најбољи, другите се штанцачи.
Он: - Абе овој е нешто сасвим друго, не е дел од морето на безлични меч и магија новели.
Ја: - Како не бе.

И нормално не ни ги ѕирнав.

Доста подоцна, после изгледување на првата сезона, одма ми се упали сијаличката за итност и нечекање на втората, третата и другите сезони. Така дур почна втората, ја ги имав више два пути прочитано книгите. Уште ги читам - отварам на рандом место и читам, а книгите ми се низ цел стан.
 
Член од
20 јануари 2009
Мислења
3.159
Поени од реакции
375
Ги порачав, сега ги чекам. Некаде кон средина на јули би требало да стигнат.
Aj пиши тука кога ќе ти стигнат колку пари ќе те фатат со шипинг,колку време ги чека и тн. Јас сакам овие денови да ги порачам. :)
 

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.118
Поени од реакции
9.068
Ја сум од оние кои немаа читано ништо пред серијава.
Јас пак прв пат го сретнав серијалов дур барав по Амазон нешто слично на Lord of the Rings и имаше многу препораки за The Wheel of Time, Farseer Trilogy, Malazan Book of the Fallen, Discworld и сл. Потоа ги проверив кратко содржините и коментарите за секој серијал посебно и ASOIAF и Malazan серијалите се издвојуваа. И нели како созреваш сакаш нешто посериозно од волшебници и срања и така го одбрав ASOIAF. Првите 4 книги ги стопив за кратко време и после 2 години чекав за A Dance with Dragons (1 година ми беше preorder на Амазон, немаше ни насловна сликица дури :D). Не сакам да знам како им е на тие кои чекале 6 години за Dance лол.

Во меѓу време беше најавена и серијата на HBO што беше јокер во покер. А пак за LotR беше обратен случај, прво ги гледав филмовите и многу ми се допаднаа па ги земав книгите.

Само прашање на време е кога ќе ги продадат правата за филм/серија од Malazan Book of the Fallen, сметаќи дека после Middle-Earth и ASOIAF е трет серијал со многу хардкор фанови. Така да работам на случајот но не сум почнал сеуште да ги читам, набавив 8 од 10, кога ќе го комплетирам серијалот правам маратон. :P
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Aj пиши тука кога ќе ти стигнат колку пари ќе те фатат со шипинг,колку време ги чека и тн. Јас сакам овие денови да ги порачам. :)
Четирите книги сосе шипинг чинат вкупно 28 долари и стигаат за месец дена.
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Според winteriscoming.org, Јанос Слинт, Лиса Арин и Рорџ се враќаат во четврта сезина. Исто и Сер Алисер Торн. Редно време беше, се заборави човекот по Кралскиот пат.

И шо сеа испадна дека и Џон е ворг, а?

Колку беше јака битката кај Блеквотер во книгата, аууу. Иако го знаев исходот, бев ептен напнат до крај.

Ја завршив втората книга и продолжувам со третата. Ме заинтересира да видам што ќе се случи понатаму, па ќе видиме до кај ќе стигнам.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Се` попознатиот бренд, синоним за квалитетна исхрана, наскоро и кај нас!
Прво во Скопје и во Охрид, а ако има интерес, синџир од ресторани ќе се прошири низ цела Македонија!
Ем кошер, ем халал!

Органски, евтино и вкусно!
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.543
Поени од реакции
14.678
slusnav pitite od crni kozi mu de najdobri
 

Kajgana Shop

На врв Bottom