А за Patchface се сложувам, чуден лик и доста мистичен. Сите негови песни навидум изгледаат како тотално рандом и незначајни а уствари се сите претскажувања. Кој е доволно психо нека иде нека ги тумачи. I know, I know, oh, oh, oh!
Кој е бе овој Patchface? Го има во серијава?
--- надополнето: 3 јуни 2013 во 21:19 ---
Сега ми текна што највеќе ми фалеше во вчерашната епизода. Натпреварот во пиење на Greatjon Umber кога ги посрамотува 2-3 Freys и ги онесвестува од пиење за на крај со голи раце да убие се што му е на дофат кога се дешава колежот. По badass лик нема. Штета што тој глумец преферирал друго шоу наместо GoT и најверојатно нема никогаш да го видиме и сигурно неговиот лик ќе се заташка.
Кое друго шоу? Чисто ме интересира
--- надополнето: 3 јуни 2013 во 21:21 ---
Да, мислам дека потполно ќе и ја сменат приказната. Можеби ќе ја остават жива и ќе и ја дадат улогата на Val.
Ама не можат да ја сменат приказната. Или ако ја сменат, ќе направат да проживее уште 2 епизоди појше отколку што е во книгата.
Во серијата нема место за толку настани како во книгата, така да нема да биде логично да си ставаат трн во здрава нога.
На пример со Талиса приказната ја сменија. Ни открија дека е бремена, и ние сите wow, и одма во следната епизода ја убија. Значи да, има забегувања од книгите, ама после две епизоди се се враќа на свое место.
--- надополнето: 3 јуни 2013 во 21:24 ---
Ама и во книгата постоеше таа тензија, дека нешто ќе се случи. Само мислам дека такво е доживувањето првиот пат баш заради тоа дека сме во denial mode. Ја упорно одбивав да поверувам при читање дека уште некој од Starks ќе погине. Ама тоа што Catelyn се грижеше толку дали Robb ќе проба од лебот и солта, па замерката за музичарите, смеењето на Walder, однесувањето на Greywind. Дијалозите исто се неверојатно тензични, едноставно се те тера да очекуваш нешто важно и најверојатно непосакувано да се случи.
Настрана сите foreshadowings што ги има уште во втората книга, кои искрено јас не ги заприметив при првото читање. Треба ептен внимателен да бидеш и да го запазуваш секој детал, што е многу тешко првиот пат, затоа што читаш побрзо за да ја поминеш приказната.
Ама hint-овите се тука.
Мене тоа со лебот и солта не ми беше доволно нагласено ама ај може во идните епизоди ќе биде. Затоа што нели, кога на гостин му нудиш леб и сол, после тоа не смееш да му наштетиш туку само да го заштитиш.
Ама мислам дека и во книгата дури потоа е нагласено тоа.
Сега очекувам следната епизода да ја започнат со Greyrobb или Robbwind, што и да претпочитате. Култен момент за фановите на серијалот, и ептен шокантно ќе изгледа визуелно прикажано. Ќе бидам разочаран ако го нема, со оглед на тоа што прочитав некаде наводна leak information дека ќе го има во серијата.
Леле и јас ја сакам оваа сцена, ама некако многу creepy ми е ко за на телевизија.
--- надополнето: 3 јуни 2013 во 21:26 ---
Само делот кога Roose Bolton го убива Robb можеше да биде многу подобро изведен со "Jaime Lannister sends his regards" од позади, ќе имаше поголем импакт ако му зариеше нож во грб. Во серијата е "The Lannisters sends their regards" ја утнаа најдобрата линија во целата глава со Red Wedding.
Малце и ти ја утна, s-то е вишок.
Не знам што ви претставува толкава разлика од Џејми Ланистер во Ланистери, пораката и последиците се исти у секој случај.
И сериозно оваа линија е најдобра?? "The Lannisters send their regards"?? Де бре, што толку реченицава?