short1 напиша:
Овие ***** може да се надополнат или со Исус или со Мухамед, без разлика.
Не,не може да се надополни си ниедна друга личност,бидејќи ни еден од од овие што ги напомена не тврдел за себе дека е спасител освен Исус.Овиe што ти ги наброја:Мухамед,Буда..сами себе се дискредитираат и ниеден од нив не изјавил за себе дека во нив(или преку нив) е спасението(од грев) или имаат власт да простуваат гревови или нешто слично..
"
Јас сум Патот,Вистината и Животот;никој не доаѓа кај Тактото(Бог)освен преку мене"(Ев.Јован 14:6)
Ова Исус го збори лично за себе.
Сеа ти можеш да кажеш -"
па секој може да каже за себе дека е спасител, и лудак и болесник и било кој..!"
Може.
Но само една личност во човечката историја се квалификува во оваа"категорија".A тоа е баш случај со Исус.
Само Тој давал невообичаени изјави(дека е Бог) и тврдења и само Тој правел невообичаени дела(воскреснувал мртви,оздравувал лепрозни,правел слепи да проглеуваат и сакати да проодуваат,стишувал бури и исполнил бројни пророштва од Ст.завет и на крај и самиот воскреснал.
Има луѓе што прават"чуда"или имаат вакви или онакви "способности",но никој не го направил она што Исус го направил,а успат и да тврди за себе дека е(од)Бог.
Од сиве овие работи најлогично ми е тоа што го цитирав погоре,а кое Он го има изјавено за себе,дека е навистина тоа за кое се прокламира.
Дека е Бог и Спасител.Истовремено.
short1 напиша:
Мое прашање е ова -
Ако тоа е буквално точно, зошто тогаш Господ/Алах дозволува деца да се раѓаат окружени со некоја друга религија? Кај би завршиле Будистите или Индијанците или Ескимите итн? Не би било фер по мое мислење, пример, Будистите да бидат осудени у Пеколот затоа што не ги прифатиле нити Исус нити Мухамед.
Не би било фер доколку овие луѓе никогаш не ни имале прилика да чујат за Евангелието,т.е. за спасението кое Бог им го обезбедил преку Исус,но не е во тоа проблемот;
Убаво е објаснето во Библијата дека Бог јасно се има објавено во природатата(Рим.1:20){во створението значи}и во срцата на луѓето,запечатено како закон,како познавање на она што е исправно а што не(Пропов.3:11)...и нема никаква врска со тоа на која раса,нација,вероисповед припаѓа ниту пак дека тоа варира од култура до култура и традиција итн.
Проблемот е што целата човечка раса е грешна и што го одбиваат(го мразат е правиот збор)она што веќе им е објавено како познавање за Бог(во самите себе и во природата),а наместо тоа,одлучуваат да обожаваат "бог"што сами себе си го стокмиле.Ракотворен или незнам ти каков,некаков субјект од природата,животно или било што...
Значи вистинскиот проблем се јавува уште кај онаа категорија која веќе има разбрано за спасението,но го одбива,и продолжува да живее во одметништво.
А за оние другите...јас лично верувам(а имам и аргументи од Библијата) дека никој нема да заврши таму кај што не треба без ниту една од овие шанси и можности кои ги има секој човек без исклучок во текот на животот.
Затоа што Бог е Бог на милост,правда,љубов и трпение и најдобро го познава своето создание.
short1 напиша:
Тие се едни од ретките луѓе што не се религиозни фанатици какви што наоѓаме измеѓу Христијаните и Муслиманите
Тука зависи што подразбираш под поимот
фанатик или
Христијанин.
Не секој што се декларира себе за Христијанин е стварно следбеник на Христос.А ако малце прочиташ што правел и како се однесувал Христос ќе ти стане јасно.
Понекогаш и пасивноста знае да биде лоша особина.
Посебно кога се работи за многу битни прашања врзани за човечката судбина.А настрана тоа што е лажно...Ова во контекст на Будизмот.