Еве една кратка рецензија за The Edge of Democracy за нас интересен бидејќи е во категоријата каде имаме најголеми шанси за Оскар, а и веќе се имаме соочено на Санденс. Ова е документарец на Петра Коста (Елена, Олмо...) која е испраксирана во овие води. Докуметарецот е доста поинаков од сите долументарци што сум ги гледал, со тоа што се вклучени кадри и снимки од личниот живот на режисерката и нејзиното семејство, се прикажува нејзината растргнатост помеѓу хипи-комуњарските родители кои се бореле против режимот и го дале својот живот, нејзиниот дедо кој директно учествувал во режимот и директно помогнал да се изгради, до нејзиниот чичко кој е пратеник/сенатор во про националистичка партија и претставува нешто против кое таа се бори и најмногу мрази. Бидејќи целиот филм е претставен од разни снимки во период од неколку години, квалитетот не е секогаш најдобар, снимано е со мали преносни камери, телефони и слично, како што дозволувал моментот, доста ми се свиѓа кога се работи со години на некој проект. Значи Петра не крие дека зазема страна, од следењето на партијата ПТ до нејзиниот пат, дали е со снимка кога им упаѓа на вмроњите националистите на протест со црвена маичка да им објасни дека грешно протестираат, при што е изнесена со полиција, до следењето на претседателите Вилма и Лула и моментот на нивниот пад. Се оди во чекори на објаснување на правниот систем на Бразил (кадија те тужи, кадија те суди), и објаснување за затворската казна за Лула од 12 години за мерцедесот луксузниот стан кој тој го посетил само еднаш во 2012та и немало никакви докази дека тој е сопственик или дека некој му го подарил. Се на се интересен филм со кој можат да се повлечат паралели со политичката ситуација во С.Македонија и секој ќе си доживее на различен начин, според својата партиска припадност и кај нас и во Бразил.