92 американски филмски награди (Оскари 2019)

Вашиот фаворит?

  • Вкупно гласачи
    70
  • Гласањето е завршено на .

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
11.312
Поени од реакции
16.815
Нема да освои 1917 за кинематографија, ја ќе освојам.
Буху.
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
37.367
Поени од реакции
72.464
Ова е златната шанса на Холивуд да промовира diversity и да направи филм со Атиџе и Баркхад Абди во кој што ќе глумат разделени брат и сестра од ист татко а различни мајки, па ете некако овој од Сомалија доаѓа во Македонија и ..не знам бе Холивуд, нека ви текне, све ли ја да ви кажувам, имате тука јака приказна, дајте таму у кредитс за Story idea или шо знам, лапајте си оскари

1579052248159.png
 
Beric Dondarrion

Lord of Blackhaven
Член од
14 август 2006
Мислења
28.166
Поени од реакции
33.656
A добро кај се наоѓаат они вака разголени?
Кај Кили на гости?
 
dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
37.367
Поени од реакции
72.464
Honeyland не е сниман по сценарио, па така, не се сценаристи. :D
Знам бе, јадам гомна: D
Автоматски споено мислење:

Ќе каже некој за што се работи во ова Ханиленд?

И немој да речете "мед". :cautious:
The last female bee-hunter in Europe must save the bees and return the natural balance in Honeyland, when a family of nomadic beekeepers invade her land and threaten her livelihood.
:D

За животот на Атиџе и нејзиниот сосед
Автоматски споено мислење:

Бреј каков опис е ова на ИМДб, човек ќе мисли акција нешто..

Атиџе чува пчели, па доаѓаа мафијаши и и се закануваат и сакат да и ги земат пчелите и сето тоа кулмира во Скафејс стил на шутаут кај што негативецот и вика

One way or another I will be taking those bees together with me...

Атиџе вади шатган, го упуцува негативецот и вика

No......I don't think you'll....be
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.577
Поени од реакции
16.210
Ќе каже некој за што се работи во ова Ханиленд?

И немој да речете "мед". :cautious:
Начнува многу теми:
-како да ја зачуваме природата. Таа дава, но не треба да и земеме се.
-конзумеризмот и пропаста кон која води.
-животот и животните одлуки: сопствената среќа или среќата на другите.
-како може алчноста да уништи многу.
и т.н.
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
23.978
Поени од реакции
33.936
Начнува многу теми:
-како да ја зачуваме природата. Таа дава, но не треба да и земеме се.
-конзумеризмот и пропаста кон која води.
-животот и животните одлуки: сопствената среќа или среќата на другите.
-како може алчноста да уништи многу.
и т.н.
Убаво за очи ама досадно, а? :pos:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
7.577
Поени од реакции
16.210
Убаво за очи ама досадно, а? :pos:
Не бе, мене воопшто не ми беше досаден. Многу убава кинематографија има, да. И музика, на Фолтин. Визуелно е навистина преубав. Јас искрено, единствената „замерка“ (во наводници, зашто не ни е нешто лошо) која ја имав по првото гледање на кино беше дека не ми личеше на документарец. На пример, човек да не знае дека е ова документарец, јас се кладам дека може да си помисли дека е игран филм. Што реков, не е ни нешто лошо. Само што јас таков документарец од неколкуте документарци што сум ги гледал, не сум видел.

Инаку, го гледав American Factory и не ми се допадна многу. Мислам, се си е ОК, ама не сфатив целосно каква порака сака да прати. Honeyland е сто пати подобар во тој сегмент, не праќа една, туку неколку пораки, и затоа мислам дека може и да победи.
 
Член од
7 април 2015
Мислења
1.325
Поени од реакции
670

Интересна е премисата како Кинезите отвараат фабрика во Охајо, кога обично е вајс верса. И оние Америте се доста плачипи*ки нејќат да работат за 12$ на саат место 30, и се гледа доста јасно тој јазот меѓу дебелите Амери(тој еден неможеше елечето да си го закопа). Мислам дека оној Кинезот да отворил фабрика кај нас со 600денари на час, македонците би се убиле од работа како коњи со по 12 саати на ден со саботите и неделите, како синдикат какви глупости,протести.
 
Да, јасно. Ама што беше поентата: да ги претстави во негативно светло Американците, демек - ништо не им чини, или Кинезите како робовладатели. Некако амбивалентно беше се тоа, ко да остана недокажано.
 
Поентата се направи на крајот со тоа што нема разлика дали си Кинез или Амер, на крајот ќе останеш без работа од нашите робовладетели Машините и роботите. И многу ми се свиѓа кога вака се снимаат докуметарци во подолг временски период, од безненадежноста на луѓето на почетокот, во Фиромскиот транзициски неизживеан Чеирман на Фујао, до моментот кога фабриката станува профитабилна. Подоцна ќе направам и една анализа на оној Бразилскиот докуметарец, кој мене исто така многу ми седопадна.
 
На врв Bottom