90ти американски филмски награди (Оскари 2017)

Кој е вашиот фаворит? Се надевам не Dunkirk.


  • Вкупно гласачи
    10
  • Гласањето е завршено на .

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.399
Поени од реакции
25.249
Stari rani. Zamisli go pustis u ova vreme Hurt Locker. Ke go raspnat. Ili da mu predlozis nekoj poso mnogu ne go znaat. Im vikas ima 6 oskari, nominiran za 10 glej go...

Ke te raspnat. :D



Da go gledav. I ovaa e mozebi uste edna nepravda od akademijata i godinava. James i Dave zasluzuvaat nekakva nominacija. A ako akademijata funkcionirase po zasluga - definitivno ke dobijaa. Na mnogu eftin nacin me natera filmot da socuvstvuvam and i loved it! Ne znam kako bi im izgledal na nekoj sto go nema gledano The Room, ali mislam deka ne bese potrebna komparacijata na kraj, nie drugite gi znaeme site sceni na pamet. Odlicen film, megutoa mu odzimam pola zvezda radi globusite koa Franco ne mu dava zbor na Tommy, i posle doznavame so sakal samo da kaze... :(

Тоа се должи на обвинувањата што му излегоа баш после глобусите. Мислам дека зеде златен глобус? Така нешто беше и после го избришаа од сите други настани.

Штета, таков приказ на Грег Сестеро и Томи Визу, да им влезеш во кожа и истовремено да не бидеш претенциозен, се гледа дека вложиле труд.

Инаку ќе излезе филм со Томи Визу и Грег Сестеро, ама не режиран од Томи Визу. Се вика Best Friends и ко шо читав го очекуваме наредниов месец.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.913
Поени од реакции
37.071
Стигнавме до крајот и на оваа оскаровска сезона. Поточно, ноќеска ја завршуваме. Па еве, на неполн ден пред да дознаеме кој ќе се закити со златното момче, мала анализа од тоа што јас го имам гледано од номинираните до сега:

11.jpg
Го немам гледано само Phantom Thread. Од другите филмови, преовладува впечатокот дека беше релативно слаба филмска година, затоа што нема еден филм кој се издвојува, кој повеќето не оставил без зборови, за кој се пишувало, и пишувало, и кој се репризирал опсесивно. Ете, како La La Land лани, на пример. И интересно е тоа што веројатно е најнеизвесна трката до сега. Јас би типувал вака:
ЌЕ ОСВОИ: The Shape of Water
БИ САКАЛ ДА ОСВОИ: Call Me By Your Name, или евентуално Three Billboards Outside Ebbing, Missouri или The Shape of Water.

12.jpg
Овде и дел од номинираните не би ги ставил во таа конкуренција. Пишував погоре за лобирањето за Грета Гервиг и Џордан Пил да бидат номинирани, па затоа тука ги нема Лука Гвадањино, Мартин Мекдона, Дарен Аронофски или Дени Вилнев. Од понудениот избор, резултатот би бил овој:
ЌЕ ОСВОИ: Гиљермо дел Торо, за The Shape of Water
БИ САКАЛ ДА ОСВОИ: Гиљермо дел Торо, за The Shape of Water

13.jpg
Тука дури два филма не сум гледал, но речиси сите го знаеме исходот од категоријава:
ЌЕ ОСВОИ: Гери Олдман за Darkest Hour
БИ САКАЛ ДА ОСВОИ: Гери Олдман за Darkest Hour или Тимоти Чаламе за Call Me By Your Name.

14.jpg
Првата моја целосно комплетирана категорија. И тука речиси веднаш се знае исходот:
ЌЕ ОСВОИ: Френсис Мекдорманд за Three Billboards Outside Ebbing Missouri
БИ САКАЛ ДА ОСВОИ: Френсис Мекдорманд за Three Billboards Outside Ebbing Missouri

15.jpg
И за овде пишував дека имаше многу изненадувања, како Пламер, на пример, но откако го гледав филмот, мислам дека и не е така незаслужено. И за Вуди би се согласил дека не му беше местото тука, а извисија многу добри актерски игри. Но веќе е доцна за тоа, од понудениот избор:
ЌЕ ОСВОИ: Сем Роквел за Three Billboards Outside Ebbing Missouri
БИ САКАЛ ДА ОСВОИ: Сем Роквел за Three Billboards Outside Ebbing Missouri

16.jpg
Пак еден филм неизгледан. Од останатите:
ЌЕ ОСВОИ: Алисон Џејни за I, Tonya
БИ САКАЛ ДА ОСВОИ: Алисон Џејни за I, Tonya или Мери Џеј Блајџ за Mudbound

17.jpg
Имаше убави анимирани филмови годинава. Не стигнав да го изгледам Loving Vincent, но сите останати, со исклучок за нијанса послабиот Ferdinand, беа одлични, и кој и да земе Оскар, нема да ми биде криво. Coco е чекор пред сите, веројатно, но кај него мене ми сметаше (не)оригиналноста, зашто филмот е скоро па римејк на The Book of Life од пред некоја година. The Breadwinner од друга страна - преубав, исто, прекрасна приказна, многу емотивен, интересна анимација, но начинот на кој е претставен не може а да не потсети на Song of the Sea, исто од пред некоја година, само сетингот од Ирска е пренесен на Блискиот Исток. The Boss Baby, од друга страна, иако е толку малку ценет и на форумов, и меѓу критиката, мене ми направи најголем мерак од сите, и годинава е за нијанса пред другите мојот фаворит.
ЌЕ ОСВОИ: Coco
БИ САКАЛ ДА ОСВОИ: The Boss Baby, или евентуално Coco или The Breadwinner

18.jpg
ЌЕ ОСВОИ: A Fantastic Woman
БИ САКАЛ ДА ОСВОИ: Loveless или On Body and Soul

19.jpg
Е тука не знам што да кажам, годинава не изгледав ништо. Според муабетите по сајтовите кои предвидуваат, најверојатно
ЌЕ ОСВОИ: Faces Places
БИ САКАЛ ДА ОСВОИ: /

20.jpg
Тука јас би играл со сосема други песни. Моите фаворити ги нема меѓу номинираните, но од понудениот избор:
ЌЕ ОСВОИ: Remember Me од Coco
БИ САКАЛ ДА ОСВОИ: Mystery of Love од Call Me By Your Name

21.jpg
И тука го нема Blade Runner. Веројатно за да не бидат два филма од ист композитор, но и тоа се случувало во минатото, и тоа баш со Alexandre Desplat, па зошто да не.
ЌЕ ОСВОИ: Alexandre Desplat за The Shape of Water
БИ САКАЛ ДА ОСВОИ: Alexandre Desplat за The Shape of Water - МАГИЧНО!

22.jpg 23.jpg
Двете категории заедно, јас и не правам некоја разлика меѓу нив.
ЌЕ ОСВОИ: Baby Driver X2
БИ САКАЛ ДА ОСВОИ: Baby Driver X2

24.jpg
ЌЕ ОСВОИ: The Shape of Water
БИ САКАЛ ДА ОСВОИ: Blade Runner 2049

25.jpg
ЌЕ ОСВОИ: Blade Runner 2049
БИ САКАЛ ДА ОСВОИ: Blade Runner 2049

26.jpg
ЌЕ ОСВОИ: Darkest Hour
БИ САКАЛ ДА ОСВОИ: Darkest Hour, се друго би било кражба!

27.jpg
ЌЕ ОСВОИ: Phantom Thread
БИ САКАЛ ДА ОСВОИ: The Shape of Water

Screenshot_9.jpg
ЌЕ ОСВОИ: Dunkirk
БИ САКАЛ ДА ОСВОИ: Baby Driver

Screenshot_11.jpg
ЌЕ ОСВОИ: Blade Runner 2049
БИ САКАЛ ДА ОСВОИ: War for the Planet of the Apes

Screenshot_12.jpg
ЌЕ ОСВОИ: Dear Basketball, недај Боже
БИ САКАЛ ДА ОСВОИ: / (само 2 изгледани)

За останатите 2 категории, краток игран и краток документарен филм, не знам ништо, затоа ќе ги изоставам.
 
Член од
21 јануари 2018
Мислења
34
Поени од реакции
34
7 од 9 изгледани

Call Me By Your Name ★★★★½
Darkest Hour /
Dunkirk
★★★★½
Get Out ★★★
Lady Bird ★★★★½
The Post /
Phantom Thread ★★★★
The Shape of Water ★★★★
Three Billboards Outside Ebbing, Missouri ★★★★½
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.653
Поени од реакции
34.082
Jas mislam deka posle najdobar score ke si legnam.
Za mene tamu e bitkata na velikanite.

Shape of Water ima haunting muzika do jaja, so nekoja francuska zicka, u combo so atmosferata - partali.
Phantom Thread go ima Radioheads Johnny Greenwood, strasno, mozebi subjektivno ali sakam da zeme, partali takodze!
Dunkirk so Hanz Zimmer, mada potfrli ovojpat spored mene, nisto zapamtlivo, ama sepak neosporliv kvalitet.
Star Wars najverojatno klasika
I duri Billboards ima dobar, grande juve ja stavi muzikata u temata za muziki, i iako niz filmot ne ja zabelezav, vaka na samo zvuci dobro.

Tesno e i kaj zenska glavna, osven Meryl Streep. Izgleda po default ja nominiraat, gledaat na imdb kaj ja ima i ja pisaat.
Margot Robbie razvali ko Tonya, mene ona mi e favorit, ama ne e nepravda i Francis da zeme.
Saoirse odlicna, neka zbira nominacii, neka drzi ime, ke ja bide.
Taa od Shape of Water nejkam da zeme, iako bese dobra, celovkupno mi skrsi ona filmot. Ima sansi i ona ipak.

Kaj reziser mislam deka ke mu dodelat na Del Toro, onaka, zemi vise ednas.
Vtoro mesto vlece Nolan, jas nema da se bunam za sto i da zeme Dunkirk osven za najdobar film.
Sve bi prifatil samo toa ne. Najgolema nepravda ke bide.
Od druga strana imame dvajca novi gusteri i premnogu ke mi e milo da zeme ili Greta ili Jordan.
Vecer izgleda ke go gledam Phantom Thread pa ne znam za Anderson sto kako.

Drugo ne mi e interesno mnogu. Ne bi e bitno koj ke zeme za film.
Nitu za glavna maska, nitu sporednite. Animirani ne iskocija dobri godinava ali favoritot e Coco. Mene mie prosek.
Sakam Blade Runner da zema za tehnickite stvari.

I toa e toa. Aj mozda ke ima kvalitetni fustani godinava. :D
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.913
Поени од реакции
37.071
Kaj reziser mislam deka ke mu dodelat na Del Toro, onaka, zemi vise ednas
Мислам дека никогаш не ни бил номиниран. Прва му е оваа.

Finally некој рече! И мене. Не оти нешто ептен не го биваше, ама оригиналност бе? 0!

Sakam Blade Runner da zema za tehnickite stvari.
И јас! Се гледа погоре, до душа.[DOUBLEPOST=1520194442][/DOUBLEPOST]Не знам зошто веќе не можам да гласам во анкетата. Затоа еве тука: мојот глас оди за Call Me By Your Name. А еве и кратка анализа на номинираните за најдобар филм:

9. Lady Bird - досадно филмче, а требаше да биде комедија, somehow. Едноставно, не ми го направи меракот во никаков поглед. Главниот лик ми беше антипатично девојчиште кое мисли дека ако има секс за прв пат, станала возрасна (ОК, познато ми е ова, де, ама не во толку антипатична форма). Се на се, не најдов многу задоволство во филмов, па затоа ми е еден од двата кои не ми го направија меракот.

8. Phantom Thread - да, ова ќе биде може непопуларно мислење откако сите ќе го изгледате, еве гледам дека тие кои веќе го гледале му дале се високи оценки, но едноставно, мене не ми го направи меракот. Настрана фактот што глумата беше добра, кинематографијата, музиката и се искина во филмов, настрана фактот што Пол Томас Андерсон е веројатно еден од десетмината најголеми режисери на денешницата, едноставно, неговите филмови најчесто ми се здодевни и човекот не е my cup of tea. Исто ми беше и со Magnolia. А од друга страна пак, уживав во There Will Be Blood. Тука не. Плотот беше премногу weird за мој вкус, не можев да разберам како може да има љубов и како може на тој начин да ја манифестираат, меѓу главната двојка, плус и немаше никаква хемија. И не можев да ја разберам поентата, на крај. Многу бледо ми помина. А да не зборам дека три пати го пуштив, и три пати заспав додека траеше.

7. The Post - ќе кажам само - ова беше за нијанса подобра верзија на Spotlight од Spotlight. Толку.

6. Darkest Hour - одлична глума, одлична шминка, кинематографија, костимографија, техничкии перфектен. И приказната ми се допадна, но ме остави со многу отворени прашања во врка со историската точност на случувањата околу Dunkirk, зашто баѓш во другиот филм добив сосема поинаков впечаток за тоа што и како се случило. Пример: Черчил бил иницијаторот или против тоа да се пуштат цивилните бродови по војската?

5. Dunkirk - еве го и братчето на Darkest Hour. Тука ме изгуби малку нелинеарниот начин на раскажување на приказната и по малку неспецифичноста на ликовите, инаку ОК филмче. Се си беше на место.

4. Get Out - одличен филм, дури и да земе Оскар нема да ми биде мака. Доста иновативна приказна, внесе свежина во хорор жанрот годинава. И Даниел Калуја ми е бонбонче! Негро бонбонче.

3. Three Billboards Outside Ebbing, Missouri - многу пишувавме за филмов. Најмногу ми се допадна заради глумата, зашто сите, до еден, растурија тука. Ми се допадна и црниот хумор, ми се допадна тонот на филмот, убаво беше изрежиран, без оглед што другите ќе кажат за тоа. Еден од најдобрите годинава!

2. The Shape of Water - Бајка! Едноставно: магично! Една од најубавите музики на филм кои сум ги слушнал. Вчера го гледав по втор пат, и впечатокот ми е дури и посилен од првото гледање на Синедејс, пред 99,9% од светот.

1. Call Me By Your Name - ова ми е шлагот на 2017! Вака би требало да изгледаат LGBT филмовите на иднината, да не ствараат одбивност кај мене заради тоа што пренесуваат некаква порака против хомофобијата или сл. Ова беше една класична љубовна драма. И да не беше со геј тематика, пак ќе имав исто чувство, зашто во мене побуди некои убави чувства, врати некоја носталгична нота, ме потсети на детството, и тоа најнмногу поради боите, сетингот, летото... Прекрасен филм. Никогаш нема да ја заборавам сцената на Енио како плаче покрај каминот додека во позадина паѓа снегот. Прекрасен филм, кој што сака нека каже.
 
Последно уредено:

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.399
Поени од реакции
25.249
I, Tonya...

Маргот Роби искина во улогата, не сум видел подобар женски перформанс одамна, не памтам од кога. Да беа оскарите фер ќе требаше само да се појави и да го земе, само толку и тоа е тоа, ама изминатава година беше модерно да се тепаат мажи така што Френсис Мекдорманд го зема таму, штета, огромна штета ќе биде ако е тоа. Секоја чест за Маргот, 10/10 перформанс на годината.
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.757
Поени од реакции
5.032
Боже ме сачувај од Миланка. :гомце:
A и на hrt1 најверојатно ќе имаат коментатор
Шо ти смета Миланка :icon_lol: ,толку многу години стаж налупа као коментатор на оскарите шо чудно ќе ми биде еднаш у годината да не ја слушнам.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.165
Поени од реакции
10.130
Боже ме сачувај од Миланка. :гомце:
A и на hrt1 најверојатно ќе имаат коментатор
Па гледај на NBC, CBC, ABC, некој амерички канал, не смарај тука. Фала богу дека ќе има коментатор кога англискиот не ни е официјален јазик на ниедна од земјиве на Балканот.

Годинава ниеден не ми е гледан освен Коко од анимираниве, а и немам некоја желба да ги гледам. Ги имам симнато Три билборди и Обликот, али видечемо кога и дали ќе ги гледам воопшто. И колку само е се исполитизирано и поебано говори сликава подолу што некој без работа седнал и броел колку зборови изговориле жените во добитниците на Оскар во однос на мажите. И после феминизам, лгбт, црнци, море мрш у пм сите до еден.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom